Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    Не се тоа предрасуди Вајд ,нит па зборев за вашиот брак.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Romancer

    Romancer Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Машки
    Додека кај повеќе од половина затворени бракови љубовта избледела, страста изгаснала и останале заедно затоа што "така треба да биде". Заради деца, за да има кој да направи ручок и да зачисти/запере по дома. Односот главно им е сведен на релација брат-сестра.

    Има еден интересен филм, whatever works. Доста поучен е за тоа како луѓето во главно гледаат на животот. Ви го препорачувам да го изгледате.
     
    На Dadusicka, SummerGirl, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    За кој ако не? Отворените бракови - рече. Ние сме во отворен брак, апро по, на нас се однесува.
    И се предрасуди. Она што ние го имаме, мнозинството никогаш не може ни да го сонува.. за жал..
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    Општо искажано мислење што е суштината на отворен брак,не те цитирав.
    АКо ние останатите не можеме ни да сонуваме како е да се решаваат недостаток на страсти во бракот и проблеми во туѓи телесни течности,нека биде така.
     
    На oblace1, SV1911, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Општо искажано мислење за отворен брак, по дифолт спаѓа и нашиот, бидејќи е отворен брак.
    Да речеше: Некои отворени бракови - немаше да ти реплицирам... вака, кога ги ставаш сите во ист кош, морам, пошто го пронаоѓам и нашиот.

    Не зборував за 'разменување течности'.... тебе ти одговара да го сведеш на тоа...
    Зборувам за длабочината на емоциите, поддршката почитта и разбирањето кои ги делиме со сопругот...
    Љубов.. ти текнува?
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    @WildMk
    Знаев дека ке се пронајдеш во напишаното затоа што е точно и ке реагираш со објаснување за длабочината на емоциите, поддршката почитта и разбирањето ...............
    Запрашај се зошто:o:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Вајлд, ја окупираше темата. Престани да го сфаќаш секое мислење како личен напад врз твојот отворен брак.
    А и, ако ти е толку убаво во брак немаше да исправаш криви дрини тука, туку со маж ти ќе беше сега и воопшто немаше да се замараш што мислат другите.
    Вака пробуваш на сите да им докажеш нешто, а всушност како на себе да си докажуваш.
    чиллл
     
    На SV1911, buba4e89, sofi2107 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Толку ли ви е тешко да разберете дека постојат личности кои среќата и задоволството ги наоѓаат во отворен брак?

    Цело време се натегате за истата работа, од една страна вие велите дека моногамија е рецептот за среќа, од друга страна Вајлд која ви објаснува дека е среќна во нејзиниот отворен брак. До кога?

    Би ви предложила да си кажете let's agree to disagree и да начнете некоја нова тема.
     
    На theowndemon, Nigredo Odor, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Зарем луѓето во брак немаат време самите за себе, за свои лични интереси и потреби?
     
  10. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Не го кажав тоа. Кажав дека ќе уживаше наместо да докажуваше некому дека е среќна.
     
    На buba4e89, Lianna Anna, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    А како знаеш дека не ужива?
    Кажа дека е среќна со изборот, но исто кажа и дека како во секој брак, така и во нивниот има проблеми.

    Поентата е да се прифати различната замисла на некој друг, за тоа како треба да изгледа еден брак. Тој брак всушност не афектира на другите, освен на сопружниците, така што нема ништо страшно во прифаќање на истиот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    ^ Луѓе не е темата - отворениот брак на Вајлд.
    И ве молам, супер би било да дискутираме, ама нема потреба да го дискутираме конкретно нејзиниот брак, бидејќи има напишано веќе 3000 и повеќе мислења на темата и само се повторува.

    @WildMk немам ништо против тебе и твојот брак, ама нема потреба упорно сите да ги убедуваш како вашиот брак е единствен, полн со љубов и емоции, и колку е нормално што се е....те со други луѓе. Тоа си е ваше право и ваше мислење дека е во ред. Оние кои мислат поинаку од тебе, а ги има во голем број, нема да го сменат мислењето само затоа што ти си напишала дека ви е супер.
    Значи темата не е за тебе и не сфаќај се лично. Сакаме да имаме слобода да коментираме а притоа да не ни го цитираш секое мислење, со изговор дека се однесува на тебе.
    Постојано ги читам истите коментари од тебе, па можеш да ме сфатиш зошто мислам дека е сосема доволно.
     
