Смешно е што ги правиш само машките способни за изневерување и само машките желни за секс. Демек отворениот брак е за да не изневерува машкото? Уште посмешно е што Вајлд ти го лајкнала мислењето, а цело време е поборец на еднаквоста, ама вие си знаете
Ооо таман работа да се само машките способни, жените се уште поспособни. Поентата беше дека мажите можеби би прифатиле односи и со друга иако жената знае ама потешко прифаќаат и жените нивни да имаат секс на страна. Тоа значи сите имаат фантазии и затоа изневеруваат и мажите и жените. Чудно што доста жени одговораат како мојот маж не би ... Еве јас можам да кажам само за себе. Јас сум против отворен брак но за сопругот неможам да тврдам што би направил и дали еден ден нема да му се разбуди фантазијата. И отворениот брак не реков дека е за да не изневеруваат мажите, туку ако веќе решил дека сазка секс со друга барем од него да слушнам а не од оговарања позади грб, тогаш одлуката би била моја дали ќе прифатам или секој по свој пат.
!!!Чет-муабетот со лични навреди и препукувања ви е избришан. Секое следно однесување во истиот правец ќе биде соодветно санкционирано. Благодарам на разбирањето, продолжете со дискусија без навреди едни кон други.
има една болест се вика нимфоманија и зависност од секс, се лечат луѓе од тоа. кога сексот управува со твојот живот,кога ти ги заматува основните морални вредности врз кои е граден овој свет и заради кои сеуште постоиме, тоа не е слобода, тоа е тажна состојба.
што е бе тоа отворен брак? тоа што некои луѓе се опседнати со секс и живеат во некој филм ,доби израз?отворен брак. се слушате ли што зборите? кој го смислил изразов?
Епа драга дани, нели отворениот брак е за да се сексаат на страна, малку им е со мажот, ама после пак му се враќаат на мажот и глумат као ништо да не било и дека они имаат најјака љубов и меѓусебно разбирање. Во тој контекст беше кажано за нимфоманијата, барем јас така разбрав. Не идат со други за да читаат романи или да плетат, везат и сл. Одат со други да се сексаат, незаситни се од сопругот/сопругата, па да пробаат и на страна. Нимфоманки бе Нимфомани?
Ама оние во отворен брак може и многу помалку секс да имаат од оние во класичен брак, а и од нимфоманите. Не за џабе си е башка терминологија.
добро, не се нимфомани, туку двајца напалени индивидуи кои случајно се нашле и решиле да смислат израз и да огрдат нешто убаво и свето како што е брак. Бракот кога го склучуваш се заколнуваш дека нема да имаш други, така да невозможно е да постои нешто како отворен брак. ако партнерот знае дека си го изневерила и се сложил на тоа, не значи дека тоа не е неверство. неверство е спрема самиот себе пред се, зошто си го прекршил сопствениот збор а и зборот даде на Бога (за тие што се венчале во црква). Така да ве молам не смислувајте изрази кои се нелогични.
Не знам, чудна институција ти е тоа ''отворен брак" . Дури тогаш повеќе би ме загрижувало зошто би оделе со други ако веќе не го искористиле како и колку што треба тоа што веќе го имаат. А и зошто би се викал отворен, а да се има малку секс. Од еднаш педер не се стануе. Тука веќе се губи смислата и перверзноста, не ми руши филм сега за оваа институција. За малце никој не ризикува.
Не смислив јас никакви изрази. Тие се познати и достапни на сите за да се информира секој за нивното значење. Како што може нимфоман да е во моногамна врска/брак така и оној во отворен не е нимфоман по автоматизам. За тоа дали е неверство најдобро си знаат оние директно засегнати во таа тројка, они подобро знаат од нас дали се чуствуваат изневерено.
не мислев на тебе, не беше кон тебе упатено туку кон тие што си кажуваат дека се отворен брак. не, вие не сте во никаков брак.
Знам, те сфатив. И јас не сум во отворен брак, чудно ми е сето тоа, несфатливо. Ама еве, нив убаво им било
Без разлика. Јас не би била во брак ако знам дека нема да можам да му бидам верна. Нема поента да се мажам колку да имам маж и деца, а знам дека тоа не ме исполнува.
Дефиниција за отворен брак: Open marriage is a form of non-monogamy in which the partners of a dyadic marriage agree that each may engage in extramarital sexual relationships, without this being regarded by them as infidelity, and consider or establish an open relationship despite the implied monogamy of marriage. There are variant forms of open marriage (such as swinging and polyamory), each with the partners having varying levels of input on their spouse's activities. Спојлер: Груб превод Отворен брак е форма на немоногамија во која партнерите на двојниот брак се согласуваат дека секој може да се вклучи во вонбрачни сексуални односи, без тоа да ги сметаат за неверство и да размислат или да воспостават отворена врска и покрај моногамијата на бракот. Постојат варијанти на отворен брак (како што се swinging и polyamory), каде секој од партнерите има различно ниво на придонес во брачните активности Дури и на википедиа го има како поим
знам дека го има не сум глупава, од револт пишувам како да им се обраќам, знам дека не може македонче да смисли такво нешто и дека не е од сега. ме нервира што го има зборот брак во таква релација помеѓу двајца.