Не, не е изневерување. Буквално е разликата во суштината. Изневерувањето не ни мора да е физичко. Јас лично не би можела да живеам во отворен брак, но кој сака - you do you. Се' додека никој не е повреден, немам проблем. Лично познавам и свингери, некои не беа во брак па сега се, очигледно постојат луѓе што можат да имаат секс без емоции, која сум да им судам.
Па и за отворен брак, не ти треба физичко присуство. Може сакаш стриминг со мастурбација да правиш. Пишав и останувам децидна на мислењето, разликата е што е одобрено. Договор меѓу двата сопружници да се изневеруваат, а притоа да си бидат предвремено информирани. И сметам дека возбудата на неа да го врши тој чин, има корен поради тоа, затоа што е начин на изневерување. Таа да сакала да води слободен живот, немала да се мажи, затоа што не е интересно. Забранетото јаболко е послатко. Само што ,,либераливе" решиле да присвојат свој термин. Не и судам на неа, го судам чинот. Таа може и gangbang, threesome, swinger party, bukakke, cuckold, voyeurism да практикува и мене тоа ми е во ред, за Неа. Се нашле тенџере и капаче. Ама да беше намерата на темата сите да се воодушевуваме на таков живот, не ни коментирав. За мене не е во ред и не би го практикувала. Од причини што ги наведов неколку пати.
Дали знаете што значи некој да е 'неверен' а што да е 'верен'? Што значи 'најверна другарка'? Лажењето е во основата на неверството. Да ветуваш едно, а да правиш друго. Да изневериш нечија доверба.
Точно верен и неверен се различни поими. Ама како може моето да е исто со твоето?!? Верен во брак значи да си со него и само него. Каква врска има најверна другарка, таа не ти е брачен другар. Сакаш да кажеш дека покрај се, ти си му верна на партнерот, која е таа дефиниција, а ја сум неука што не ја знам. Можеби лојалност и нелојалност е поблизок термин на твоето. Ама горенаведените се апсурд за категоризирање на твојата ситуација. Вие имате одредени сексуални преференци, кои се над секаков стандард за нормален брак. И во ред, сте се одлучиле за таков чекор. Не ме интересира што правите во постела и со колку личности ја делите. Но, да се расфрлаш со термини кои не се карактеристични за вашата состојба не е во ред. Да бидеш верен на некој и да ти биде верен е свет чин.
Абе шо 'свет чин'. Човечка одлука и особина е, не е световна. Бракот е дел од моделот за општествено уредување, нема благе везе со Бог и таквимитиработи. Го прочита текстот што го постираше @Biljarkata ? The origins of marriage
Дечки, едно оф топик прашање. Кога имате или наоѓате време да планирате и бидете со други партнери? Како ускладувате сВе тоа дур сте во работен однос? За овие ствари треба пред се волја и време кои едвај се наоѓаат. Дајте некои tips, онака ко мини водич. Се шалам.
Кои вие? За овие работи реално ти треба план, проверка, потрага. Ти можеш да си ги дозволиш зошто не работиш, другиве гледаат преку викенд да одморат. Немаат време за игрици. Не се лути, ама тоа е реалноста... Човек без вишок слободно време нема можност за вакво нешто.
Па едно е да се има секс со сопругот/сопругата а друго е со некоја трета личност.. Работа, смени, обврски за дома, обврски со деца..
Зависи колку често имаш секс. Не сме ние баш многу активни. Последниве 3-4 месеци, скоро па ич, а години претходно, еднаш на месец имавме секс. Се заебавав со маж ко се гледав со еден пред две години: “За 100% го зголемив квантитетот, од еднаш, на два пати месецот“ Ова сме ние... за почесто, прашајте ги оние кои имаат почесто секс.
Знам, знам. Иначе шала на страна потрагата по паралелен компатибилен партнер за секс е долга. Еден е тешко да најдеш што ќе биде солиден, не па двајца, тројца. Тоа го нарекувам јас виша математика.
Не сте чуле за хоби? Колку време се троши на зјапање во дисплеи, ехее. Некој ќе праи онлајн шопинг, некој ќе бара нешто друго што му треба.