Ај сега и дијагнози поставете на се' што не е како вашето. Значи колку често и со кого имаш секс е индикатор за твојата љубов и посветеност кон децата? Така можам да речам и во моногамни бракови да немате секс, пошто тоа значи дека не си ги сакате децата. Како може да имаш секс и да не мислиш на сопствените деца? Ќе пукните за к*р
Кога веќе ги заплеткавте и децата во темава што воопшто нема врска со нив, јас колку што знам повеќе детски животи се растргнати и страдаат поради разводот на родителите (без разлика од која причина е, дали неверство, малтретирање и сл.), отколку поради отворениот брак каде што родителите им функционираат одлично, имаат разбирање и почит меѓу себе, на страна е веќе сексуалниот живот каде што двајцата одлучиле за тоа, а детето воопшто нема потреба да е уплеткано и упатено во тоа.
Не. Не оговараме, туку се палиме на муабет за секс со други. Знаеш... предигра... рол-плеј и таквимитиработи Едит: Иначе гледаме филмови и серии. Имаме сличен вкус. Сакаме документарци, трилери, мистерии, комплексни психолошки драми итн... Предложи некој филм или серија.
Децата може да се родени и во претходен брак или без брак. Чисто да спомнам. А за аманетот не знам, не гледам каков сексуален аманет некој би оставал на деца.
Многу добар пост. Треба да се надгради темата со различни искуства, само што никој друг не се осудува да пиши за својот отворен брак...
Твојов пост го сфаќам исто како да кажуваш дека изневерувачите се деца на родители кои се изневерувале, бидејќи од "нормален" брак не може да потекнуваат такви деца. Тоа што некој е во отворен брак не значи дека и нивните деца ќе бидат во таков брак, ниту пак дека ќе бидат научени на погрешни вредности. Понекогаш навистина не ви ги разбирам споредбиве.
Отворен брак не е 'погрешни вредности', туку вредности кои се различни од вашите. Не можеме ние да кажуваме кому-што треба да е вредно Не е наша работа. Муабетот: Што ќе ја учиш ќерка ти? Како го замислувате тоа 'да го учиш некого' кого да сака, како да сака и на што да се возбудува? Вие прашувате други пред да се заљубите во некој и пред да имате секс со некој?
Вајлд мене па тоа ич не ме пали,него брзо се сушам....но сите сме различни....Што се однесува на филм...по хорори сум и некако сите ми се интересни.... П.С.Епа гаќи да му перам а на друга да бута.......епа не моаммм
Се согласувам со тебе Вајлд. Не значи дека ако нешто не е нормално за мене, истото е и погрешно. Не осудувам никого кој не ги повредува другите, а и мене. Подобро отворен брак, отколку да се лажете и двајцата. Само и реплицирав на членката бидејќи не се согласувам со неа. Сè додека детето не е запоставено од страна на родителите, сосема е неважно каков е нивниот брак.
Ама не е така. И тебе друг да ти бута, не е ферски само едниот Башка ќе го научиш да пушта машина, решен проблем Се зезам, кешки толку да беа прости (вон)брачните односи
Малце оф топик, ама: осудувањето не треба да ве вреѓа, тоа е само еден вид на туѓо мислење/перспектива што ништо не ти менува, особено ако цврсто веруваш во тоа што го сакаш.
Вистина велиш? Оти ако кажам дека сите што отишле да се колнат на вечна љубов у црква, се затуцани конзерви, тоа е само мислење, не е навреда. Ок, да знам.
А вие либералите сте ја зачнале темава по дома, да видите на која бранова должина сте со партнерите? Јас лично тестирав, одговорот беше мрачно сценарио. Никој не ја напаѓа Вајлд, го напаѓам и плукам концептот на отворен брак.
Ами дел од мојот живот е отворениот брак. Апро-по, и мене ме плукаш ради изборот. Нема поента. Ама вие си знаете.
Ако имаш желба и потреба, да. Јас да сум на место на некој што се заколнал на вечна љубов во црква и друг ме нарече затуцана конзерва, не би се навредила, затоа што тоа е негово мислење, ништо не ми значи. Ако сакаш, можеш. Мене ако ме прашаш осудата нема поента освен хранење на его што моментално дава задоволство. А што мие гајле ако некој си храни его? Кој што сака нека збори, јас пак ќе правам што сакам.
Значи не можи муабет за отворен брак да не ме потсети на овие и не можи. https://it.wikipedia.org/wiki/Delitto_Casati_Stampa True story bro, желудникот да ти се преврти. Маркизот Касати со сопругата приредувале оргии на остров. Тој посебно захтевал жена му да има односи со други зашто тоа го возбудувало, но кога се приврзала за еден од човечињата на журките и почнала да се среќава со него редовно, маркизот за прв пат се осетил изневерено, иако мислел дека ќе пројде, на крај потиштен зел пиштол, драматично ги убил двајцата и на крајот себеси....ова малце радикален пример но реален наравоучение - ако партнерот ви се приврзе таму некаде кај што го пуштате, прајте шо ќе прајте, не се убивајте.... Спојлер или како сакате вие, искреноо не е мое да ви се мешам