    На oblace1, Abeja, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.742
    Допаѓања:
    38.509
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека има ваков брак. Јас сум против. Ако за некој тоа е уживање, за мене не би било.
     
    На Abeja, Feminka22, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ќе објаснувам, дури не разберете дека:
    - не сите отворени бракови се вакви -или онакви
    - не за сите отворени бракови важи ова-или она.

    Исто како да речеш: Сите Македонци се со ајкју колку собна температура.
    Сакате така да ви велам? м?

    а, да.. нормално дека јас ќе ја окупирам темата, бидејќи јас сум една и единствена на форумов, која јавно зборува за нејзиниот отворен брак.. иако има и други..
     
    На petelko, Nigredo Odor и Herrera им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ^ Ваљда тие другите си го живеат животот и не им е гајле што некој мисли за нивниот отворен брак.
     
    На SV1911, cresa-jagoda, Tan4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не.. немале храброст да пишуваат на форумов, затоа што ќе бидат осудени и напаѓани.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски

    Кратко и ЈАСНО:!:..сите бракови се приказна за себе, дали биле отворени, затворени или полуотворени, не постојат две исти брачни заедници..и ДОСТА Е !!!!!!!!

    :)
     
    На SummerGirl, Herrera, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па види, форумот е и онака анонимен. Имаат и пострашни работи пишувано од отворен брак. На крај, отворен или затворен, секој со неговиот. Јас сепак би рекла дека не пишуваат затоа што не им треба валидација за тоа како функционира нивниот брак. Си знаат дека е во ред, и тоа е тоа. Секој за себе. Секој обид да го наметнеш твојот начин на живот на некој кој е совршено среќен со неговиот покажува само дека си несигурна во твојот избор. Нешто што сум го рекла многупати :)
    Супер, во отворен брак си, среќна си. Јас сум во моногамни врска и сум среќна. Кој може да каже дека само едниот од нас е во право и дека ти мора веднаш да излезеш од бракот или јас морам веднаш да трчам по некој друг. Секој со својот живот - нешто што некако ти е многу тешко да го разграничиш :)
     
    На SV1911, Abeja, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ти кажувам, што ми кажаа.

    Иначе, никој не терам да биде во отворен брак, освен, оние кои веќе изневеруваат.
    Не измислувај работи што не сум рекла.
     
    Последна измена: 20 септември 2018
  20. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Ја читав темата кога беше уште почеток на дискусијата. Многу мислења ми се повторуваат и затоа не ја дочитав. Ама стекнав впечаток како некои да се премногу со самодоверба дека никогаш не би постапиле вака или така. Ама како што велат никогаш не вели никогаш. Само ме изненадува и довербата што ја имате во партнерот не дека ќе ве изневери туку во смисол кој му се желбите и фантазиите. Мислите ли дека се ви кажува? Ако сакате тестирајте ги кажете им дома дека сакате секс во тројка, дека ќе викнете уште една женска личност за секс ама дека тоа е ваша желба и дека многу сакате. Може многу од вас ќе се изненадат што мажите ќе им ја прифатат идејата. Тоа би значело дека не им пречи да имаат секс и со друга женска личност.А може ќе им се допадне да имаат секс со ваше знаење и полека полека ќе го направите бракот отворен. А бидејќи желбата била ваша и ви ја исполнил после побарајте да имате секс и со друго машко. Е тука повеќето нема да прифатат ама барем ќе видите дека не треба да имате толку многу доверба и да велите дека не сте таков пар што би прифатил секс и со други лица. Ретки се мажите што не сакаат секс само се воздржуваат да не изневерат за да избегнат многу проблеми, а пробајте да им дадете дозвола и ќе видите што ќе се случи.
     
    На Mr. Right, WildMk, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.