Не ми е јасно што е проблемот? Ако таа е задоволна со него и нема желба за други а тој има, зошто да не прават како им одговара? Ти барем треба да имаш разбирање.
Таа не ни знае дека тој шврља. Е тоа е проблемот. Нека и' каже, па ако и' чини, супер.. нека остане со него.
Абе во реалноста има ехееее отворени бракови, и во старо време имало. Како и да е, како жените, така и мажите изневеруваат во бракот. Кој како си сваќа. Мене ми е побитно мажот да не ме изневерува од практични причини - ќе закачи некоја болест од некоја си танчерка таму, а после и јас ќе си ја добијам. Денешно време - можиш и СИДА да си добиеш ако си ти или тој во Отворен брак или како и да е....Викаш има заштита - ама нема верба во никој. Ќе се запие ќе спие со некоја, мислиш кондом ќе му побараат?? Ум во глата со таков брак, на крајот можите и двата дебело да платите.
Ко ќе му заигра другиот дечко впантолони после 20тина пијачки, оди во вц со неа и толку. Вејк ап женска, сите пијат хормони и гајле му е и за кондом и за се. Не знам колку год имаш, ама пази се. Не можиш комплетно доверба да имаш дури ни во маж ти
Пази слепата верба во еден маж да не ти се наплати скапо. Во маж верба комплетна се нема. И триесет години да си во брак нормален, се нема верба, а не во отворен брак. Барем спрема мене
За ова, ама ич не се мислам. Знам колку е одговорен, кога е здравје во прашање. Иначе.. повеќето од оние што знам дека изневеруваат, знам дека имаат секс без кондом. Затоа што сами ми кажале.
И во жена. Затоа ми се свиѓа бракот на WildMk, од време на време си прават промени, со нивно знаење, значи никако зад грб. Ехееее и јас да најдам маж кој би бил искрен и би ми кажувал и јас би се впуштила во отворен брак. Полесно ќе ми биде кога сум известена дека заминал да ебе друга отколку зад грб да го прави тоа па јас да дознаам од други па да извршам масакар.
Никогаш не би била во отворен брак. За мене ако некој ме изневери значи дека е време да го оставам, а во брак значи време е за развод доколку дојде до таква ситуација. Никогаш не би прешла преку тоа. Читам во претходните страници, биле изневерени во врска, па тоа ги поттикнало да мислат дека сите изневеруваат и да поддржуваат отворени бракови и врски. Еве и јас, баш во првата врска бев изневерена. А не бев 13 години, ни па он 14 годишен за да не знаеме што е правилно. Напротив, бевме таман на години кога веќе знаеш што е правилно и те сметаат за возрасна индивидуа. Кратка врска беше, но да ептен ме погоди, плус прва врска.. На крај како ладен туш ми се сервираше дека одел со многу други у исто време. Колку и да ми беше тешко и мизерно у моментот, не се свртев назад и го оставив, неверство никогаш не би простила. Но, еве уште не мислам дека сите изневеруваат, ниту пак би поддржала неверство и би дозволила да го простам тоа, па колкава сака нека е љубовта. Не дозволив тоа да остави траг на мене, ниту пак да ме разочара, така да сметам дека тоа е само оправдување, ме изневерија претходно, па ете де изневеруваат сите. Да, има такви, но не се сите такви. Не, фала не би можела такво нешто. Како да допрам и бакнам личност што неколку саати пред да се видиме била со друга особа. За мене е несфатливо ова. Но, ете повеќе ги поддржувам отворени бракови кога знаат дека и двајцата одат со други и не кријат отколку швалерисување на страна и криење. Тоа ептен е дно дна. И свака им част како можат со тоа да се справат. Јас ни ден не би издржала да знам дека партнерот и друга ми го допрела.
и каоја е разликата за тебе ако знаеш или не знаеш ,кога он сака или вејке го вотнал во друга ???? демек појке ке го сакам оти ми кажува дека спие со друга.
Нема разлика. Се имам изјаснато дека не верувам во љубов, животот е досаден да живееш сам, а шансите за некој со такви сфаќања да најдам да се согласи на отворен брак уште на почеток се мали но ги има затоа што познавам луѓе тука во околината што си функционираат со отворен брак, затоа и не ме чуди. Еве како гледам јас на тоа: значи се пуштам во отворен брак со него и он е свесен дека ќе живееме во отворен брак и дека ќе се известуваме кога ќе ни се присака секс со друг/а , значи никако зад грб и животот течи понатаму. За деца не размислувам, не си го замислувам животот со деца, битна ми е кариерата , но ете за да не сум сама , едно такво мажуле спремно за авантури супер би ми дошло, таман и маж дома и кариера + куче за шетање бидејќи многу ме исполнува кога поминувам време со кученца, полно срце
Dream girl и покрај лошото искуство, во тебе гневот не прска на сите страни. За почит се твоите ставови... ако си се фиксирала на болката, само пролонгирано страдање би бил резултат.
Нашиот отворен брак, се базира на сексуална преференција и искреност, не поради тоа што постојат неверства. Не возбудува партнерот да има секс со други. А за изневерување, од мое лично искуство, знам дека повеќето изневериле барем еднаш. Им фали искреност на луѓето. Најголем проблем во врските и браковите е неискреноста... Кога базираш врска на лаги, и врската станува лажна.
За да не ми е досадно дома кога ќе се вратам од работа, ете колку да се речи во брак си , па има моменти ќе се разболам, еве го маж да донесе лекови од аптеката и обратно. Најискрен одговор, заради реда, битно се водиме дека сме во брак.
Јас не мислам така, не изневеруваат сите, а не знам јас тоа што сте со други го гледам како неверство. Иако вие не го гледате така. Тоа е разликата веројатно, реков не може секој со вакво нешто да се справи. Ако сака да е со други, не може да биде со мене и тоа е тоа. Зашто не сум му доволна само јас ако е стварно заљубен. Сметам дека брак и врска се темелат на тоа, да немаш потреба воопшто од никој друг, затоа што се наоѓаш во него
Ти имаш потреба од затворена врска, јас од отворена. Не се расправа за сексуални преференции. Некоја сака да голта, јас не сакам, па не мислам дека греши. Нејзина работа.. се додека ужива во тоа. Изневерување значи да изневериш нечија доверба. Може и другарка да те изневери.. да те издаде, да прекрши дадено ветување. Изневерување, е лажење и непочитување на договор. Сексот, сам по себе не е неверство. Неверство станува кога ќе ја изневериш довербата на партнерот: Му ветуваш верност, и не го почитуваш ветувањето.. туку го прекршуваш. Брак и врска се темелат на взаемна љубов, искреност и почит...
Така е срцко, не изневеруваат сите туку СЕКОЈ ВТОР. Убава ти е замислата дека не треба да имаат потреба за друг, но тоа важи за тие што веруваат во љубов, а јас не спаѓам во такви.