Во случај ако станува збор за врска без брак, тогаш посекако твојот дечко и друга може да го наречува свој дечко. Но брак, само ти можеш да го нарекуваш твојот сопруг - твој сопруг. Бракот ја прави таа разлика, само што на некого можеби ништо не му значи што нивниот дечко станал нивен сопруг. Во секоја врска може да се изневерува, без разлика дали си во брак или не. Поентата ми е дека тие што се во отворен брак, нивниот сопруг може да биде нечиј дечко, но тој ќе остане исклучиво само нивен сопруг. Затоа бракот е важен. Па да, ако си само со него, тогаш само тој може да каже дека си му девојка. Замрсено е, ама тоа е што е. Не, не. Не мислев за незнаење, туку баш спротивното, мислев за тие во отворен брак.
Јас разбрав, ајде можеш и ти. Пронајди 5 разлики помеѓу дечко и сопруг и можеш да учествуваш во наградната игра. Кога во Битола ќе има аеродром тогаш нема никој да има отворен брак. А до тогаш повеќе ќе се отворени и полуотворени бракови отколку затворени.
2020та претпоставувам дечково ќе ги праша чупиња расположени за тројка? Еволуира градов, станува се понапредно, особено младинава чекори со брзина на светлината во пробување нови нешта, стекнување искуства. Ама независно од градовите секаде е тоа така и треба да е, треба секој да има слобода на избор да прави што сака и со кого сака додека не повредува некого и не штети на околина. А овие што им паѓа виличето да си го држат подзатворено, да заштедат од услуги на максилофацијална
Како не разбра. Во превод, ако те вара во врска ќе го делиш со друга оти и двете сте му девојки. Ако те вара во брак не го делиш со никого оти таа му е само девојка, а ти си сопругата. Ти си госпожа, неа кој ја шиша Одеднаш ти побитна си, да ми била битна таа ќе била таа госпожа, а не ти
Можеби вака е појасно? Ако те вара во врска без брак, за двете може да каже дека сте му девојки. Ако те вара во брачна врска или со одобрение ебе друга (во отворен брак), посекако повторно го делиш, само што ти си му сопруга, а друга може да му биде само девојка. Знам, и мене ми нема смисла отворениот брак. Но ако на друг му е океј, кул за него.
Јас потполно те сфаќам што сакаш да кажеш, работава е што во таков брак треба двајцата да делите исти замисли и идеали за бракот за подеднакво, заслужно со гордост кажете јас сум негова сопруга, а тој мој сопруг и исклучиво ние двајцата сме си верни и физички и сексуално предадени еден на друг. Денес во многу бракови глумат дека е вака, а едниот или двајцата изневеруваат. Така што гледано од тој аспект отворен брак е многу поискрена и пофер заедница за партнерите дури и во случај кога во тој отворен брак едниот само обавува сексуални односи надвор од брачна постела со сопругот/та. Финтата е што се искрени еден со друг, нема тајни, нема лаги, нема неверство, само физичко обавување секс од други лица.
Прашање е колку и ти сама се разбираш што сакаш да кажеш, ама нема врска. Мислењава ти се тотално не разбирливи, воа треба да се дешифрира.
Ај по стоти пат, не постои отворен брак бидејќи бракот е од затворен тип меѓу двајца. Отворен брак е оксиморон, го негира постоењето на бракот како институција. Затоа реков, ова го избрале тие што сакаат да шврљаат, ама да биде "одобрено" од партнерот.
Да, така е. И јасен ми е концептот на отворениот брак, да не бидам грешно сфатена. За мене лично тој концепт е неприфатлив за моите желби и потреби, а тоа не значи дека не го прифаќам за останатите. Кој што сака нека си прави. Само кога некој ќе каже нешто во стилот на "meh, бракот ништо не менува, врска си е врска", јас велам дека менува, односно од дечко стануваш сопруг, од девојка стануваш сопруга, а тоа има тежина. Според мене, океј можеби не според секого. И ја разбирам искреноста во отворениот брак, топ е да си искрен и да нема тајни и лаги. Јас самата се разбирам што сакам да кажам 100%, ти има сега врска?
