Световна е, во смисол дека е чиста, невина и боженствена одлука. Покрај тоа што сум атеист, верувам во светост на одреден сегмент. Терминот не е поврзан со религија, туку го карактеризира моментот кој го доживувам како таков. А во однос на потеклото на бракот, мислењата, начинот на живот, се менуваат со текот на времето. Еволуирање, свест, совест е она што не разликува од животот на историските племиња.
Види, сите имаме различни поимања за 'светост' и што тоа значи. Ти може имаш такво чувство, ама јас немам. Агностик сум иначе. Едит: Спецификација: Света е нашата врска, ама тоа не мора да ја диктира сексуалната пракса. Јас и тој сме едно. Другите се само некои други.
И јас се чудам како наоѓаат време и оние кои не се во отворен брак, да шараат наоколу.... работат, дома фамилија си сака гледање, кога стигнуваат да се плескаат со швалерите? Или нивниот ден има 48 часа Дека постојано читам оти 90% од мажите и нешто помал процент од жените во брак изневерувале. Како постигнуваат?
Ама тебе не ти се баш јасни некои термини. Светост=сакралност, световност=профаност. Тоа што религијата во извесна историска фаза се вплеткува во бракот, не значи дека го измислува или легализира истиот. Исто како и идејата за љубов, која влегува како компонента во бракот мнооооогу подоцна од религијата. Ако живееш во граѓанско општество, склучуваш граѓански брак. Верскиот брак е по избор, граѓанскиот е предуслов за верскиот, не обратно.
Терминологијата ја превземав за да го опишам доживувањето на поимот верност према брачен партнер. Дека религија има врска со трајноста, поголема љубов и останати бајки кои ги продава, нема. Зошто ти не практикуваш отворен брак? Ако е толку прекрасен и неминовен чин. Замисли за момент, сопругот твој да ги прима секретите од друга личност и после ти дојде да те баци со таа инфективна уста. Морници ме лазат само што го пишувам.
Абе не е за секој отворениот брак, исто како што не е за секој орален секс, или анален секс, секс со маж, секс со жена, секс на отворено итн итн... Не се возбудуваме сите на исти работи. И во ред е тоа. Така треба да биде. Различни сме.
Е така де Вајлд, уживајте си. Ама темата што си ја отворила е за дискусија на различности во однос на отворениот брак или за кревање на пиедестал на таа одлука?
Дискусија за различности. Презентирам како изгледа нашиот отворен брак, за да видат оние кои не знаат дека има и такво нешто, и оние кои се исто во отворен брак, ама се срамат да зборуваат за тоа. Не ми е целта сите да ги натерам да бидат во отворен брак. Повторив милион пати на темава... и по цел форум. Борец за човекови права сум, не за скратување на истите. Во превод: Секој да си биде она што си е, и никој-никому да не суди за животните одлуки.
Ни моите права не се ускратени, ако решам да спијам со 10 луѓе, ништо нема да ме спречи. Само утредента ќе ме чека цела папирологија на маса. Што повторно е туѓо право за мојата одлука. Нема врска тоа со борба за права. Не ме врзаа за столица и да ме маваат со камшици за мислите мои. Свесно стапив во брак и делиме исти мислења на темата дека треба да сме само двајца и никој друг.
Свесно стапив во брак и делиме исти мислења, дека може да имаме секс со други додека сме во врска/брак.
Која е поентата во стапување во брак тогаш? Можам да разберам да имаш потреба да бидеш со повеќе луѓе, но чуму тогаш потпишување документ?
Затоа што се нашле погодени двајцата на многу фреквенции Зошто не би го делеле животот кога имаат заеднички идеи и интереси? Нели е бракот за тоа уствари?
За да не те зборат комшиите дека правиш блуд и разврат очигледно, не ми текнува на друго. А и ,,срамота" е да создаваш потомство ако не си во брак, според македонштината.
Не знам која е поентата на бракот според тебе, јас сигурно имам пишано погоре која е поентата на бракот општо. Имање деца, имот,здравствено осигурување, такви некои административни работи.
Маж ти можда на другата шо се ебава и вика ,,јас и ти сме едно,, другите се други. А, ти да не знаеш. Ти мисли дека само ја ебе неа а, он може со неа си развил и чувства. Заклучок : Пак ти или тој сте изневерени,само не сакате да си признаете и изгубите титулата најдобар брачен пар во Битола и околија
Сето ова може и без брак. За мене поентата на бракот е еден вид официјално договарање дека ќе бидеш само со таа личност. Нештото наречено брак се случува помеѓу тие 2 личност, не помеѓу мнозинство. Сингл луѓе кога ќе видат личност со бурма веднаш заклучуваат дека таа личност е "зафатена". Посекако тоа не значи дека не можат да им се додворуваат и посекако тоа не значи дека личноста во брак би останала верна, но во суштина тоа е поентата на бракот. Ако не сакаш да си верен само на еден човек, тогаш нема логика воопшто да стапуваш во брак.
Еден помалку познат факт. Пингвините кога се во потрага на партнер, го бараат најубавото камче на брегот, нешто како кај нас со веренички прстен, за да го дадат на избраната партнерка. И со неа остануваат цел живот, грото се моногамни суштества. Што значи не го гледам само бракот како основа за моногамија, туку инстинкт. Очигледно и животните забегале со вакви преференци.
Е нема здравствено осигурување на не брачен партнер За тебе може да биде како сакаш, за државата е административно.Па не биле во брак, па едниот недајбоже умрел и нема поделба на имот, родителите негови може да бараат дел, нема пензија...