Никогаш не сум размислувала ни како опција да биде, а камо ли да бидам во ваков брак/ врска. Не ми е прифатливо тоа. За мене бракот е светиња и така се однесувам кон тоа, а исто така и мојот партнер. Секако има многу фактори за еден брак да биде успешен љубов, разбирање и сексуална компатибилност. Не ми е потребен тој тип на слобода, доволен ми е партнерот. Иако е клише, но сепак верувам дека со времето и љубовта се зголемува, барем кај мене е така. Една деценија и го сакам апсолутно секој ден повеќе. И има многу начини на кои може да се "зачини" бракот, а не само секс со други луѓе. Не ми е логично да се вратам дома од 1-2 секс партии со друг и да го бакнам маж ми и да легнам покрај него (и обратно од негова страна). Некако ми е прљаво, нелагодно. И да напоменам ова е мој став, гледиште, no offence to anyone
И за нас бракот е битен и е форма на изразување на нашата љубов. Отворен брак, не значи дека ја цениш помалку вашата врска, отколку што се цени во затворен брак.
Ок, моето сфаќање е поинакво. Во мојот мајндсет да апијам со друг маж е изневерување, без разлика дали имам зелено светло од него или не. Баш ја разлистав темата, сакав да прочитам како функционира еден ваков брак. Еве пример, мислам од тебе дека беше напишано дека тебе те возбудува помислата/ знаењето дека маж ти е со друга. Мене лично би ми се згадил како човек. Јас немам ништо против ваков брак, ниту било каков брак, само едноставно од мое лично гледиште пишав.
Не можам да го замислам тоа а не пак да го применувам. Отворен брак за мене е нешто што парнерите одтанале во брак само поради детето/децата а меѓу нив не постои никаква емоција. Не навредувам и не осудувам, секој има различно мислење... мене ова ми е незамисливо да го правам, ниту пак мојот партнер.
Како се менуваат мислењата со текот на времето. Порано бев изречно против, сега мислам дека би можела да прифатам таква идеја но само ако немам некои силни чувства према партнерот, а немам снага да се разведувам или пак, да ми одговара на некој начин да сум во брак. Во секој случај, отворен брак со сите карти на маса е многу подобра варијанта отколку полуотворен во кој само едниот партнер без знаење на другиот, шврља низ град.
И самата кажа дека доколку престанале чувствата шо има врска отворени карти или не? Ако не го сакаш ти е гајле дали знаеш или не знаеш за неговото шврљање.
Па може и да не го сакам, ама ако имам деца со него ќе сакам да знам какви ќе ми носи дома. Секој својот живот го живее.
^А ако имам деца со него, зарем треба и неговите "пријателки" да ми ги носи дома?! Зар би прифатила некоја таква стратегија за брак?
Нема да ти ги носи ако не сакаш. Ќе ги носи ако немаш проблем со тоа. Едноставно е. Не гледам зошто повеќето не можете да прифатите поинаков начин на живот. Да, и јас бев таква и прва ја нападнав Вајлд кога кажа дека е во отворен брак ама секој прави како што нему му одговора. Ако некој носи дома пријатели или пријателки, што ми е мене гајле. Дали некоја ќе прифати таков брак или не, пак не ми е гајле. Што прават другите и како ќе го наречат мојот брак не ме интересира. Не е тешко да се разбере тоа.
Секое посакување на друг маж го кажувам на маж ми и добивам дозвола од него ако сакам да имам односи со него @WildMk Јас вака го гледам отворениот брак
Прашањево како го постави мислиш има разно разни одговори и филзософии па ајде бујрум сите да се вклучиме и наново твојот брак да го расправаме, пошто малку беше досега.
Абе што ќе добивам дозвола на секое, синкир аудиција ќе праиме. Сме се договориле на почетокот. После бендисувам, кажувам и бркам работа Блиску сум @WildMk ? И каква награда добива точниот одговор? Првпат ја отворам темава иначе, ништо немам прочитано ниту препишано
Е даа беее....мојот сексдрајв да се употреби на друга.... No Way! No offence @WildMk ...Инаку имам читано за отворен брак Swingers (поправете ме ако е погрешно) Искрено не би го практикувала.... доволен ми е мм...и да во наредните 50 години би ми бил секси и привлечен, само што можеби тогаш ќе ни требаат помагала, на пр. Вијагра Ако ви е вас убо, терајте така јас немам ништо против