Ама го избрале двајца што се вљубени еден во друг, сакаат да ги користат придобивките што граѓанскиот брак ги носи, а истовремено никогаш не ни биле моногамни, односно, продолжиле полигамно да живеат, затоа што не веруваат во моногамија. Прилично е просто. Само се комплицира без врска. Ако на тие некои двајца им чини, нема што да се осудува од страна. Е сега, друго е што воопшто не гледам зошто па кому било би требало да оправдам каков сексуален живот имам, ама пошто темава е на Вајлд, верувам дека идејата е да се праша ако нешто не е јасно, па да се објасни како таа и сопругот ги решиле прашањата кои ги наметнува ваквиот сексуален живот. Смешно е колку полесно се прифаќа како појава неверството, ама отворен брак, е тоа е бљак. Мора некој да е "крив" ако ја ужива својата сексуалност целосно, срамота е тоа Па посебно ако е жена, одма, лоша сопруга, лоша мајка, распуштеница... ах.
Ама и јас сум моногамна и за себе не би прифатила отворен брак, тоа нема врска никаква со емотивната вредност и важност на бракот како институција. И јас и ти сме моногамни, јас не гледам никакво "унапредување" со брак, ти гледаш. Тоа нема никаква врска со отворен брак.
Толку сексуалност, а ич секс. Просто ме фасцинира бујна фантазија од премногу слободно време, и не ми се верува дека прикаски полни недоследности некој сеуште ги зема за озбилно. Знаете, ич не ме заболе за бракот на вајлд. Јас уствари сум убедена дека таа и маж и се љубат највише на свет. Највеќе, оти добри 90% од нејзините прикаски се продукт на премногу слободно време. Да секој може да се ебка со кој сака, бил во брак или не. Не е тоа ничива работа да се умара. Ама ако сте сите малку пореални лесно е да се признае дека ако некого љубиш од трепките па се ножните ноктиња, ќе го пуштиш да ебка други со твоја дозвола можда во некој друг живот. Ама не сте. И тоа е во ред. Нек ви биде. Иначе многу смешен е аргументот со "абе брат знаеш бракот од увек така бил, човекот не е моногамно суштество". Човекот толку многу еволуирал во овие 987486658+/- години се менувал и обликувал менталниот склоп толку многу, за денеска да си се правдаат со - абе не можам, посилно е од мене, природа бе брааат! Природно некогаш било и да веруваат дека џинџер биле вештерки и ги спалувале живи на плоштад. Дека хомосексуалноста е болест исто природно верувале. Што друго.. Ах да, дека Трамп ќе ја спаси Америка и Македонија ус пат. Oops, they still do that.
Па нели баш тоа е права љубов, да го прифатиш другиот таков каков што е, да го сакаш со сите негови карактеристики, дури и ако тоа значи големо либидо кое не секогаш е свртено само накај тебе? А?
Кога веќе пишуваме равенки, еве една биохемиска Сите заложници помеѓу нивниот личен хипоталамус и надворешните влијанија. За хормони праиме муабет. А вчера мислев дека не можам да ја направам темава постерилна. Понекогаш знам да се изненадам сама од себе
Љубов е 2 way street (Бар дур трае нели оти секогаш може да се фати кривинче). Ако неговото либидо врти накај поише сокачиња, љубов не ни имало in the first place.
Јас само би надополнила. Имало љубов, но не целосна, доволна само да мораш да ја надополниш со нешто друго.
Значи според тебе, љубов = сексуален нагон? Кога му се крева на порно глумица пример, не е заљубен во тебе?
Ајде игрици сеа, ти глумиш не сфати, јас ќе глумам дека ти објаснувам. Љубовта е сплет на емоции и плус секс. Не се изедначува само со сексот како ти што направи погоре. Ајде пак - Љубов е 2 way street. Либидо е секс,нагони шоидае. Абе види, и маж ми се пали на Ирина Шајк, а и јас имам очи.