Не е на кои теми коментирате, туку како коментирате. Пример Кој е тој што ќе им каже на моите деца, каков брак имам јас? Зошто е тоа нечиј интерес и како е тоа некому познато? И зошто побогу би помислиле дека не се сакани? Инаку секој може секому да каже нешто, измислици колку сакаш, пошто народ нема работа.
И затоа што најголем дел од тие што пишуваат живеат 'тука', коментарите се такви какви што се. Кога ќе живеат некаде таму, можеби ќе зборат и размислуваат поинаку. Колку деца имале тешко детство заради сексуалниот живот на нивните родители кој нели не треба да е нивна работа? Колку кавги слушали или можеби и сведоци на физички пресметки биле заради трета личност во бракот на нивните родители? Колку слушале "мајка ти е курва" "татко ти е швалериште", дали лично од своите родители, дали од рандом луѓе, дали од роднини и пријатели? Прво нека се смени климата, менталитетот, сфаќата за сексуалниот живот во брак, нека си гледа прво секој своја работа па после, на крај, може да се каже -не е работа на децата нивните родители со кого се сексаат. Дотогаш, фино звучи само кажано, реалноста децата ја носат на свој грб.
А каква па хардкор narrow minded социјализација треба да поминеш за да си земеш за право да за други кажуваш што е љубов а што не? Разбирам дека не е за секој. Ама не разбирам од кај ви е таа огромна потреба за осуда на се' што не ви се поклопува со личниот ви склоп. Мене што ми смета на темава е што е однесена скроз во правец да под "отвореност" се подразбира секс и тоа секс без емоции, што во огромен број на случаи не е причина да партнери се во отворена врска или брак. Многу го прават тоа заради емотивна и чувствена слобода. Затоа што под љубов не подразбираат его што практично е столбот на денешните врски, себичност (емотивна), љубомора. Некои немаат самите желба да бидат со други, ама партнерот да, и тоа им е океј зашто под љубов подразбираат да тој до нив е слободен и среќен и има убави искуства со други луѓе. Тоа што партнерот има некакви емоции за некој друг не значи дека ќе му се сменат емоциите кон партнерот. Ама ретко која врска има таква стабилност и длабочина за да се носи со ова. Не знам дали заради Вајлд т.е нејзиниот пример е однесена дискусијата во тој правец, или општо таа визуелизација на плескање на страна е најлесна за да грото си седне на високо столче на морал и од таму продава вредности, ама како и да е, многу работи се испуштаат на темава баш поради тоа и е штета. А можда и не, кога и да се напишат уште 10 страни за други аспекти, заклучокот па ќе биде дека сето тоа е лош sci-fi излезен од Гомора, за луѓе што немаат претстава што е тоа љубов.
@Biljarkata е како коментираме (и не ме ставај во кош со други членки оти не читав коментари)? Мое лично мислење треба да го прилагодувам според тоа кој пишува на форумот?
@dayla Ај друг пат по ред ќе ве потпрашам за одобрение дали да коментирам. И скроз без сарказам, стварно ќе си прашам за да не скокате вака.
Никаде, ама на ни една тема, не е ок да кажеш дека некој има вкоренети трауми или не знам каква веќе дијагноза. Не е проблем да изнесеш мислење, проблем е да вреѓаш со мислењето.
За жал. Кога сите ќе научат дека треба сопственото ѓубре прво да си го гледаат, тогаш може и ќе се оправат некои работи.
Оо никого не оговарам, туку реков и во случај на развод поради неверство дознаваат децата, а ова па е апла отворено неверство. Не знам само зашто ти ја браниш?
Ок ај, глупи сме, не сфативме. Не се однесува на Вајлд само, за цела категорија луѓе не ти е ок изјавата.
Затоа што не е неверство. Мажот и жената баш свесно живеат како што живеат, никој никому зад грб не му прави нешто. Тоа е суштинската разлика.
Не реков јас дали ти ќе се потпишеш, бидејќи можеш и без потпис да живееш ете со тој еден. Прашав зашто влегува во брак тој што сака да биде со многу. Нелогично е.
@CameliaMiller едно мислење носите целосно во насока во која вие сакате да биде. Тоа не е фер, а не моето мислење.
Епа ајде протолкувај ми ја првата реченица, еве, уствари цело мислење, од траума до не знаат што е љубов. Ако погрешно сум разбрала, објасни ми.
Децата се замешани, веќе се зачнати и родени во тој брак, па тоа ќе биде пример и за нив. И тачно, што ќе им остават како аманет? Уствари па во право си, што ќе барам јас партнер за цел живот кога можам да имам 100. Прекинувам тука бидејќи не се разбираме. Поздрав
Добро, јас поима немам за сексот на мајка ми и татко ми, нит ме интересира, нит бутур. Не знам како влијае(л) нивниот секс врз мене, пошто поима немам што правеле или прават. И пак ќе кажам, не знам зашто би требало да ме интересира тоа. Арно да ми каже некој дека се швалерисуваат, пак ќе кажам - не е мој проблем тоа. Како што сексот мој со било кого не е проблем на мајка ми, ни нејзиниот секс не е мој проблем.
Ај ако не, вас да ве прашам на што и како да го поминам животот. Немате право на одлука за туѓите животи. Шо ви е гајле кој-како живее, се додека вам не ви прави штета?
Не гледаат филм,него ги оговараат тие со кои биле....Мал му е?Широка и е?и т н....А после ќе си се гушкаат и е..т заедно.И тоа е ЉУБОВ.....