А дали вие што го пропагирате овој начин на брачен однос, би ги советувале своите деца, за тајната на вашиот успешен брак?
Колку луѓе се во брак, па не се лојални еден на друг. Не си ти предмет па да му припаѓаш некому. Како тоа може некој човек да ти припаѓа? Не живееме во робовладетелско општество колку што знам. А бракот не означува припадност, само означува дека сте заедно од практични причини, не само од љубов. Пошто ако беше само од љубов, не мора ни да се потпишуваме во матично, може и невенчани да живееме, тоа нема да ја намали љубовта. Ама во животот триста работи се случуваат, бракот е еден вид сигурност што ја немаш ако живееш невенчано. Уште еднаш, ниедна од вас што е против отворен брак не ја сфатила поентата на темава. Никој не ве убедува дека е тоа подобро, и дека така треба да живеете. Туку дека нив им е така убаво, и не им менува ништо, сакаат да остарат заедно. Исто како и вие што сакате да си остарите заедно со партнерот, така и тие. Не ми е чудно дека се сакаат, верувам дека има љубов. Исто како што верувам дека има секс без емоции, оти сум го искусила. Не им го анализирајте бракот и не се прашувајте зошто им е таков. Работа на договор е. Не е целта на темава да го пропагира отворениот брак како нешто најубаво на светот. Туку да се прикаже дека има и семејства што така функционираат, да се споделат размислувања и искуства, а не да ја убедувате Вајлд дека нејзиното не чини, само затоа што вашето чини. И јас сум против отворен брак, не би го практикувала, ама не и солам памет на жената како да си го живее животот. И најнизок можен аргумент, да не речам удар, се децата. Што ги мешате децата тука? Сексуалниот живот на родителите не е нешто со кое децата треба да се занимаваат, дури и во традиционален брак.
Ама во ,,традиционален брак,, неретко ги учат, ќути ќерко, каков е таков е, мажите природно скокаат на све што е женско. Ваљда затоа прашуваат Јас дури не го отворив форумов, немав појма за таквите природни предиспозиции на мажите. Толку години сум живеела во заблуда
ама навистина... Доктори со сестри, директори со секретарки, професори со студентки.... Се тоа на раб се хефтат
Многу јасно, луѓе во брак многу често сами не излегуваат па да се среќаваат редовно по кафиќи или ресторани, останува работа и интернет, форуми и фејсбуци и слично
Аааа не, не биле тие тргнати по такво нешто, љубовта едноставно се случила, нешто во космосот, ѕвездите и такви романтики
Точно, бракот не е 100% гаранција дека некој нема да изневерува. Воопшто не ги мислев на тој посесивен начин. Ако "припаѓање" тера на таков заклучок, тогаш нема да го користам тој збор во објаснување. Мислев на целосна посвета на љубов, грижа, верност, време, страс и други нешта само на една личност. Па да, ни ние не ја убедуваме да не живее така, само дискутираме. Кога нешто не ти штима, си кажуваш твоја перспектива. Секој нека си живее како сака, ама кога е темава во прашање пробувам да се ставам на место на некој што не сака да биде само со една личност и браќ не ми доаѓа на памет, ми нема логика.