Желба прво и основно. Потреба е секундарно. Еве, ако ти значи нешто... 13 години, немавме ни еднаш секс со други. А и тие 13 години, бевме во отворен брак. Не знам што би направила, но знам дека би била скршена. Ама за ова да се случи, не мора да си во отворен брак. Сите вакви примери што ги знам, не се 'последица' на отворен брак... напротив... на многу 'затворен'.
Штом не сте имале односи со други, не сте биле во отворен брак тие 13 години,,декларативен отворен брак незначи ништо ако сте биле само со сопругот. Значи од 18 години,уствари само 5 сте во отворен брак? Јас би ги барала причините на друго место,не во нагоните. Се додека е задоволено "животното" во нас ,е мирно,штом одредени задоволства му се ускратени или делумно ускратени,тргнува по друг пат,а по тој пат ке си бара оправдувања. Тоа го бараш несвесно и на темиве... Се извинувам на анализата.
Постојат вакви бракови. За тука не знам, не сум сигурен. Меѓутоа подобро да бидам во отворен брак отколку да шврљам јас или таа на страна, да се гледаме во очи и да се лажеме и црвот да не јаде. Лично би бил во ваков брак. До душа не мора да е брак. Ни јас не верувам дека може некој сексуално да те привлекува 10 или 20 години. Во бракот станува монотоно и досадно. Ама мислам дека за ваква врска поголема е сексуалната привлечност кај партнерот отколку љубовта кон истиот.
Сакав да кажам дека повеќе чувствуваш сексуална привлечност отколку љубов кон партнерот. Повеќе физички те привлекува.
Не се лути,не треба да ме известуваш,за тебе е побитно. за мене ова е само една форумска тема. Затоа и не сакам да пишувам на лични теми.
Врската да ви е поради сексуална привлечност, а не поради взаемна љубов? Ок. Ќе се согласиме да не се согласуваме
Ок. Јас не пишувам повеке на темава бидејки ти ги респектирам ставовите на повеке теми.Односно наоѓам сличности во многу освен во оваа, и не сакам да се почуствуваш навредена. И немој повеке да отвараш лични теми.
Интересно видување Не е така во нашиов случај, ама сепак, интересно.... Има и други како мене, па би било добро, да се пронајдат оние кои се срамат да кажат јавно.
Вајлд јас те разбирам, крај крајова не секој гледа исто на врските и бракот. Чим сопругот знае за сe' што правиш, а и ти за него и немате проблем околу тоа, твој живот е. Ама Околу ова не можам да се согласам. Постојат луѓе спротивно од тебе, кои не може да имаат односи со други ако не се емоционално поврзани со таа личност. Го кажав ова за себе и во другата тема. На пример еве јас сум во врска. Може да ми се допадне некој друг физички, онака на око, да речам дека е убав привлечен, дури и на шега да речам леле ќе го легнам aма тоа не значи дека јас него прва прилика ќе му се качам да го сексам, од главна причина што не го познавам, не го сакам со цело срце со сите доблести и маани, немам цврста доверба во него, не е некој со кој можам да споделам убави и лоши моменти, некој што ќе ме натера од срце да се насмеам како тој што ми е дечко и тој што утре ќе ми биде сопруг, без разлика дали моменталниот дечко или ќе се омажам со друг. И ако таа љубов потрае толку години, можеби навистина ќе бидам цел живот само со еден што не го сметам ниту за подобро ниту полошо од твоето, затоа што е само мој избор. Друго е да раскинеме или во брак да дојде до развод, тогаш секако би продолжила понатаму и би се заљубила во друг. Ама додека сум со него, ќе бидам само со него, или воопшто нема да бидам. Ако посакам да имам односи со друг во буквална смисла и евентуално имам, значи љубовта кон него избледела и во тој случај ќе ставам крај на врската/бракот. Мене ми е многу рано за брак, тек уште минимум 6-7 години нема да се омажам. Ама знаејќи се себеси, која ми е целта понатаму и според тоа како досега сум гледала на работите, не можам и не сакам да бидам во ваков брак или врска. И истото го очекувам од него. Не е дека го заробувам со ова очекување, туку ако може да биде така од негова страна во ред, ако не, воопшто да не сме заедно, секој по свој пат.
Во право си @Tan4ence .. ќе парафразирам: Јас сум таков човек кој не верува во монгамност. Што не значи дека не постои.
Кога го видов насловов помислив за поинаков отворен брак се работи, мислев нешто слично како мојот брак. Како и да е... На децата некој помислил додека се "работи" со друг? Што ако детето дознае? Многу ме интересира ова. И да. Јас не можам ни да погледнам друг додека сум со маж ми, а не па да бидам со друг. Едноставно, не ме интересира. Ако посакам друг, прво расчистувам, па одам понатаму... Ова за мене е многу неприфатливо.
а што да речеме мажот налетува на некоја што му го врти паметот и збеснува по неја , и тебе аутоматски те заборава дека постоиш?
Не е секој за отворен брак....Јас не би можела. И се уште не ми е јасно ако е се така либерте, зошто се склучува брак. За мене бракот подразбира и верност, покрај се друго. Инаку и кај животните има видови кои остануваат само со еден партнер цел живот, ако зборуваме за некој животински нагон вклучувајќи ги и мајмуните (предците наши ), папагалите Ара, пингвините, лебедите и др. Ваљда и тие чувствуваат потреба да се приврзани кон само еден партнер.
тие што личат на гулаби сиви се се викаат гугутки, и стално се заедно секаде цел живот, ако и се случи нешто на едната другата умира за кратко време.