Што човек нема да прочита, очигледно некој погрешно го има разбрано значењето на бракот, што преставува брак и зошто две лице би биле во брачна заедница. Или сакате да сте во брак со една личност или не сакате премногу е едноставно. Проблемот е што спрема општеството сакате да сте со бел образ, се преставувате лажно како фамилијарна личност, личност за пример со морални вредности, а вушност позади бракот се крие нешто друго. За жал голем дел од браковите денес функционираат на овој начин и ова веќе се наметнува како нормална појава ,а вушност не е и не може да ме убеди некој дека две индивидуи што се сакаат со одобрување на партнерот би се изневерувале тоа нема никаква логика за мене.
Никаде не прочитав од нејзе совет, ни директно ни индиректно никому не му советува да проба со отворен брак. Таа си го кажува своето мислење, како и сите вие тука. Не прочитав правдање, само објаснување зошто прават така како што прават.... едно е да кажеш мислење, друго е да осудиш. Вие тврдите едно, затоа што така мислите, а таа си кажува како се чувствува - и велите дека не се сакаат со сопругот ако имаат отворен брак, пошто нели вие им знаете како им е дома, и сеа таа треба да ќути? Ај добро. Слабо нешто се разбираме што значи дискусија.
Како точно бракот е тапија за морални вредности? Брак е правна форма на зедничко домување и стекнување имот. Мада не мора ни заедничко домување. Ниеден правник ниту држава не го занима вашиот сексуален живот во бракот (го имате ли, го немате ли, со кого и колку го имате). Барем во номинално демократски држави е така, таму кајшто е теократија може е поинаку. А тие што не се во брак се неморални?
13 год во брак и паднавме на тема свинг, излезе дека целиот концепт изгледа интересно и е обострана сексуална фантазија , ама дискусијата се подзакочува малку во поглед на тоа што по тоа , размислував подолго време и сватив дека иако како фантазија како тригер мене ми е нешто неодоливо интересно и ектра возбудливо , би ми ги променило чуствата што ги имам према мм и веројатно неговите према мене , знае му објаснив и он е на иста страна , отворени сме за нова дискусија во иднина .... не судете и несакам дискусија демек ако сме дошле до оваа фаза дефинитивно некој изневерува или ќе изневрува во иднина , сум пристапила спрема сексуалните аспирации сериозно и како голем дел од бракот бидејки е физиолошка потреба , отворена сум за сите желби и потреби и нивно задоволување..... 90% од темава читам само паметни муабети и осуди и минимална подршка на актуелната тема , ужасен металитет и заостанат социјален развиток така да тука во мк тоа многу многу ретко би финкционирало , потребен е јак карактер од двете страни за да се издржат притисоците капа ти симињам @WildMk
Во нашето општество да, бракот е тапија за морални вредноси, сите многу добро знаат дека е така, па не познавам веќе некој брак да е склучен од љубов помегу две индивидуи, порано може било тајно ама сега е ептен јавно дека партнерите што се во брак си имаат некој и на страна и тоа за тие индивидуи си е сосема нормално.Тука се поставува прашањето зошто две индивиду би биле во брак ако не се посветени на еден партнер, ако сакате да имате богат сексуален живот и да менувате партнери? Бракот не е само една правна дефиниција што си ја напишала туку е многу повеќе од една обична просто проширена реченица.
Во законот за смеејство тука стои дека "брачните другари се должни да си бидат верни" Значи отворен брак може не ги занима, ама ако варам и те како би ги занимало. Одма е основ за развод.
Не збори Немам јас таков папир потпишано. А сите потпишани папири ги чувам Основ за развод е ако сакам да се разведам. Или тој ако сака. Имало нешто, се викало непремостиви несогласувања Нема ваљда држава да ме разведе по сопствено наоѓање, а?
Јас имам Државата нема да те разведена ама партнерот може на основ на тоа да бара и добие развод. Или јас. Тука е и тоа твоето. Неоддржување складни брачни и семејни односи.
