Ако така гледаме, темава треба да носи наслов ,, отворен брак, наспроти изневерување". Затоа што не се коментира за отворен брак, туку се темели на оправдување на делото, во однос на изневерувањето. Што и за мене е тоа офф топик. А еве сега те цитирав, да не мислиш дека правам лице во виртуелниот свет.
Ја исчитав темава и можам да кажам дека иако ова е многу индивидуално прашање, се зачудив од некои размислувања, дури и од речникот на некои членки и осудата упатена кон една членка, која отворено се изјаснила дека живее веќе 20 години во ваков брак. Прво околу самиот брак и институцијата која ја претставува...лично за мене, да не беше потребата од средување документи и заминување надвор, не знам дали би влегла во брачна заедница. Едноставно не чувствувам дека тој лист хартија ми носи некоја поголема гаранција или дека со бракот врската се менува во нешто посвето. Живеам во место каде што е сосем нормално партнерите да се заедно 20 години и да не се во брачна заедница. И нема осуди, нема прашања од роднини, кога ќе се земете, како така имате вонбрачно дете и секакви други мешања од околината, карактеристични за нашето поднебје. Но, бидејќи веќе се впуштив во таква авантура, сметам дека дефиницијата околу тоа што ќе претставува бракот треба да е исклучиво помеѓу двата партнери. Не помеѓу партнерите и државата, не измеѓу партнерите и црквата, не помеѓу партнерите и нивните семејства. Затоа ја сфаќам @WildMk кога ќе каже дека не се осеќа дека го изневерува сопругот. Они се договориле дека бракот за нив ќе има таква форма и двајцата се придржуваат кон тоа. Се додека двете страни се свесни за договорот ( за жал голем број од браковите се од отворен тип, но само еден партнер е свесен ), не гледам причина за осуда. Моето мислење за отворен брак е дека е природна последица на потребите на човекот. Во суштина, природната наклонетост на сапиенсот е полигамија.Општествената дефиниција за бракот со години наназад е моногамија и некоја приказна за вечна љубов и романса. Сите знаеме дека во реалноста ова не е така @WildMk ме интересира само кога ги имате овие средби со трети личности, дали меѓусебно се известувате или и двајцата сте свесни дека под договорот што го имате повремено се гледате со други личности и не ги дискутирате?
Ги дискутираме. Уште пред да се случат. Башка се договараме дали одереден ден на секој му одговара, и мене и на маж ми и на третиот/третата. И после си ги раскажуваме, како предигра.
Е добро што ја исчита темава, така знаеш дека не е проблем да се живее без да се земе пемпелето, проблемот е откога ќе се земе па зашто да се оди со други?
Мене лично, оти ме возбудува секс со нови луѓе. Едит: Пред да речите 'епа не требаше да се мажиш', да кажам дека ме возбудува и маж ми и го сакам. А другите сакам само да ги ебам... за ќеф.
Па земањето за тебе и за друг нема иста дефиниција. За мене пример бракот не носи ништо плус од врската. Може и врската им била од отворен тип. Зошто ти влезе во брак и како ти го дефинираш бракот?
Каде паѓа најмногу секс во Македонија? Во Битола. #заклучок од темава Во основно кога бевме на ексурзија во Битола уплав добив од една улица со клупи и на секоја по двајца еден спроти друг седнати и се 'бакнуваат'. #бошмуабет На крајот на краиштата, подобро отворен отколку полуотворен брак. Не секој е за отворен брак створен. @Justicija Во право си со муабетот. Швалерки/ швалерки на сите страни, а дома сите верни.
Разликата е во тоа што кога си во брак, тој е ТВОЈ сопруг, таа е ТВОЈА сопруга. Никој друг не може да го каже тоа за него или неа. А сите останати се само љубовник, пријател/ка, дечко/девојка, итн. Колку и да е документот само парче лист, повеќе вредност има од само административна корист.
Тоа дека Битола нема аеродром Ок. Ќе седам мирна Зафрканција на страна, Битола е еден од ретките градови што имаше корзо на времето. Фб бефор фб. Тоа е, искушенија.
Значи додека не се земе парчетолист слободно ебете се со кого сакате и како сакате оти ТВОЈ дечко и ТВОЈА девојка, ТВОЈ партнер и ТВОЈА партнерка не значат ништо. Само ТВОЈ сопруг и ТВОЈА сопруга значат. Ааааа... сега се ми е јасно...
Одамна ова.. 2002ра некаде... Веќе бевме во врска со маж ми(тогаш дечко) и седам јас таму на клупа... со една девојка.. Да... бисексуалка сум и маж ми знае. И се бакнуваме, после палам цигара и од другата клупа иди еден и ми вика: Дечко, ако можи да запалам? - и ми покажува цигара. Го вадам упаљачот и му одговарам: Женско сум бе! Не сум дечко! Повели! Му падна вилицата до земја #ПаркотВоБитола
Океј, да се објаснам подобро, бидејќи не го велам тоа, иако вие тврдите дека го велам тоа. Прво да нагласам дека сум ЗА моногамија, без разлика дали си во врска без брак или си во брак. Не подржувам слободно ебење со други луѓе, всушност тоа ми е патетично, но тоа е само моја перпектива и имам право да ја искажам мојата перпектива. Anyway, јас лично бракот не го гледам вреден исклучиво само од административни причини. Кога ќе стапиш во брак, твојот дечко ти станува твој сопруг. Твојата девојка ти станува твоја сопруга. Од таа причина, врската не останува иста отткако ќе го потпишеш тој документ. За твојот/твојата сопруг/сопруга само ти можеш да кажеш дека тој/таа е твој сопруг/сопруга. Никој друг не може да го каже истото тоа за нив. Но твојот/твојата сопруг/сопруга, друг/друга може да ги нарекува дечко/девојка. Односно, ако твојот сопруг се ебе со друга, таа друга може да рече дека тој е нејзин дечко. Но само ти можеш да кажеш дека тој е твој сопруг. Тука бракот ја прави разликата и има повеќе од административна вредност. Океј.
Што значи ова, дека во врска не може некој друг твојот дечко да го нарекува дечко? Во врска не се изневерува?
@WildMk Шо стори бе? Каква сенародност од твоја страна Форумов не ги бере веќе твоите фантазии. Олку сексуалност во еден човек не сум видела. Во секој случај е подобро ,,make love, not war".
Ама пак... ЗА ТЕБЕ. Иначе на мојот дечко сум му само негова девојка, боже сачувај Никој друг не може да каже дека сум негова девојка, оти на еден сум. Кој што рекол, растурена сарма. Муабетов, таа не знае дека е женет, па сега дечко и' е. Сарма!
Паѓа или ''паѓа'', во Битола пола град се глумци и уметници е сега каде е весело таму е и ебано Шала на страна не познавам никој никаде кој јавно седнал и ми рекол чекај да ти кажам нешто јас и мојон сме во отворен брак. Мислам тоа се интимни работи и муабети, а се другово каде и колку се практикувало отворен брак ми е сведено на he said, she said Мене ме чуди како не разграничувате неверство и отворен брак? Баш во отворен брак имањето секс надвор од бракот не е неверство затоа што е со дозвола на двата партнера, имаат сознание и согласност и двата. Во брак во кој едниот или двата обавуваат сексуални односи надвор од брак и си знаат, а се прават не знаат или не мора да знаат, тоа е неверство, изневерување. Кога јавно обзнануваш нешто, разговараш и се договараш нема тајни, непознато нешто, нема неверство.