затоа што ,пишав и погоре, бракот е нешто свето, а нема ништо свето во ебење по хотелски соби со некој што не ти е сопруг, и не ми е логично зошто да стои зборот брак во израз што го опишува таквото однесување. мое мислење е тоа, знам дека нема ништо да смени , знам дека тој израз ќе се користи, чисто си кажувам дека е глупост што така се вика.
А што би рекле еве жената или мажот ако не сакаат повеќе секс ама сакаат да се во брак со истиот партнер. Еве некоја жена менопауза ја убива и не сака секс. Мажот до крај на живот да мастурбира? Да се разведат? Или мажот се парализира. Да го остави жената дека немаат веќе секс? А го сака и се грижи за него. Не е боље отворен брак ако сакат заедно да бидат ради деца или уотевер?
значи има вдовици/вдовци што немале повеќе партнери откако им починале саканите. вас бе само сексот ви го диктира животот? би оставила сакан човек ако не може да те задоволи,само за да се сексаш ?
Во форумов гледам многу, МНОГУ луѓе си го присвојуваат зборот "брак" во поќе теми, дал било за брак на гејови или отворен брак, тука. Ако ви е убо дома, оти неќите да остајте да му е убо на некој друг? О.о #прашањакоимемачат
Измислете друго име, ако толку ви смета користење на зборот 'брак'. Нам ни е битно да сме заедно, законски да имаме права како бракот, да имаме деца, да направиме свадба, да се венчаме во црква, да се сакаме дури сме живи п.с. секс имам 2-3 пати во месецот, без разлика дали само со маж ми или плус и со уште еден.
Тоа е тоа,полесно е да се ужива во излети надвор место да се решат проблемите/недостатоците дома. Во секој случај има проблем кој постои,а партнерите или не можат или не сакаат да го решат. Да се самоцитирам. Спојлер
Венчани сме веќе. И подобро е нашето... Од оние кои изневеруваат... Ние си стоиме на ветувањето кое си го дадовме еден на друг и пред државата и Бог... Тие што се лажат и изневеруваат го прекршуваат ветувањето кое го дале еден на друг, пред државата и Бог.
Многу дебати...сепак мојот став е „Против“...Ако веќе има нешто што не чини и ги натерало партнерите да имаат т.н. „отворен брак“...постои решение - развод...Па со среќа на двајцата, кој што сака нека прави, нека тера даље со животот.
Јас пак мислам дека сите ние во суштина сме во отворен брак ако така. Каков е тој затворен брак? Јас не го чувам мм во подрум затворен, а верувам ниедна тука. Ниту сум му забранила нешто, слободен е да праи што сака и како сака. Зарем ако некој маж сака да плесне нешто од страна било која од нас може да го спречи? Или ако било која од нас реши да плесне нешто, некој може да не спречи? Ама дефинитивно ако дојде до тоа, бракот сме го израмниле со нула, па знаеле ние за истото или не. Затворен или отворен или којзнае уште какви ги има... Ма глупости! На крајот се се сведува на ветувањето што сме си го дале едни на други, дека само ние двајца сме си доволни во овој живот, во добро и зло во здравје и болест. Оти тоа е брак... се останато може да е било што.. ама брак... тешко. Не можам да тврдам дека тие луѓе што се во да речам “несекојдневни бракови” не се среќни или нешто им фали.. освен нели друг патлак/патка надвор од домашниот, ама едноставно џабе да се убедуваме, тоа не е концептот на бракот како институција. Оваа ситуација повеќе на фетиш асоцира.
Не сме големи верници. Си имаме наш завет Пишав веќе во темава. Сексуална преференција. Како што за некои е анален секс... пример...
Несоодветен пример. Брачниот завет не исклучува анал ниту остала сексуална поза, ама исклучува нумеро дио патлак.
