Тоа е немање основна култура, не дека него нешто ќе му сменам, туку ЈАС немам култура чим си дозволам така да се обратам некому
Какво црно мрачно сценарио Да, сме ја зачнале, сме заклучиле дека не е тоа за нас, и сме се договориле. Аман, мрачни сценарија, врагови. Ако на некој повеќе не му чини, како што постои брак, постои и развод.
Значи темава е сепак одбрана на ставовите на Вајлд во врска со отворениот брак? Значи и тебе не ти одговара. Грасиас
До некаде се сложувам, иако не станува збор баш за култура, повеќе е филозофија во прашање. Мене лично осудувањето ми е примитивно и се трудам најмногу што можам да не го правам тоа. Буквално е спротивно од евулирање на карактерот. Затоа и не ме вреѓа кога некој ме осудува.
Значи ти осудуваш за да си го храниш егото? За што е овој аргумент? Дека не чинат отворените бракови? Истиот аргумент можеш да го употребиш и за 'затворените'. Дури и повеќе за нив, оти се во дааалеку поголем број од отворените. Има еден куп 'затворени' парови во кои владее љубомора, паралелни врски, кавги, тепачки, убиства...
Дека велиш нема изневерување каде што нема тајни, еве ова е еклатантен пример каде некој се осетил изневерен и покрај тоа што не се криеле.... и којзнае уште колку ги има, само не завршиле скандалозно. Исто велиш подобар бил отворен брак од некои др бракови на пр. каде постои скришно изневерување. Овие имале според нивните истомисленици во “високото општество“ идиличен отворен брак, сами се фалеле со него, па ете како тоа се завршило.
Можеш да дадеш твое мислење/перспектива и без да осудуваш. А осудувањето е вид на мислење/перспектива. Иначе, се трудам да не си го хранам егото. Сигурна сум дека понекогаш го правам тоа, ама се трудам да не го правам.
Не реков дека нема изневерување, туку дека и во отворен и во затворен брак, постои можност да се распадни бракот.
Сепак излегува дека ние сме проблем што имаме затуцани мислења. Јас не знам тогаш зошто се прават раскошни свадби, со тамбураши, чеизови, алтани, фустани од 1000 еу, пикање на пари во ципели, буткање на врати, цркви, свеќи, круни, итн. Што се слави тогаш со свадбата? Да видат теткиците само дека формирам ,,нормално" семејство? Зошто воопшто во трошок да се ставам, за стринка да ми врти пајдушко? Љубов ли е, или панаѓур?
Имав еден предлог за отворена врска, не ја прифатив и фино лепо си се "затвори" врската. Инаку - отворен брак е што? Дозвола да се изневерува? Не знам тоа како функционира и не ни сакам да знам....А дека има доста изневерувања во затворени бракови има, и одсекогаш имало - само што сега веќе некои швалерски парови не се ни кријат...за срам нека им е од децата што ги имаат и на кои им даваат пример како понатаму
Па и мојата не беше таква, поскромна здравје, помалку луѓе здравје. Сакав да кажам, што тогаш се слави?
А бе они се договориле на почеток и бракот им е само од интерес и ете да имаат едно дете, а после како не е битно. Нема одговорност никој у случајов.
Абе генерално и конкретно не ме интересираат вакви теми, онака коментирав од досада на што ме потсети дека активна, ама нели веќе ме цитира....Те имам прочитано некаде дека ако бидеш изневерена ќе ти се сруши светот или така некако, но твојата дефиниција за изневерување ми е дискутабилна. Ти прељубата не ја рачунаш за неверство. Пример маж ти со некоја од тие други кај кои го пушташ постапи така што ти ќе бидеш изневерена според твојата логика, нема да почнеш да размислуваш што ако немаше изим да се зближува со други жени, што ако немаше секс со неа....? Џабе и да почниш, откако се случило. Точно е тоа дека бракот и да не е отворен може да се распадне, ама за тој што сака да го сочува бракот, бракот да му биде отворен не е мудра опција.