Па правиш штета. Отвараш теми и наметнуваш свое мислење,убедуваш како тоа е добро и не е изневерување,а тука читаат и малолетни лица,пубертетлии..
Каде се наоѓа Панчево? Кога се случило тоа? И зошто? И во затворени бракови има убиства. Едит: Гугл ми отвори едно од јули 2019 а а нема никаква врска со темава.
А треба само мене да ми одговара нешто за да го бранам? Вау, себичлук ваков уште не сум видела. Мене ми одговара секој да е слободен шо кур сака да прави. Оти ми значи да бидам слободна, шо кур сакам да правам. Прилично проста филозофија, би рекла.
Јас и мм од таа причина немаме бурми. Не мора одма никој да носи заклучоци за нашиот брачен статус. Имаме венчани прстени и слични ни се ама не се бурми. А и колку бурмата в џеб ја ставаат штом излезат од дома. Што се однесува до цел свет, апсолутно никогаш не би стапиле во брак ама од административна страна тоа ни беше наједноставно решение. И тоа е, бракот ни е само административен. Без разлика што и двајцата сме моногамни, и во врска и во брак, на бракот не гледам како ништо повеќе од административна потреба.
Што значи ова -само административен? Каков има поинаков? Добро црковен плус ама тој нема нешто обврзувачко во него, плус попот ти кажува слични работи со матичарот -да се сакате, да се почитувате, да сте верни итн итн, дали ќе почитуваш или не твое си е, за останатото си има закон и важи за тебе како за сите други што стапиле во брак. Не разбирам, како твојот е поинаков?
Па не било баш затворен брак. Она била самохрана мајка,а он со жена и дете. Се гледале,но му раскинала. Неможејќи да го прифати тој факт он,ја следел и ја чекал пред куќа,кога она влегла во нејзината кола он некако и влетал во кола на совозачко седиште седнал,се расправале и на крај и пукнал во глава и после си пресудил и себе. Роднините од страна на мажот не дебатирале ништо,молчеле што не го исклучува фактот дека жена му знаела ама си го дозволувала тоа и спаѓа во отворен брак,додека од другата страна пак викаат дека девојката била мирна. Панчево е во Србија, на околу 40 минути оддалеченост од Белград.
Го имав напишано моето мислење на оваа тема на почетокот.Отворен брак практикуваат луѓе незадоволни од интимата со брачниот партнер. Нивните нагони се гладни,воедно и самите се жртви на сопствените нагони.
Ништо не е поинаков, само што биле во брак или не ништо не ни менува. Нити се сакаме повеќе затоа што сме мажени сега, нити одеднаш после бракот сме си станале верни а пред тоа не сме биле. Во таа смисла само административен. Не дека е нешто посебен, туку да можевме без него, да не се административните придобивки, никогаш не би се ни земале. Бракот како брак не ми е потребен за одржување на врската.
Ако не е ништо поинаков зошто тогаш потенцирање дека не би биле во брак ама чисто заради административни ствари? Што има во поимот -брак што би го променило вашиот однос или нешто обврзувачко со што не се сложувате или ватевер што е поразлично од она што ви е во план? Планирате заедно да живеете? Да купите заедничко живеалиште? Можеби деца во иднина? Тоа го прават и оние во брак. Не сте ништо помодерни или понапредни ако речете -ние не сме во брак. Ги гледам околу мене, сто години заедно, од мали, од средно, со деца, со заеднички кредити, функционираат исто како сите други ама не се во брак и као бракот застарена работа е Екскјузми, ова твоето што е? Како -не сакам парче хартија да ме врзува. Те врзуваат милион работи кои немаат никаква врска со тоа парче хартија. Ако сакаш да те врзат. Ако не сакаш, поинаку функционираш, не живееш заедно сто години, не си верен, не правиш деца, не одиш заедно на одмори итн итн...
Дај ми ја тајната, како јас да добијам некоја придобивка. Од кога сум во брак, зијан сум, само пари летаат на сите страни, која илузија човече, сад ги видиш, сад ги не видиш, пуф, прашина, дупнат џеб. Ама и вака и така ќе ги имав тие трошоци. Инаку, јас лично го ценев повеќе моментот кога ме побара за жена, отколку самата церемонија. Некако самиот момент кога ќе клекне на коленца, со тремор на рацете и дрхтање кога ги изговара тие шест збора ми беше боженствен. Нормално, на тоа следи овековечување на моментот. Дека има некоја разлика, нема, исти сме двајцата, ако не си ја видам бурмата, нема ни да знам дека сум се омажила. Но сепак, сметам дека бракот на некој начин е обележје, белег за две индивидуи кои си си нашле дом обострано во своите срца, кои не можат да си замислат да бидат еден без друг, чија љубов е чиста, алтруистичка и невина. Едноставно еволуирање на врската.
Ги навредуваш дека членките немаат основна култура. Ја нарече и себична Сепак е директно навредување, а целиш кон тоа да нема навреди.
Бриџо, истото го кажуваш што сакам и јас да им го кажам само со други зборови. За џабе ме напаѓаш, на исто мислење сме. Моето мислење се однесува само на ставовите дека бракот е нешто уау посебно. Не викам јас "не сум во брак", баш тоа што го викаш ти го кажувам и јас. Тој брак не ме одеднаш врзал повеќе, нити го променил односот помеѓу нас двајцата. Нити сега треба одеднаш друго да се однесуваме затоа што сме мажени или сите околу мене друго да ме третираат (као мажена си сега, да служаш маж и свекрва како по песните народни) Тоа ми е целата поента, баш истото што ти го кажуваш. Дека парче хартија не ме врзало, сум си била врзана и претходно и да не сум имала корист од него веројатно не би се замарала и дефинитивно не се плашам од "бракот" само ми се смешни тие што го сметаат за нешто свето и посебно, као до пред бракот свашта си смеел, на денот кога бурма ставиш веќе не смееш. Ма да... Или на пример ова Или 150 години се заедно, па ќе и клекне на коленце па ќе глуми изненадена
Како ма не ти сменил, сега си поштована госпоѓа. Нема више, кај си бе Анџо, строго со госпоѓо ќе ви персираме
За сите оние што пребројаа на прсти дали 'Дали ќе се омажиш за мене?' се состои од шест збора. Мене па тоа ми е жива глупост. Се надевам ќе се искорени наскоро. Колкумина клекнале па после цел живот ја газат жената. Од онаа погорна реченица произлегуваат сите проблеми. Као демек само она за него се мажи, а тој за неа не се жени. Као демек само мажите бараат. Као он ја бара. Он ја зема. Пре би отишле заедно да си избереме прстени отколку некој да клекнува некому.
Многу сте ми контрадикторни со мислењава, викате дека бракот не значи ништо а од друга страна па сите тие сте во брак, стварно сега ништо не ми е јасно, се ми се испомеша во главава