Совршен партнер не е ист за сите, битно е дека се нашле и дека нивното си функционира, искрени се еден спрема друг и на некој нивен начин си се сакаат и можеби повеќе се ценат еден спрема друг. Разберете љубов нема дефиниција, секој си има свој начин на кој љуби, и ничиј начин не е за осуда ниту пак за фамозното "тоа не е љубов". Повеќе ценам искреност, ако не си моногамен тип на човек, барај си своја половина, пофер е отколу да изневеруваш. Така да кој сака отворен брак, доколку најде партнер со исто мислење, слободно може да си го практикува. Јас не би сакала да бидам во таков брак, едноставно сум моногамна...
Тоа што ти мислиш дека е предрасуда е твоја работа. Ја пак ќе кажам - Некои околности носат ризици кое во друго окружување ги нема.
Не е нејзина работа Ана. Ти имаш предрасуди, односно твојот пост изгледа таков. Не постои повеќе или помалку ризик-постои сакам-не сакам и толку. Ако некој не сака и на сред ред лајт во Амстердам нема да сака, а кога некој сака ќе најде начин. Програмер, доктор, камионџија, механичар, фризер не е важно.
Не те напаѓам туку зборувам на тема отворен брак. Не си виновна за туѓи проблеми во бракот, ниту можеш да ги запреш мажите што изневеруваат, ама во таква врска си соучесник во креирање туѓа несреќа и многу голем проблем. Можеби и поголем од оној што веке го имаат сопружниците. Никој не те доживува за закана, не се уфилмувај дека си фем фатал поради која феминките ке ги држат мажите под клуч за да не налетат на тебе на улица.
Баш супер што сте на иста бранова должина со партнерот и што сте нашле начин да функционирате така како што сакате. Кој што прави во својот живот и како го живее, не е на никој да "оправдува" или "осудува". Само не разбирам зошто си толку defensive кога другите членови дискутираат на темата која впрочем ти си ја отворила, и зошто сметаш дека сите се полни предрасуди, кога прво ти самата имаш предрасуди кон сите кои живеат и мислат спротивно од твоите ставови. И од каде побогу ти е тоа уверување дека конвенционалните бракови се чиста хипокризија? Прво, јас сум во исклучително среќен брак, а познавам и други супер хармонични бракови базирани на целосна доверба, љубов и почит. А тоа дека сите те доживуваат ко закана.... ми е искрено малку смешно Никогаш не би можела да бидеш закана за жените од гореспоменатите бракови Не ме сфаќај погрешно, не ми е целта да напаѓам, само дискутирам. Поздрав
Пак не сте ги прочитале постовите, а коментирате. Нема веза, јас вас ве читав... Навреда дали е или не е, знае тој што е навреден најубаво. 100 стапа на туѓ грб не болат. Муабетотот: настрани, ненормлани, неприродни, изопачени, трули души, нездрави, неприродни, лоши родители (оти еднаш во месецот излегувале без деца), не сте заљубени, што ќе ти е брак, не се почитувате, не се сакате, се изневерувате.... се' е тоа осуда.. али и тоа нема везе, пошто, пак ќе се вадите на: Мислење ми е, не напаѓам 20тина, со кои сум се допишувала (повеќето женети), ме исконтактираа, за да се видиме ... и ова постојано се случува. Не дека сум фам-фатал, туку оти така им се сака. Прашање: што да им кажам?
Zatoa sto se tie mazi pi*ki. Sakaat da imaat doma zena i familija, a da ebavaat drugi zeni na strana. Da sedat na dva stola..Doma se sigurno macinja. (gi imam takvi na rabota pa zatoa kazuvam) Nemaat tri cisti da ja ostavat zenata i na raat da bidat so drugi.
Супер си, продолжи така . Искористи го максимално својот живот, еден е. Во однос на тоа зошто им се сака или зошто баш тебе те одбираат, прашај ги нив лично, ти е најубаво ќе ти кажат. На крај,, секое мислење,, дали е напишано директно за тебе или е дадено како општо, тебе те навредува. Размисли околу тоа. А самата пиша пред некој пост дека ништо не те вреѓа. Мислам дека и пиша си контактирала со психолози, тие ќе ти дадат можеби одговор на твоите прашања..
Општо може да речеш за отворен брак, ама и јас сум во 'општите', бидејќи сум во отворен брак. Али нема везе.. не се разбираме секако... Иначе. Не планирам да се видам со овие, само ме интересира што треба да направам? Дали можам да направам нешто, што ќе ги натера да не ги изневеруваат сопругите? Сериозно прашувам. Имаш некој предлог?
Не знаат што сакаат...Немаат почит ни кон сопствената жена, ни кон жената со која се штом седат на два стола...битно нивните потреби да се задоволени, независно од последиците...не мислат на последиците...своите потреби ги ставаат пред се, дури и пред своите деца.
Зашто ти би влијаела да не ги изневерат сопругите. Зарем не треба да го прави секој од нас она што сака?! И зашто мислиш дека баш ти си таа повикана што ке спречи неверство во туѓ брак? Све што можеш да направиш е да не се плеткаш во туѓи бракови....а како што гледам/читам немаш волја за тоа
Затоа што јас сум крива што изневерувале де... Затоа што јас 'се плеткам' во туѓи бракови, како што и самата кажа
Ја мислев дека се согласивме дека се плеткаш таму кај што не ти е место...а сеа насетувам доза иронија. Не е убаво така
Во што се плеткам? На ни еден од тие со кои сум била, не сум им била ни прва, ни последна, ни единствена... Сите си се сексаат надвор од бракот најмалку деценија. На ништо во нивниот избор не влијаам, ништо не ги терам на сила, ништо повеќе од дискретни средби не им барам... И со сексот со мене, и без него, тие си го прават тоа што си го прават.
Нивните неверства се една работа, твојата инволвираност во тоа е она за што збориме. Меѓутоа ја и ова твое поведение можам да го разберам, ама навистина е невкусно од твоја страна со нивните неверства да го релативизираш своето учество во истите.
Ама конкретно го прават со тебе,бидејќи ти им го допушташ тоа задовоство и на нив и себе си. Eте тебе тоа те задоволува. Независно дали е женет или не тебе ти е мерак си имаш амин од маж ти и тоа е,никому ништо. Јас не те осудувам затоа што споделуваш каков брак имаш. Тоа е твое право да водиш таков брак и твое право да споделиш и се е во граници на нормала да си кажеш и ќе биде во граници на нормала се додека не започне Труман шоу твое(значи Вајд шоу) на тема отворен брак мене ми е ок,но моментот да си истераш по твое со оженет не ми е ок. Just saying.