Има и пософтицирани со вкусот, па стават странско Еднаш реков, отвори му на човек фб профил и ќе знаеш каков е
Тоа може и без потпис во матично. Тој лист хартија не менува ништо во посветеноста еден на друг. И мене ми нема логика, ама не ја разубедувам дека не се сакаат ако имаат секс со други луѓе повремено. Не е мое да судам, мојата слика за бракот не е иста со нејзината, ама не значи дека моето е точно и логично, а нејзиното не е.
Според мене секој/а што е во отворена врска или брак има поголеми и вкоренети емоционални повреди во себе (поттикнати од претходни трауматизирања од партнер/сопруг итн.), а не сака да си признае. Не сум никаков поддржувач на било што отворено. Се знае што и како треба. А ако некој/а сака настрана да си се плеска не гледам никаква поента. Додуша сега денес се' живо се изневерува, па ова повеќе ми личи на "ај за да не ме здоболе, предвреме си прифаќам и знам". И не, не е љубов во никој случај.
Све може без потпис во матично, не го негираме тоа, можеш и да живееш заедно само со еден човек, а да не си венчана. Туку, за што ќе ти е листот ако одиш со други, од корист си се венчала? Децата нормално дека ќе ги спомнеме, некој ќе им каже каков "брак" практикуваат родителите, па нормално дека ќе го осудат, во најмала рака ќе помислат дека не се сакани и посакувани, пошто не е нешто нормално. И најнормално дека ќе наиде на осуда, затоа ја поставила темава, за потсвесно да се оправда веројатно, или да собере истомисленици уште поверојатно. Мене ми е жал ако некој некого убедил на ваков начин на живот, а тек па ако се договориле, тоа е самоубиство од заседа. Не ја убедуваме неа што да прави, само коментираме, ако може, нели? Секое добро и се надевам ова нема да прерасне во навика за новите генерации, ние сме веќе стари.
Како тоа децата да дознаат од други, кој има право да се меша во туѓ живот? Тоа само тука го има, комшиите зборат, па и на децата ќе им кажат, да си знаат какви „изроди“ од родители имаат. Кој им го дава тоа право на другите да оправаат туѓ брак, а својот најчесто не си го гледаат? Колку често и невистини се шират, форумов ми е пример за тоа, кога ги оговарате комшиите, роднините и пријателите. Не, не коментирате, осудувате. И давате дијагнози, како @eliesaab во постот над твојот. Ок, ајде сите психолози да бидеме, да им кажеме дека животот не им чини. Што не ја викнете и ќерка и, да и го кажете тоа - подолно и позлобно нешто нема, да му кажеш на дете нешто што не го засега. Особено на туѓо дете. Како што напишав и погоре, децата не треба да се занимаваат со сексуалниот живот на родителите, дури ни во традиционален брак, пошто тоа навистина не е нивна работа.
@Annath нигде не ја осудив Вајл ако мислиш на нејзе. Да сакав нешто лично да ѝ пренесам, ќе ја означев. Зошто тогаш отварате теми, ако сакате да сте едногласни? Дали нам членовите некаде ни е наметнато во која конотација треба да се изразуваме, во случајов да ве поддржуваме иако свесно не се согласуваме? Или отварајте си теми и заклучувајте ги со поддршка од администраторите за другите ко нас и коментирајте си онаму едногласно.
Се отвораат теми за дискусија, не за осуда или поддршка. Може мислење да се каже и без поставување дијагнози и осудување на тој што го прави тоа... не е работава сите во се' да се сложуваме, ама работите може да се кажат и на попристоен начин, без осудување.
Па ако некогаш се потпишам, дефинитивно само од корист ќе биде тоа. Не од корист од партнерот, корист од државата. Оти вака, како што живееме, немаме никакви права еден на друг - во смисла, не сме си next of kin, ни за во живот, ни за во смрт. Буквално НИКАКВА емотивна вредност нема, и не може да има, официјалниот брак за нас. Тоа не значи дека можам да живеам во отворена врска, брак, ватевр. Ама знам дека некои можат и сакаат. Нивно е. Не ме е*ат мене со сила. Како што за некои бракот е свет чин пред Бог, сплотување на души, дур смртта не не' раздели, мене ете ми е лејм и ништо од тоа не е битно за мене. А децата... не е нивна работа сексуалниот живот на родителите. Просто - не е.
@Annath ако читаш поубаво, си реков според мене. Препрочитајте прво убаво, а не скокајте во расправии беспотребно оти ова се случува скоро во секоја тема и просто човек да не може да си го искаже мислењето.
Не е проблем твоето мислење за твојот брак, проблем е делење дијагнози. Тоа е невкусно, некултурно и прилично безобразно.
Само заради децата заедно. неверувам дека ако сакаш некој ке му дозволеш со други да се е... Ја би одлепила, куферо ке му го фрлам низ џамо.