Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.749
    Пол:
    Женски
    Бракот значи моногамна заедница.
    Оној што не верува во моногамност не треба ни да влегува во институција наречена брак.
    Тоа се вика лицемерие.
     
    На fateful, Butterfly1107, sinooka.bosonoga и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    183.633
    Пол:
    Женски
    Се е ствар на договор кога се работи за договор, а не за брак. Концептот брак не е флексибилен, оти изрично е утврден и уреден. Таму нема простор за проширување, оти единственото дозволено проширување на истиот е можно само во случај кога се работи за деца.
    Од таму, и излетот надвор од брак, макар и со знаење на партнерот на суд секогаш се користи против “излетникот”.
     
    На cresa-jagoda, Cosmi, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    И сега? Да се разведеме ли? Ќе бидете задоволни така?

    Таман за нецел месец ни е 15 годишнина од бракот.. да побараме развод.. да ве усреќиме :inlove:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    183.633
    Пол:
    Женски
    Сериозно не очекував таков контра аргумент - “да се разведеме за да бидете вие среќни” :)

    Не знам зошто мислиш дека на било која од нас би и сменило нешто во животот ако баш ти се разведеш. :?:
    Ама ако го разбираш концептот на дискусијата исто како што го разбираш концептот за бракот.. се е кажано. :)
     
    На cresa-jagoda, Lianna Anna, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    И во Википедија пишува за отворен брак? :o Јас пак мислев Вајлд го измисли.

    За други светови е, други народи, одважни, маркантни, оригинални и независни личности со поинаков менталитет кои од сексот и врските со други ќе направат уметноС т.е ќе ги искористат за сопствен развој и ќе се доволно цврсти и изградени да не им влијае воопшто на бракот. На наши простори ќе е турско-индиска серија од емотивно нестабилни личности за петминутен секс во некоја соба во сомнителен дел од градот.
     
    На Lianna Anna, TutiFuti, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па може и на Википедија таа да го напишала :rofl:
    Отворена е Википедија, секој може да пишува што сака. И сестра ми ја има на Википедија, оти некој решил дека вреди да се спомне :D
     
    На TutiFuti и Bridget им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Се менуваат концепти и правила, затоа што се напишани од луѓе и зависат од моменталната состојба.
    Хомосексуални бракови не постоеја до пред помалку од половина век, црнците биле ограничени на брак исклучиво со луѓе од нивна раса, до пред 60тина години.

    Од друга страна низ вековите постоеле (и постојат) друг форми на брак, како полигамните, ама обично такви, во кои жената е една од многуте, а мажот еден и единствен.

    Концептот на брак во ваква форма, е измислен од религиозни институции, и е начин на организирање на општеството.. нема ништо исконско, ни свето, ни ништо.. само еден договор...
     
    На CameliaMiller, theowndemon и Dentina им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Не Вајлд, сфати веќе еднаш, во отворена врска си, не си во отворен брак. Арно ти велат лугево:D
    Еј, дечки, поимот врска може да го користи или и тоа е врска без врска??
     
    На CameliaMiller, TutiFuti и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    183.633
    Пол:
    Женски
    Не се смениле концепти повеќе од 2000 години Вајлд.

    Уште пред нашата ера Валентајн скришно венчавал гејови. Викинзите се заљубувале и имале свадбени церемонии. Маите имале исто нешто слично. Дури и слугите кога се заљубувале во нивните надредени, скришно се заветувале.
    Најголем дел од војните во минатото биле поради љубов.
    Нормално, откако постои човекот постои и алчноста па не сите тие имале фина намера. Ама такви имало, има и секогаш ќе има.

    Со создавањето на државата, и создавањето на првите правни системи и законодавства нормално е како и се останато, па и бракот да се институционализира и направи легална заедница. Дај ако не, ниту имот да не легализираме чим така. Баш и бозук.
    Државата и црквата секогаш и од се ќе имаат корист.

    Кај полигамијата, жената е дискриминирана. Е во подредена состојба, импресирана, деградирана и понижена. Полигамија не постои во развиениот свет, само во заостанат.

    Е тука те чекав. Можеби нема за тебе. Ама за мене и за многу други има. Оти човекот до мене е, и оние што јас и него понатака ќе ги создаваме ќе бидат најголемата светост на светот за мене. Никогаш претходно не знаев дека тој лист хартија ќе ми значи толку, ама тој секогаш немо ќе сведочи за сето она што јас и тој го шепкаме на увце ноќе, додека заспиваме и се будиме исклучиво еден покрај друг.



