По милионити пат: Оти го сакам и сакам животот да го поминам со него. Ко вас. Едит: Вие претпоставувате дека не може да има љубов во отворен брак, бидејќи вие не можете да сакате некој и да се ебете и со други. Нам, сексот со трети лица, не ни ја компромитира љубовта, уште помалку врската. Буквално, како дилдо да донесеш во кревет со партнерот. Буквално.
Океј, доволно фер. Тогаш јас лично не го разбирам тој вид на сакање каде што истовремено имаш секс и со други луѓе кои не ги сакаш (ваљда?).
Ве читам и ту се едуцирам, ту се чудам. Луѓе бракот е општествена творевина пред се, отсекогаш била и ќе биде. Потоа што се вмешала религијата и главно црквата да продава бајковити приказни за пари( денес тоа) во време кога црквата и државата биле сестри за раце фатени за да го контролираат поединецот и насочуваат во цели од нивни им заеднички интерес тоа е веќе друга ситуација. Брак може да си склучат две индивидуи кои решиле дека се прифаќаат целосно такви какви што се и сакаат да живеат со цел багаж од минато, сегашност и понатамошна иднина и да го носат и делат товарот од него заедно. Значи нема што да се мешам и да се чудам на модел отворен брак. Потполно ми е јасно и прифаќам дека постои тој модел. Мене ми е битно дека доколку двајцата партнери од тој брак си се отворени и искрени меѓу себеси и не повредуваат никој и не штетат на околината никому мене па ич не ми штетат и пречат. Е сега ќе се отворат моралните дилеми и тоа е сосем во ред. Сите немаме иста дефиниција за морал и морални начела. Сите немаме иста поитреба од исти задоволства. Во кратки црти сите сме различни и имаме право да ја исполуваме и задоволуваме потребата за разноликост која е во ред доколку не штети никому и не повредува никого.
Како сакаш животот да го поминуваш со него,ко пола од животот и ти и тој сте посветени на други. Во вашиов брак живот може да си посветите после 65 год. До тогаш ми изгледа животот ви проаѓа во барање на задоволувачи за Вашите сексуални нагони.
Ама јас ти објаснувам која е поентата на бракот денес. Како таков, администрииран од државата. Единките вклучени во него сами си го уредуваат како што им чини, како што и ти си го уредуваш станот. Не знам како поинаку да објаснам. Ниту ќе имаш тросед како што мене ми се свиѓа, ниту брак како што на Вајлд и се свиѓа.
Да, можеш и така да гледаш на бракот, односно да го користиш како опција за извлекување други нешта. Тогаш зошто муабети како "тој ми е се'", "ние сме едно", дрн дрн јариња...
Едитирав погоре: Како ни е 'посветен на други'? Секс еднаш, два пати во месецот со некој што не му го знаеш ни презимето некогаш, за вас е 'посветување на други'?
Пак не се разбираме. Така гледа државата на бракот. Секој поединец си го уредуваа внатре како што сака, со секс, без секс, со ние сме едно, ние сме две чекорејќи кон исти цели и тн.
Ама за нас е. Иако за тебе не е. Знам дека има такви како тебе, сега е време да научиш дека има и такви ко мене. Не сме исти јас и ти.
Посветен во смисла трагачи по други. Ти седиш дома со твоите и мислиш кого да најдеш за да ги задоволиш твоите потреби.Исто и твојот сопруг. За разлика од моногамен брак.
Само затоа што не се согласувам околу нешто, не значи дека не те препознавам како различна од мене. А тврдењето дека друг вистински полов орган е еднаков на произведено дилдо е исто како тврдењето дека сината боја е зелена. За тебе е зелена, за мене е сина, и тоа е тоа, океј, се разбравме. Едит: пак останува дека сето тоа можеш да го правиш и без да стапиш во брак.
Ама споредба Боите не се подложни на интерпретација. Не зависат од идеи и сексуални префернции. Не се апстрактни.
И ти можеш да имаш секс со маж, без да стапиш во брак. За шо ти е правно заверување? Можеш, ако можеш да одделиш емоции од секс.
Ако си толку посветена на концептот, мора цел живот само со тоа да се занимаваш Како она, мажи мислат на секс на секои 12 минути
Точно, но јас сум решена дека ќе бидам само со тој човек и бракот ми е дополнителен начин тоа да му го покажам на мојот партнер. Иако и без тој документ ќе му бидам лојална, сепак тој документ дава дополнително чувство на припаѓање еден на друг.
Со моето либидо, сушна ќе биде и годинава во Македонија И јас сум му лојална на сопругот. И 'припаѓам' само нему. Нечиј пенис или вагина, нема да го сменат тој факт.