Факт е дека не секој би можел во ваква врска/брак. Јас не би можела. Сфаќам дека има луѓе кои ете ги пали, и мене ме пали ама на сосема друг, многу негативен начин. Кога би бирала да бидам во отворена врска или во врска во која и двајцата би се изневерувале би одбрала да не бидам воопшто. Баш ми се интересни тие парови особено кога знам дека како суштества сме љубоморни, посесивни.
Ваљда сте слушнале за "нимфоманки" ? Јас познавам колешка на мајка ми.Дома ги носи,маж и знае, а што прават сите тројца нивна работа. А и не е само "тој" еден. Некако премногу сличност овие два поими, или границата е прекратка??
Нимфоманија е болест. Зависност е. Ако си во отворен брак, не значи дека практикуваш често секс. Сигурна сум, дека во просек, имам многу помалку секс од тебе.
Не оставаш таков впечаток. По темиве како 24/7 да мислиш на тоа ако го немаш во моментот, а и се фалиш доста со твоите егзибиции.
Не се фалам, туку опишувам и кажувам искуства. Каков впечаток оставам, зависи кој ме чита... за сите различно. Индивидуална е перцепцијата што ја имаме за другите луѓе и се базира на предрасуди и/или искуства и/или знаења.
WildMk јас многу добро го знам значењето на зборовите кои ги употребувам, но ти научи да ја контролираш агресијата која очигледно ја имаш во секој пост.. И да не мора по сто пати некој да разубедуваш, твој живот не со еден со сто да одиш ама дека има љубов и хармонија во таков open брак нема да поверувам.. За мене ова е мачкање на очи и ми личи како единствен услов да стапиш во брак со дотичниот ти маж било да ги голтнеш неговите превари па на овој начин изиграваш open minded wife а всушност ни најмалку не си среќна!
Абе имаш право на твое мислење, ама не очекувај дека нема да ти реплицирам ако не се согласувам. Секаде каде не се согласувам, реплицирам. Ако не ти се допаѓа, не пишувај. Едноставно е. И јас имам секс со други, не само тој. И не го знаеш значењето на зборовите: не е 'превара', ако не е со превара, туку е отворено и јасно кажано нешто.
Јас сум во затворен брак и таков би сакала да остане. Заедно сме 8 год скорп 3 во брак.. Не сум против ако сопружниците се согласат ама сепак мислам тоа да биде договор пред брак и дс не се заснова на претходно изневерување од било кој од нив за да бидат на чисто од почеток и да нема префрлања.. Не осудувам ама не можам да се замислам во ваква заедница..
Ко ќе подразмислам уште еднаш подобро би ми било во иднина ако ми текне да се мажам да му предложам отворен брак уште на почеток оти знам дека ќе ми здосади како што секој маж ми е досаден, а швалерај зад грб не сакам, масакар ќе извршам зад грб ако дупи...... Ем мирна глава, ќе можам со друг маж (обавезно сингл, никако женети, тоа НЕ) и на викенд да идам и он нека иде со други жени, битно во брак сме, нема развод, си тече животот. Да бе, идејата ми одговара , јас сум типичен стрелец , авантурист во душа и знам дека ќе има моменти кога ќе ми досади, why not, може да се проба овоа чудо, уште маж да најдам за мажење Уште еднаш ќе потенцирам, мразам швалерај, ама оваа опција со отворениот брак би ми одговарала. Ххахах сега очекувам коментари и напади од светиците на форумот кои мислат дека живеат во затворен брак , а зад грб охохоооо уживанција......секоја чест на исклучоци.
Тоа и ти е намерата, да се препукуваш и да биваш напаѓана, за да се осеќаш битно. Убаво ти е кога си цитирана ? Те сконтав ? Те научивме веќе и знам дека никој нема да реплицира на твојот пост, заради намерата со која е пишан.
Еве јас како не мажена ќе те цитирам. Од кај знаеш па ти дали нивните мажи на овие т.н светици ги изневеруваат?Или си била со женети па знаеш дека се такви копилиња а?
Не мора да ги проверувам. Околу мене секој втор е со распаднат брак......ајде ме влечете цело време да се отворам скроз ..... почнувајќи од сестра ми, вујко ми, прва братучетка, комшивката од први , другата комшивка од трети, најдобрата ми моја другарка , од работа колешките буквално секоја втора.... Не ми е логично некој да ми тврди дека биле среќни во брак кога околу мене ги гледам како одат по судови сите со пропаднати бракови. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ , ама секој втор со кој правам муабет е разведен/ разведена. Се гушам буквално во секојдневието слушајки муабети за разводи оти нели опкружувањето околу мене е со такви. Колку и да ме убедуваат , нема да им верувам на светиците на форумот. Останувам на моето мислење. Сва среќа што сум сингл, реков јас во други теми , не верувам во вечна љубов, сите лажат. Си терам кариера, нека има пари, финансиски стабилна, па за љубов здравје, ќе видиме. Куче не ми бега за шетање. Е затоа пак опцијата отворен брак ќе ми одговара.
И двете сте во право. Вистината е дека човекот како и да постапи никогаш не е слободен. Слободата е илузија. Потполната слобода е утопија. Ние сме заробени буквално во сите сегменти на животот. Каде и да одиме постојат правила. Универзумот ни ги диктира тие правила и ние не можиме никако да му се спротивставиме затоа што е премногу моќен и ние сме едно зрнце песок во пустината за него. Прврнствено ние сме заробени на планетата земја и да одиме надвор од неа мораме пак да се вратиме назад, иначе каде би живееле? А потоа следуваат сите останати забрани, правила и закони. Заклучок: никој никогаш не доживеал потполна слобода и ниту ќе доживее. Да, некои се почувствувале како слободни, ама ако погледнеме подобро не е така како што се чувствуваат, туку живеат во илузија, бидејќи се среќни, а ако еден ден тоа истото што ги прави да се чувствуваат среќни престане (едноставно го изживеале и се презаситиле) тогаш ќе престанат и да се чувствуваат слободни. Значи доаѓаме до друг заклучок: слободата е чувство, а не реалност.
Не ти треба маж...терај си кариера...за дете можеш и сама да гледаш, ако си финансиски јака. Битна е во секој случај финансиската страна дури и во брак. Ако знаат дека финансиски си слаба, се и сешто ќе доживуваш оти знаат дека си зависна (не можеш сама). А ако вртиш убава паричка, одма вредна си и способна и по кеф ти одат. Така стојат работите...живееме во материјален свет. АКо си љубоморна по природа и тоа како ќе ти пречи отворен брак.
Ако гледаш од тој аспект... не сме слободни. Овде станува збор, за една конкретна слобода и дали ти е дадена или скратена. А зависи само од двајца луѓе, не од цел универзум
Се надоврзав од аспек на вашето спорење. Според она што го сакаме така и ја дефинираме слободата. Значи за секој слободата нема исто значење оти секој сака различни работи во животот. Во претходниот коментар пишував за апсолутна слобода бидејќи ја покренавте темата за неа, која воедно сметам дека не е достижна.