Епа ко ќе влезеш во брак ќе разбереш дека не е ништо поразлично. Еден ден си немажена, другиот ден си мажена, и ништо не се променило, освен можеби презимето. Ти си ти, тој е тој, не го сакаш ни повеќе ни помалку од претходно. Едино во некои земји од светот, може да ви вратат некои пари од данок под одредени услови.
Може да го прави без да стапи во брак, ама решиле и сакаат да се во брак. Јас не гледам проблем кога обострано се согласни за секс со партнери надвор од бракот, да не бидат во брак. Тоа е нивен личен договор, тоа што се сексаат со други мене лично воопшто не ме погодува. Потполно ја разборам што објаснува, еве ќе продискутирам и јас отворено на таа тема. Мене сопругот ми има дозволено да правам што сакам надвор од наша брачна постела под улсов да не го оптоварувам со објаснувања. Пример за разлика од Вајлд и маж и мојот маж не го пали да му раскажувам и споделувам детали. Финтата е што јас досега во нашиов брак немам осетено незапирлива потреба да општам сексуално со некој друг освен него. Како би било во иднина не знам, ама претпоставувам како што е и сега, сепак научив во животот никогаш да не велам никогаш нема да се случи или случи нештото.
Кога ќе те гледа како солза на дланка, ќе го правиме истиот муабет. Мене ми значат тие работи. Сепак твојата ситуација е хипотетичка, што би било кога би било. Извини што сметам за мојот партнер дека е совршен и дека секој споделен момент за мене е магичен. Не си доживеала таква љубов очигледно. Затоа си со предрасуди на тие магични моменти. А прстенот не ми беше воопшто битен, ми е гајле што носам на прст. Обична материјална работа. Мислиш прстенот ќе ми ја даде хармонијата во бракот. Ама видиш па за тебе тоа е побитно. А на членката што коментираше дека сме биле 150 години заедно, не не бевме, се работеше за релативно краток период, а таа тема воопшто не беше зачната.
Пак персонализираш. Не можеш да знаеш кој каква љубов доживеал и не разбирам која ситуација е хипотетичка. Заљубеноста е биохемиски процес, се дешава нешто во мозокот со ендорфинот па може затоа ти е магично. Заљубеноста поминува, преминува во љубов или во не љубов, отприлика по неколку години. Не е цело време пеперутки во стомакот. И доволно мислам дебатираме оф топик, не е темава, како јас го разбирам бракот. Пиши по некоја година во некоја друга тема, дали се уште таму пеперутките
Може да е така, но и не мора да значи. Сметам дека има ситуации во кои имаат идеален сексуален живот но поради одредени состојби едниот или двајацата имаат потреба од дополнителна сексуална стимулација од страна на друг партнер во живо, не само да е сведено на самозадоволување или користење на сексуални играчки. Повеќе тие особи ги доживувам како личности кој можат да одделат емоции од секс. Ако некогаш во животот и јас лично успеам да направам ваква дистинкција можеби би пробала секс надвор од брачната постела со маж ми, ама можеби.
Поминати се доста години од почетокот на врската до ден денес. Разликата е што љубовта е поинтензивна, посилна, поголема. Пеперутки имав во основно.
Ај па и ти, па и 150 години да сте биле, посебен е моментот, навистина, нема везе кој колку долго бил во врска, финтата е што е емотивен момент кој вечно се памти, не е до бурмите, вереничкиот, од што се изработени, од каде купени и колку пари, се тоа е во споредна улога. Главна улога сте ти и тој и се што лично ќе си се договорите да (не) практикувате во бракот.
Па немаат основна култура, дијагнози делење е буквално тоа. И да, себично е да не гледаш подалеку од тоа што само тебе ти чини Апсолутно не се навреди. Можеби второто. Али првото, никако.
Не ја разбирам потребата за натегање. Вајлд си кажа. Таа оди со други исто и маж ѝ. Таа не е повредена ако маж и ебе некоја супер згодна млада риба ниту пак тој е што таа го прави истото. Дали се сакаат и колку се сакаат не знам, ама ете така функционираат и им е убаво може. Колку и да е неправилно и грозно за мене, не е моја работа да ја оправам пошто тука нема што да се поправа, двајцата се согласни на тоа. Ова е исто ко да му велам на некој да не јади сирење со лубеница оти лично мене ми е бљак.
Зошто бљак? Јас познавам еден куп во Битола кои мн добро се имаат ушемено во оваа работа...Така да како им е добро...
А зашто да не? Ако не им смета нив зошто нас ни било Јас не можам да ги сватам само една група на луѓе каде што еден партнер си се плеска наоколу, цел град знае само неговиот партнер НЕ ЗНАЕ илИ СЕ ПРАВИ ДЕКА НЕ ЗНАЕ ? Секој втор има швалер/шваљерка овде што ги гледам ,валда имаат договор некаков ... И сметам дека сексот е потреба , емоциалното неверство е најлошо Штом на чело не им пише дали се плеснале настрна немаат галје нека фураат
Да реков дека вие сте биле 150 години заедно. Мислам јасно е. Или - или е конструкција за кога зборуваш за 2 различни работи А колку години сте биле заедно нит прашав нит ме занима
Став за денес- фино е да си во отворен брак. Никогаш не знаеш кога ќе се појави опција од типот на Бред Пит, зошто да си ги ограничуваш можностите @WildMk намали малку со пропагандата
And yet ме цитираш. За да дадеш било каква констатација и истата да има силен темел, треба да се базира врз мноштво на информации. Кога ги немаш, нормално дека се служиш со претпоставки, со цел да имаш некаква придобивка. Во случајов немаш придобивка, туку чиста дезинформација. Како повикана во твојот цитат, решив да ти одговорам. А дали тебе тоа не те интересира и мене не ме интересира, нели. Peace
Јас барем имам лице да ги цитирам оние за кои зборувам, а не онака од зад грб "а членката што рече" Доаѓате наапани на теми спремни одма со секој на кавга да идете и не ни гледате ни кој-што пишува ни како пишува. И може навистина треба да се отвори тема "што е за мене брак" оти тука за се само за отворен брак не се пишува веќе.