Да и кажеш на жената , види јас се запознав со една еј колку е згодна само да знаеш ау какви нозе има , па едно газе пто има што да ти кажам ме полуде, цела ден денеска мислам на неја не можам да ја заборавам од памет не ни излегува, и уште се договоривме да се видиме на кафе , ау женичке моја колку сум среќен денеска неможам да ти опишам, каква реакција би имале жените? јас мислам во бардовци под хитно би те испратиле. во брак каде што има искрена љубов и почит еден кон друг тоа е невозможно така да функкционираат, може само во одредени случаеви, да речеме живеат формално не сакаат да се разведуваат поради децата, или поради други причини,ете решиле да живеат заедно али формално спијат во исти кревет а немаат ништо, е во тој случај може кој каде сака да си оди и со кого сака, знаат и едниот и другиот али се прават како да не знаат затоа што никој за никоко ништо не чуствува.
Мене темава ми делува како да ја отворил некој чиче онака чисто да види мислења на жени на форумов, па да проба кај ќе му упеца. Отворен брак бе! Што нема да чујам. Брак на лагер. Се земавме, а и ние не знаеме зошто. Така сите па ај и ние,ама после секој по свој пат, па ако се сретнеме ќе ни текне дека сме во брак. Чича-мича, завршила прича.
Не мислам дека има еден рецепт за успешен брак. Затоа секој си бара компатибилен партнер. Нереално е да очекуваме дека ние луѓето, со сета наша комплексност, ќе функционираме на ист начин, во и надвор од врските. Од кога знам за себе, моногамноста не сум ја доживувала како природен концепт и не сум можела да ја разберам, најозбилно. И тоа од различни причини од Вајлд, никогаш не било чисто животинска потреба, ама сум имала прекрасни искуства до кои дошло во моментот, кои се знаело дека се со многу краток рок на траење и без никаква иднина, еден куп авантури и случки кои кога се вртам назад ми се чинат нерееални, а да сум била во моногамна врска, никогаш немало да се случат, а ќе се сеќавам и ќе ме прават среќна дур сум жива. И нејасен ми бил концептот, зошто да не можам да ги имам и нив, ако воопшто дојде до тоа, и еден партнер со кој се гледам себеси засекогаш и со кој ќе имам деца. Не само што не го сакам тоа за себе, не го сакам тоа ни за партнерот. Не поднесувам ограничувања, имам страшна потреба да се чувствувам слободно и не поднесувам правење на нештата затоа што така треба, без јас лично да гледам причина. Така и со ова, не гледам во туѓи дворови, ако на некој му пасува и го прави среќен моногамноста или нешто трето, so be it. А најважна ми се чини комуникацијата. Не е фер едниот партнер да мисли дека е во моногамна врска, а другиот не.
@WildMk ti Frida Kahlo za forumov si. Ubava tema ama publikata kako rece @baba Rada ili e premnogu mlada ili ima ni 5-6 god. brak za da moze da razvie tema. Jas Ti se Izvinuvam sto nema da ucestvuvam, bas procitav mislenje sto me isfrli od kolosek. Mislam (e blaga forma), veruvam/tvrdam deka voopsto ne si razbrana I nekoj komenti apsolutno odat vo drug pravec. ".Rabotava trazime da otkrieme koj e tvojot moral". Stavi zabrana za vlez ispod 40. Pozdrav I sekoja podrska
Јас не би, сакам само со партнерот, го сакам и не сакам нити да го делам со друга, нити пак верувам дека тој сака и јасно ми го има дадено до знаење тоа. Но ги подржувам тие што сакаат, тоа е нивен живот, ако сметаат дека така може да функционираат во ред, подобро да знаат се еден за друг, отколку да се лажат како што вели и @WildMk. Сепак никогаш не велам никогаш, можеби некогаш понатака би функционирале и ние така, којзнае, секако доколку се согласиме и двајцата на истата работа...
Јас не би можела. Посесивна сум и со стари сфаќања. Разбирам дека со тек на време страста бледи ама моногамна сум, неможам да поднесам сознание дека тој ужива со друга. Па ни тој. А околу себе гледам дека такви работи постојат и не ми е чудно. Не ме интересира туѓ интимен свет,не замерувам,ако така си опстојуваат-нека си тераат. Во своја близина такви парови,жени и мажи НЕСАКАМ. Не се плашам од нив да не ми го земат мажот туку едноставно не сум со исти сфаќања за животот и толку.
Не сум во брак, но имам ептен дооолга врска. Отворена врска (или во иднина отворен брак) ми се на мене незамислив поим. Јас верувам дека човек има љубов само за еден човек (во исто момент). Исто така верувам дека вистинска „платонска“ љубов се доживува еднаш во животот. Како што реков, имам ептен долга врска и сме поминале низ многу периоди на кавги, монотоност, „сушни периоди“ кога беше во друга држава или јас на факс во друг град. Ама никогаш не сум помислила ниту во такви моменти дека за да ми биде убаво јас треба да имам и други партнери. Можеби е тоа бидејќи секогаш целата енергија и љубов ми е насочена кон него и на тоа ако нешто сметам дека не е во ред, како да се поправи (обично се некои навики или сл). Сметам дека моментот кога јас ќе помислам дека треба да имам и некој друг во мојот интимен живот ќе биде моментот кога ќе кренам раце од нас или едноставно ја снема љубовта и страста. Не сакам никој да навредам, но да имаш брачен партнер и да бидеш интимен со други во ист момент - тогаш дефинитивно имаш некоја празнина во душата и не се чувствуваш исполнето од партнерот. Ако на вас на 30 години ви ја нема жарта, па каде се 50 години? Деца ќе имате, ќе пораснат и ќе почнат да сфаќаат. Сигурна сум дека децата самаат хармонија во домот, а не да станат навечер (сонувале нешто страшно), одат до мама да се гушнат, а мама ја нема - отишла со друг маж во друг кревет... Мислам, точно е дека живееме во модерно време, но не сите моди не стремат кон вистинските вредности.