Јас поминав 3 месеци неподвижна во кревет и уште месец и кусур се учев да одам, како бебе. Не смеев да станувам, да се вртам ниту да бидам во седечка позиција. Е сега некој ќе рече дека 4 месеци не се ништо, ама никој не знае како е да се живее со помислата - Дали некогаш ќе станам од тој проклет кревет. Не се знаеше колку ќе лежам.. Јас не сум во брак, ама живеам кај него. Отворено му реков дека ако има некакви потреби, посреќна ќе бидам ако отиде да си ги задоволи потребите со некоја, отколку да биде несреќен, напнат и нервозен. Наместо тоа, тој беше 24/7 со мене. Сексот не е двигател во животот, ако беше тогаш немаше да има потреба од бракови, доста ќе беа кежуал ебачи.. Како што кажав, не сум во брак. Ниту ми значи нешто таа хартија, а богами ни на него. Да бев во официјален брак, истото ќе му го предложев. Да прифатеше, немаше да се лутам иако веројатно ќе ми беше криво. Но неговата среќа ми е многу поважна од се друго. Несреќен и незадоволен маж ми е само жална слика за гледање. Да сум од другата страна и јас не би отишла со друг. Мојот завет е дека ќе го сакам и почитувам додека сум жива. За да му го дадам тоа ветување не ми треба ни црква ни поп. Ми треба тој и неговиот поглед вперен во моите очи, додека го давам заветот што никогаш нема да го прекршам. Дури и ако по 10год не сум со него (дури и да стапам во брак па се разидеме), тоа не значи дека не го сакам и почитувам. Тој ми даде втор живот. Сакам да кажам, не е потребно да ја потценуваш членката. Немала завет... ти многу знаеш, божем во кревет си им.. Другите дека даваат завети пред 3 или 5 свештеници, мислите верни се до гроб? Има такви, точно е. Но има и такви што легнале уште 100 после заветот. И што? Пред поп е даден дека ќе се сакаат, почитуваат и ќе си бидат верни... како не.. Има членката кажано дека отворениот брак им е заеднички избор, што па вас ви смета тоа еве не знам... Некои луѓе на сексот гледаат како прилика за задоволување на сексуалниот нагон и ништо повеќе. А кон други лица ја "одгледуваат" најчистата љубов што некогаш сте ја виделе. Сексот со друг партнер со знаење на брачниот другар, не е изневерување.
Не. Заветот е она што ќе си ветите еден на друг. Вие двајца сте во тој брак, договорот е помеѓу вас, а другото е само заверка на вашиот договор... Во присуство на двајца сведоци.
@WildMk couldn’t agree more. Небитно дали завет се дава пред поп или насамо, кога завесите ќе се спуштат, заветот секогаш бил меѓу двајца, а не меѓу двајца со фуснота - за плус некое пропратно чат другарче. Која е суштината на заветувањето иначе, ако не е ветувањето дека ќе си припаѓате еден на друг, во сите форми и облици на нашето постоење? Значи му се ветуваш нему и само нему. Оти во ниеден случај во тоа парче хартија, таму нема место за излети со трет, четврт.. итн, итн. Можеби еден ден во иднина ќе има.. ама денеска не. Вајлд, немам апсолутно ништо против тебе. Ти биди си најсреќна на свет, во каков год таканаречен брак сакаш. Ама концептот брак е еден и е меѓу двајца со различен пол, или ист, таму каде е дозволено. И тука нема дискусија. Се надвор од тоа се изговори, оправдувања...
Така е. Пример да ги земеме оние од муслиманска вероисповед кадешто на еден маж му е дозволено да стапи во брак со повеќе од една жена. Замисли пак си функционираат , во брак се, животот си течи понатаму.
Нема клаузула за излети. Како ќе си се договорат партнерите, така. Тоа ту форсејк ол адрс е во црква.. иако и таму е флексибилно, ко на пример таа што не можела да зачне, па му ја дала слугинката на маж и'. Се' е ствар на договор...