За ,,глумците" кои водат двоен живот под превезот на теадиционалниот брак често читаме за нив во темите за неверства. Може и подобро е да се разговара наново на темата па истите да си наоѓаат партнери на иста фреквенција,а не да глумат општествени вредности додека друг трпи и страда.
Може да свингаат, ама не мора. Само тој (и никој/а друг/а) ќе ти биде секси и привлечен во 50 години?
Има сапиосексуалци, на кои им е битен умот, а не физикусот. Има деди ишјус, па после 50 ќе и биде посекси отколку сега. Сите се различни и дел сакаат монигамија заради различни причини, его, самодоверба, посесивност, удобност, здравје... А некои заради тоа што не ни помислиле на други од што име убаво заедно. Изневерувањето постои и од причина што едниот сака а другиот нејќе отворен брак. Па тој што сака, крие и оди на страна.
Без разлика на што се возбудуваш, во 50 години, само еден човек ќе сретнеш кој те возбудува (партнерот во случајов)?
Нема да дозволам да ме возбуди друг. Никој нема да дојде до тоа ниво да ме возбуди. За да ме возбуди треба да поминувам време со него, а не сакам.
'Нема да дозволиш'? Што ако ти е во непосредна близина? На работно место? Комшија? Пријател? Познаник? /додајпожелба/ Иначе, прашањето ми беше: Дали само еден човек ќе те возбудува во 50 години? Не: Дали ќе направиш нешто во врска со тоа?
Да бе можно е само еден човек да те возбудува со години. Е сега дали 10, дали 20, дали 50, како дал господ Не мора цел живот да си во брак со ист човек, и не се секогаш сексот или возбудата пресудни за траењето на бракот
Не прашав дали тој, еден човек ќе те возбудува 50 години. Прашаав: Дали само тој, еден човек ќе те возбудува 50 години?
Абе види, би сакала да ме истерси и Џејсон Мамоа, или мм да ја плесне ЈЛО АМА тоа е невозможно.... Или има секси колешка, или јас имам секси колега, ама ќе ме привлекува на око, само, за колешката не знам . За да се отворам повеќе треба да ме знае како дишам, како мм на пример. И да, од мм можам да побарам сѐ што сакам и знам дека ќе ме задоволи, и јас него. Ко ќе е постар јас мислам дека ќе ми биде попривлечен, ахахахаахаахаха
Значи има и други кои ни се привлечни. Е сега, одлуката дали ќе направиш нешто во врска со тоа, или не, е моментот во кој треба да одлучиш: Дали ќе си во отворен брак, или ќе бидеш класичен изневерувач.
Што ако ми е блиску? Апсолутно не го гледам ко потенцијален ебач, не ми оди мозокот натаму. Добро утро колега, комшија и си гледам мојата работа. И да, ако не сакам никој да не биде привлечен, нема да ми биде. Оти сите вагаме у главата што ни е побитно. Ние сме решиле дека нема да имаме со други секс у апсолутно не ми е проблем тоа. Гол маж да се шета пред мене, ќе го викам мм да го види, за трачот да го мавнеме заедно. Оти мм не ми е само за у кревет, прво ми е другарче. Имало ситуација од нигде никаде некој да ми се пушти, и прв маж ми дознава. Оти ми е другарче. А тој што ми се пушта не го гледам како некој со кој би можела да легнам туку некој што ме навредил оти мислел дека сум лесна жена, неверна или што мисли дека е подобар од маж ми.
Лелееее... абе не викам: Да направиш нешто. Велам: Да ти е секси некој. Али нема веза. Се вртиме во круг. Се сомневам. Освен ако не дојдеш во контакт со никој надвор од дома, во 50 години.
И што ако ми дојди Момоа ќе го изневерам маж ми? Хаха. Па пред мене на каса ми стоеше симпатијата со години у Веро. Испаничив цела и на мм му се јавив дека пред мене е симпатијата. Вика иди сликај се со него, јас викам срам ми е. Ми идеше каса да сменам. Ама нема да изневерам, оти не сакам. Не се делат луѓето на отворен брак и класичен изневерувач, туку има и луѓе кои знаат базичните нагони да ги смират и контролираат оти маж ти не е базичен нагон. А сексот е. Ко храната и водата.
Нормално е, ама ние како вид знаеме т.е. треба да знаеме што сакаме, и кои ни си границите. Штом јас сум одлучила да се отворам пред мм за моите најлоши и најубави денови и да го поминам животов заедно со него, никогаш апсолутно никогаш никој друг не ми е потребен.
Значи има и други кои те возбудуваат, ама ти си од оние кои одлучуваат да не преземат ништо во врска со тоа. Ја почитувам таквата одлука. Оние кои ќе одлучат да направат нешто во врска со нивната возбуда, се делат на: Луѓе во отворен брак и класични изневерувачи.
На добар пат сум Не бе бејб, сапиосекцуалец сум, од оние што ги спомнува Цка. И се фати за тие 50 години Тешко да бидам во брак со ист човек 50 години, од причини со секс неповрзани Тебе ти е битен секс, мене пример нешто друго, трето
Ни едното ни другото. Не знам што е толку тешко да се разбере. Да, има други луѓе кои во одреден период од животот ќе не привлечат и што со тоа? Бракот и семејството би ми вредел многу повеќе од секс за една вечер. Што има да одлучувам?
Така тргна муабетот, пошто Игрит ги спомна тие 50 години. Бракот и семејството секако ми вредат повеќе од рендом ебачи. Тоа не се менува при одлука да имам секс со друг. Ако не ми беа битни, ќе лажев и ќе криев и ќе изневерував, и со тоа ќе ги ризикував бракот и семејството.
Сопруг е семејство, фамилија. Како што не дозволувам друг да го повреди нема ни јас да го повредам. Затоа воопшто не ни помислувам на друг маж. Можам тој саат со друг, да му го посветам на мојот маж. Не мора да е секс, можам масажа, можам муабет, можам пуканки да му направам и да е среќен. Времето не му го давам на друг. И да ми рече иди слободно, знам дека он е човекот што ги сакам и неговиот ќеиф е над мојот. Оти го сакам повеќе од себе. Место да му скокам на друг, поарно на мојот пуканки ќе му правам. Додуша он има фрее да оди по други, ама не оди. Оти има работа, семејство, жена. Не може да намири се за да најде време некоја да ја врзуе за една вечер. А не вреди никоја да губи саати со неа на сметка на семејството и работата.