Од 'ебачиве'? Не. Нема шанси да му се тегачам по креветите каде му седат жена му и децата, додека над глава ми висат нивни фотографии по зидовите... Иако имаше еден кој еднаш дома ме однесе Седевме и муабет правевме саат и пол, потоа си отидов. Ни се допревме, ни се бакнавме, ни ништо. Друга работа, не сум останала никогаш цела ноќ. Неколку саати во хотел и толку.
Лол уште осечајна си не можеш каде шти се маткале децата негови и жена му хаха Свесна си колку напалени профили ќе ти пишат од форумов? Добаар дел ти имаат веќе пишано верувам Ваков профил на жена ретко се наоѓа една во милион
Искрено малце си контрадикторна. Го сфаќам ова отворен брак и се тоа ама од друга страна велиш неќам работи зад грб и лажење а истовремено спиеш со женети мажи кои не се во отворен брак. Иако не си директно крива, дел си од "лажењето" дека се верни. Океј е?
Еве и тука да пишам, за да нема вакви прашања, зошто и како: Одбирам мажи од сајтови кои се исклучиво за дејтинг. Ни им ги направив профилите, ни им ги сликав пенисите, ни ги поставив на сајтот. Нивното однесување, мене ми дава алиби. Може не е валидно според вас, ама според мене, е. Проверете по таквите сајтови и ако препознаете некој по фотографија, расчистете со него лично, не со мене.
Не би можела да бидам во таков отворен брак или врска ни во сон не пак во реалност. Едноставно тоа не е за мене и ми е чудно да го делам маж ми или дечко ми со некоја друга, па да се враќа пак кај мене како ништо да не било ни под разно тоа. Не само тој туку ни јас не би можела така.
^^ Егиди Боже . Не ми е до смеа ич,ама на ова се искезив . Добро , стварно од таму некаков си сајт може некој толку да те возбуди , само од сликаниот пенис . И што ако не е ист со тој на сликата и во живо ? Да не пукнеш ме насмеа Вајлди Ти мајтап си играш тука со нас
Нормално дека не. Одбирам по возраст и преференции. И тоа го има во профилите. Потоа, да се и тие од ист град, да не трчаме низ МК. Потоа се допишуваме, ако ми се допадне во муабет... пошто има секакви, можно е да му дадам број и да пиеме кафе. Откако ќе пиеме кафе, ако си се допаднеме, закажуваме наредна средба. Исто како за било кој дејтинг. Затоа од 100тина со кои сум се допишувала, со 10тина сум се запознала, а само со тројца сум имала секс. Има повеќе. Нема да ги цитирам на форумов.
Ајде лепото не не заебавај веќе...па цел ден си на форумов, немаш време ти за авантури надвор од бракот.
^^ богами полни тие сајтовите . Со 100 тина чим си се допишувала Ако може еден ден и на мм да му го видам опрчен на некоја слика ќе се крстам шо ме снашло
Колку и да звучи невозможно, да, постојат парови кои можат да издржат со еден партнер до крајот на животот. И како што доаѓа некое модерно доба на Балканов, таквите парови се се повеќе на некој начин исмевани од страна на овие модерниве што се против моногамија. Дојде време кога си "прост" пред општеството ако "трпиш" само една жена/маж по дома и не уживаш во благодетите на швалерајот. Да не се разбереме погрешно, поддржувам секаков тип на брак, дури и хомосексуален. Ако на некого му е така убаво и ако си пронашол партнер со кого ги споделува истите интереси, која сум па јас да им судам. Отворен брак да, ама да е отворен од двете страни и двајцата да се согласни на такво нешто. Али трагичното кај нас е што во најголем број од случаевите бракот се "отвора" само од едната страна а на другиот партнер му се набиваат рогови. И морам да забележам, барем во моево окружување дека таквото прерано згаснување на страста, желбата за нешто ново, посакувањето на друга личност им се случува најчесто на оние кои рано стапиле во брак или имале претходно ептен долга врска па си здосадиле веќе еден на друг. Што не мора да значи дека е така со сите, можеби некој едноставно е таков авантуристички настроен цел свој живот, и бракот како таков не може да го смени карактерно па одлучува да продолжи да живее слободно. Познавајќи се себеси мислам дека никогаш не би можела да се одлучам на такво нешто. Не е дека сум со некои ретро сфаќања, не осудувам ама себеси би се ограничила од некои работи. Едно што сум премногу емотивна и тешка за било каква поврзаност со машко, а друго што бракот не го земам како зезанција, како нешто што мора ради реда да се деси колку да не си сам или колку да се има дете. За мене е тоа нешто многу повеќе од заедница, некоја нова етапа во животот што би била спремна да ја започнам само ако ја најдам вистинската личност за такво нешто. За крај... ме шокирале и изненадиле парови на кои сум се дивела, кои ми биле дефиниција за брак и врска така да, на крајот на краиштата, се е до психата. Може да се случи на секого да му пукне некоја жичка во главата и да направи такво нешто.
Сите тие иљадници се ЗА ваков отворен брак? Или отворен -затворен , не битно . Важно на нет да се бара нешто да се ебне
Не сваќам зошто да си во отворен брак, како нешто официјализираш? Или сепак стапуваш во "брак" заради предрасудите од др. што ќе речат другите ако јавно имаш отворена врска ? Брак се знае што е, зошто влегуваш во него. Ако е тој /таа вистинскиот човек секогаш ќе имаш привлечност кон него. Таа привлечност многу јасно нема да биде иста на 10 год брак и на 50 год брак. Но, на 50 год брак се очекува др вид на привлечност, доверба, подршка, почит. Лично јас никогаш не би била во отворен брак. Не можам да бидам со некој само за секс а дома маж да ме чека, не па уште деца.... Не потенцирам кон никого со коментаров, можи да звучи малку критички за некој но давам мое мислење.