    А спомнав и погоре... изговори и оправдувања...гејови, црнци и полигамии...
    Остана уште да кажеш дека љубовта ја измислиле комуњарите за да ебат без пари. :)
     
    На thelittle17, sinooka.bosonoga, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Реков религиозни институции, не христијанството. Откако постои цивилизација. И пред 6000 години имало религии.

    Светоста е интимна работа, меѓу партнерите и нема врска со формата на бракот, за секого формата на 'светоста' е различна. Затоа во модерниот свет се посветува толку внимание на рамноправноста, слобода на изразување и почитување на индивидуалноста. Дури сега.. во последниов век, човештвото почна активно да се осврнува кон човековите права и инклузијата на маргинализираните заедници и осуда на дискриминацијата како појава.

    Можеме да дебатираме на различни нивоа, но суштината е една: лив енд лет лив.
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    183.633
    Пол:
    Женски
    Секако дека има врска. :) Формата на бракот секогаш била лимитирана и во скоро сите верски заедници. На 2ца. Дали ти твојата интимност ќе ја шириш надвор од таа бројка е твое право. И како што кажа и сама, апсолутно и мое право е да имам и произнесам мислење за истото.

    Само затоа што отстапуваш од легално уредените брачни норми, никој не ти скрати право на лив, ниту ти забрани некој да се искажеш или шоидае.
    Туку моментално и модерниот свет се соочува со глобална хипокризија, оти сите права што се дадени на маргинализираните групи, тие групи почнаа да ги користат против тие што им ги дадоа, претставувајќи се себе си вечна жртва.
     
    Последна измена: 28 септември 2018
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек со последните мислења...
    Како може бракот да биде брак ако е отворен?
    Дали у старт ко сте се венчале,регистрирале итн сте мислеле на отворен брак? Јас мислам дека не, бидејќи во тој случај сигурно нема да бевте во брак туку во некоја си врска.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Имам одговорено веќе.
    Откако сме заедно. Прво беше отворена врска, потоа стана отворен брак.

    Глупаво е да речеш дека маргинализираните заедници користат нешто против некого.
    Не очекував ваква изјава од тебе..
     
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Како се одлучивте на брак поради што?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Прочитај ги минатите коментари.
    Да не се повторувам
     
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    @WildMk почнав да читам од почеток стигнав до кај 5,6стр. Ги читав само твоите мислења.
    Ако сакаш уби ме од убедување јас никогаш нема да мислам дека ти си среќна и ќе те жалам. Полигамноста не го исполнува човек бидејќи нема крај, секогаш бараш нешто повеќе, а тоа нема крај. За мене оваа тема претставува незадоволство во бракот па затоа е отворен. И да, јас попрво би се развела отколку да имам вакво нешто во бракот. Жално, ова личи на ништо, а не на брак. Се палиш на тоа дека маж ти е со друга или тој се пали ко си со друг.... Боже сачувај, одете во порно индустрија ќе ве молам. И не спомнувајте брак.
     
    На sinooka.bosonoga, Veki4kaa, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Знам дека е тешко да се разбере неконвенционалност.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Тогаш задржи ја за себе чим си ја разбрала, не труди се да објасниш нешто што повеќето не можат да го разберат. А ако не можат да разберат тоа не значи дека се будали туку дека тоа што го кажуваш не држи вода.
     
    На thelittle17, cresa-jagoda, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Sofi9

    Sofi9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    фала Богу некој ме разбра
     
    На thelittle17, Veki4kaa, BabyStyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    183.633
    Пол:
    Женски
    Ма дај Вајлд, дури и ти не си веруваш што пиша :) Интересно, како се затепуваш против навреди, а самата ги користиш. Нејсе. Точно, изгенерализирав. Ама не значи дека не е така.
    Еве најпрост пример со муслиманите кај нас. Имаат повеќе права од било кое друго малцинство во светот и тоа не им е доволно.
    Цел живот тие се репресирани и жртви иако скоро па се еднакви со нас и ништо не им фали.

    Така, цело време гледаме создавање заедници кои бараат одредени права. Цело време сме под напад колку сите ние останатите што немаме потреба да се класифицираме со други луѓе сме умислени. Само зошто не ги издигаме сите нив на пиедестал, зошто не им се клањаме, зошто не ги третираме ко височества.
    И за да не ми натураш понатамошни зборови во уста, а убедена сум дека ќе одиш во тој правец, да напоменам само дека добро знаеш кои маргинализирани групи не се дел од тие шаради.
     
    На anaja1, H.VAGA и Abeja им се допаѓа ова.