Лично, не се пронаоѓам во ваков брачен живот. Секој има право на свој животен стил и никој не осудувам, ниту оправдувам. Со текот на времето заедничкиот живот преминува во навика, а љубовта повеќе добива димензија на почитување. Но тоа не ја оправдува потребата од интимна блискост со други личности и живеење во отворен брак кој го дефенирам како "изневерување со одобрување". За мене емотивната поврзаност продуцира сексуалност само со еден партнер. А тоа значи посветено работење на функционалност и одржување на бракот. Поинакви сфаќања и убедувања не би можела да прифатам зашто тоа не сум јас.
Ќе зборувам за мене, како и до сега, не за други, бидејќи не знам другите како размислуваат. Во брак сум затоа што го сакам него, животот заедно ни е убав. Не ни фали внимание, не ни фали секс, не сме си здосадени. Не се впуштаме во авантури кога имаме проблем во бракот. Како што веќе напоменав во предходен коментар, сме имале и ние проблеми и кавги. Сексот надвор од брак го практикуваме кога сме во таков 'филм'. Кога сме желни за уште и повеќе и појака сексуална стимулација. Споредба можам да направам со внесување вибратор во сексот со партнерот. Сите се возбудуваме на различни работи, и нормално дека нема сите да бидат како нас. Го напишав ова веќе, ама изгледа, некои не го прочитаа. Децата што ги спомнувате, немаат врска со сексуалниот живот. Исто како што вие не им кажувате или покажувате (скраја да е) на вашите деца, што и како правите во брачниот кревет, така не кажуваме и ние. Сигурно и вие излегувате некогаш без вашите деца, нели @LadyR ? Или секогаш и секаде, откако се родени сте со нив заедно? Мислам.. муабетов е сосема излишен и непотребен.
Едно прашање за тебе @WildMk кое ако не сакаш немораш да го одговориш. Чисто информативно ме интересира, дали би ја советувала твојата ќерка/син да има отворена врска, а во иднина и отворен брак?
Ќерка ми има 12 години и има убаво познавање за сексот. Затоа што, кога ќе чуе нешто од другачињата, или ќе прочита на интеренет, доаѓа и ме прашува за објаснување. Не ја советувам нешто да не прави, освен: Да не почнува со секс прерано, да користи контрацепција, да нема секс ако таа не сака. Толку. Што таа ќе сака и прави во иднина, е нејзина одлука, не моја. Јас сум тука само да и' кажам ризици и предности. Не ја терам ни вака, ни онака.
Концептот на отворен брак го сфаќам како работа на договор воден од стравот да не се остане сам во староста. Да, уживам во животот со партнерот, ми се допаѓа она што го имам со него, како функционираме заедно, ама не секогаш сакам да се плескам со него. Не сакам да го изгубам овој убав живот ниту да останам сам/а на старост, па поарно и двајцата да си легнуваме по некој/а на страна за да сме намирени, ама старост заедно да дочекаме. Јас така го сфаќам ова. Факт е дека сите имаме желби и потреби и нагони, ама знаеме да ги контролираме. Самиот концепт не ми се допаѓа, не би го ни практикувала, иако сум прилично либерална и доста работи искусив и уживав пред бракот. Некако не можам да легнам со друг без оглед на тоа дали мм знае или не, ма еве и да се работи за отворен брак, би било понижување и мајмунисување на партнерот. Би имала грижа на совест колку и да е либерален мм, и би се развела, барем на раат да си го легнам тој што сакам.
Ги исчитав делумно коментарите и не видов дали е поставено едно прашање, ама ако не е, јас сакам да ѝ го поставам на @WildMk Супер е што за ваков начин на живот сте согласни и ти и сопругот, затоа што да бидеме искрени, ова не е секојдневие, барем јас така мислам. Ретко е двете страни да се согласат за ваков отворен брак. Има, ама е ретко. Е сега мене она што ме интересира е дали и другите партнери кои ги наоѓате, се во таков отворен брак, врска или се сингл? Бидејќи мислам не е фер доколку тие тоа го прават тајно и повредуваат некого. Тогаш и вие сте соучесници на некој начин ако знаете за другата страна. Ако не е така, тогаш треба да се совпаднат барем овие две работи: партнер за една ноќ кој е во отворена врска и взаемна привлечност. И така. Ме интересира што со врската на другата страна.
@WildMk спомна дека “пријателите“ ги наоѓаш/те од некоја социјална мрежа,дали ви пречи тоа да е некој колега, сосед, познаник и слично или строго имате граници кај се движите.За сите ние од форумот,добро е да слушнеме некој,кој поинаку размислува од нас,не мора сите во се да се согласуваме,нема потреба од навреди,осудувања.
Немам грижа на совест. Ама тоа сум јас, не вие. Откако сме заедно со сопругот, со тројца сум била, сите женети, ни еден од нив во отворен брак. Не се 'плеткам' со луѓе кои ми се блиски. Не сакам мешање секс со пријателство.