мешате баби и жаби , отворен брак е со согласност и во рамките на брачната заедница и брачните другари , изневерување и причина за развод е акт кој се однесува една од причините наведени како незадоволство на еден од брачните партнери за да се раскине брачниот договор ..... не дека бракот е законски уреден за сексуалните одредби и преференции на брачните партнери па има сексуална полиција што иде и врши контрола па го санкционира тоа па ако не е во рамките на моралот државата ќе ги разведува партнерите ...не мешаме правна регулатива во задоволство со меѓусебна согласност и волја ....
Не ми е јасно само, зошто треба да бираш помеѓу изневерување и отворен брак. Не е ни темата насочена кон тоа. Не! Со самиот момент, ако имам чувства или нагони према друг, во душата ќе ме јаде дека повредувам некого. Подобро развод и бркање на свои интереси отколку седење со партнер кој не ме возбудува, пошто зашто.
Кога може држава дома да ти влегуа кога сака како сака да ти проверува колку луѓе имаш во куќата, заш па да не и развод држава кога и како сака.
Точно така и јас не ја разбирам потребата да си во тој така наречен отворен брак. Што е поентава со тоа отворен брак? Се знае или изневеруваш или не. Бракот е заедница помеѓу две индивидуи (многамија), не може да бидеш во брак и да сакаш да си со секој/а што ќе ти застане на патот, бркот не е обврска, туку се склучува по сопствена волја.
Бракот станува депресивен и без возбуда после неколку години брак ! Сексот е секс , се додека емоциалното неверство е крај ! Сметам дека сексот е потреба ,и не значи дека некој ако изневери дека не ја сака женаму или мажот , едноставно сакале за момент возбуда и страст и без емоции Јас не сум изневерила до сега но не сум била во брак
хахаххаха е па ајде ако е тогаш таква работава ( зашто сите во животот имате по некој кој знаете дека изневерува или изневерувал некогаш во бракот ) да почнеме со пријави како комшиите што пријавуваат прослави во двор и собиранки ..... зашто како што гледам уставот постои само за на хартија а социјалните норми си ги поставуваат луѓето ..... бракот е законски склучен и уреден за две индивидуи од спротивен пол , ние не збориме за полигамија и мормонски бракови каде носиме трето лице во брачната заедница , збориме за отворен брак каде едната или двете страни со согласност и знаење и воља на другиот воспоставуваат врски ( сексуални ) надвор од бракот .... со ризик дека ќе пукне работата секако , не се сите скроени за тоа ама колку и да плукате по форумов верувајте , ако е некој спремен психички да помине повеќе би функционирало отколку моменталнава слика на "моногамни" бракови кои после една година пропаѓаат поради реално неверство, не мислите дека ако сме поотворени посоодветно ќе си ги бираме партнерите , процентот на среќни и успешни долгогодишни бракови ќе биде многу поголем ?
Не повредуваш никого доколку сте и двајцата согласни на тоа, повредуваш тогаш кога зад грб му забиваш рогови на партнерот. Отворен брак е ствар на договор на двајцата партнери.
Јас го разбирам тоа што го пишуваш, но не ја разбирам едноставно потребата да бидеш воопшто со некого во брак, за да менуваш партнери. Сеедно би ти било твоите родители да си се гледаат со други чичковци и теткици? Оди на дете објасни му за сексуални нагони, ќе те разбере сигурно. А државава две педи, кога тогаш ќе дознае. Навистина не знам како некој го дефинира бракот. За мене е установа составена од двајца сопружници. Секоја друга девијација не е веќе брак, туку гужва. Јас верувам дека потребата за секс се намалува со годините со ист партнер, ама свесна сум во што влагам. Пред се од здравствен и хигиенски аспект. Едноставно не сакам да замислам мм да биде со други, кои биле со други, кои пак биле со трети. Настрана се останато, тој дел не можам и не сакам да го прифатам. А секоја втора има ХПВ, чести се случаите на гонореја и кламидија. Епа да трчкам по болници за едно минливо задоволство, не благодарам.
Можеш да повредиш или навредиш и ако дадеш таков предлог, затоа некои си ги кријат неверствата. Јас не би останала со партнер ако ми го предложи тоа Според мене е еднакво со неверство, исто се фаќа.