Многу често имам размислувано на оваа тема и се уште размислувам и досегашните заклучоци ми се дека ова се вика посесивност и од преголема посесивност знае да се угуши љубовта ако другиот партнер не е толку посесивен. Можеби во случај на двајца посесивци со вакво интензивно фокусирано сакање на партнерот само за себе од трепки до прстиња и ноктиња на стапала си докажуваат и покажуваат колку се сакаат. Сепак мислам дека не ти беше поентата да доловиш посесивност туку длабоко љубење и припадност на еден кон друг. И јас го практикувам истото со партнерот дури и признавам дека имам прекумерна доза на посесивност. Најискрено тоа ми е најголемиот преблем да би вполовила во отворен брак, себична сум сакам само јас да би уживала, а посесивна сум и ми се темни при помислата тој да е со друга, а напати ме возбудува Сме разговарале него ете не му пречи, да не се повторувам. Да продолжам со муабетот што го почнав кој ти го начна, а на кој често размислувам. Тоа е дека кога сакаме некого искрено го прифаќаме со сите негови мани и доблести, со сите потреби и ако тој има потреба и осеќа задоволство од само имање секс без емоција со друга личност мислам која сум јас да го спречувам? Нели неговата среќа треба да е и моја среќа? И обратно кој е тој да ме спречува нели мојата среќа е и негова? Имам и читано литература на оваа тема која укажува дека во бракот не треба партнерите да се држат под стеги, треба отворено да комуницираат и без срам, искрено да си кажат кој што сака и да наоѓаат заеднички решенија за проблемите, потребите и се останато. Тоа е бракот заедница од двајца што се прифатиле такви какви што се и решиле заедно да растат и еволуираат, без тајни, со поддршка и разбирање најмногу еден од друг.
Ти го мешаш природниот момент со социјалниот. Поради разно разни причини некој може да верува дека хомосексуалноста е болест, дека е нездраво, таквите врски се соочуваат со осуда од околината итн. Тоа не го менува фактот дека без помош на модерна медицина, таквите парови не може да се размножуваат. Бракот е социјална и/или религиозна институција. Мене ме интересира што ви носи бракот, што не може да ви донесе врска? ( настрана административниот момент )
Па ако се пали на Ирина Шајк и Ирина Шајк се пали на него и заедно работат и секојдневно се во искушение, се што ги дели од див секс е твоето неодобрување. Значи сексуалниот набој помеѓу нив постои ама сопругот твој се воздржува затоа што ти не одобруваш. Некоја друга му одобрила на својот сопруг. Што е разликата од твојот сопруг и нејзиниот што се тиче сексуалност и накај каде е свртена? И двајцата се попалени по Ирина Шајк. Еве доказ дека неговото либидо свртило на друг сокак.
@Bridget Ти мажето твое го испраќаш со честитки кога ти најавува дека оди со други и зошто не? Тука лежи одговорот на твоето прашање. @Gloriana очигледно читаме различни литератури. Во тие јас што сум ги читала, лабилни личности подлегнуваат на примитивни нагони, другите еволуирале повеќе од тоа. Имаат потреба да задоволат нешто што им недостига, и ги убедуваат женичките дека плус тоа треба да се среќни за нив. Човекот е социјално битие. Бира партнер и се множи. На некои еден партнер нема да им е доволен и тоа е во ред. Нивни живот. @AmericanWoman темата е отворен БРАК. Не знам што сте се фатиле ко пијан за плод кога темата е тоа. Тоа е техничкиот назив. Јас секако зборам од перспектива на врската помеѓу двајца, ме заболе за папирите и дали се во официјален легален брак. Иначе да, со тој папир можам да си купам недвижност овде и тоа ми значи оти ќе си купам. На многу луѓе тој папир им е од емотивно значење. Некогаш и мене. Ама врската е фокусот, брак е насловот. Значи задржетесе на врската.
@Yowannty Едно е да збориме за љубов, верност, поврзаност, договор за моногамност пошто не можете поинаку итн итн, друго е да даваме изјави како што ти даде а тоа е дека ако се пали на други не постоело никогаш љубов. За отпосле да кажеш дека се пали на Ирина Шајк, као она нешто ван света е па дозволено е. Ирина утре за него може да е Трајанка со сензуалните усни и бујни гради, нема правило. Пошто луѓе бракови растураат затоа што се попалиле по некој/а па со заматени емоции и глава мислат дека тоа што го имале со сопругот/сопругата можеби никогаш љубов не било, да било немало да им се крене на колешката. Па у курац и деца и дом и спомени и се. Ко во некој срање романтичен Холивудски филм.
Ок, ко глувиот и немиот сме. Значи сопругот твој не е заљубен во тебе по твоја логика пошто се пали на Ирина? Добро е да се знае.
Тоа ќе да е читаме различна литература Јас кокретно пишував за прочитано од книгата: не од некој застарени селф-хелп психолошки книгички/ учебници, ама ако не ти е проблем и ако имаш време и желба можеш да ми посочиш каде конкретно се наведува дека '' лабилни личности подлегнуваат на примитивни нагони ''( кога станува збор за тема отворен брак ова)? Искрено и најферски те прашувам затоа што мислењево ме потсеќа на муабетите на мајка ми со која знaеме жестоко да подискутираме на оваа тема. Како мала и мене ми беше втемелен ваков мајндсет, ама како минуваа годините љубопитноста ме натерала да прочитам во стручна литература од искусни и едуцирани лица што мислат на тема неверства, отворен брак итн. и јас ваков впечаток сум добила од прочитаното. Иако факт е дека животот не се живее според правила на учебници и книги ама навистина ме интересира каде тоа што го наведе е напишано.
Од која година треба да биде книга за да не биде застарена? До "Мажите се од Марс, жените од Венера стигнавме"?
Не конкретно до оваа: A за застарени мислев на оние учебници во кои се уште хомосексуалноста се смета за растројство на сексуален нагон.
Книгата е едно огромно сра*е Учи дека жените глумат оргазми и дека потешко постигнуваат оргазми од мажите, дека не смееш да му кажеш дека те боли или не ти е удобно затоа што е "turn of" учи да не се жалиш за време на секс и ако имаш нешто нежно да му кажеш после сексот за да не му го повредиш егото. И се тоа во само едно поглавје од книгата Ако тоа не е застарено размислување - јас навистина не знам што е. Башка што книгата е за строго хетеросексулани односи и нема никаква врска со хомосексуалноста.
Пишував за книги/ учебници кој јас ги сметам за застарени, а тоа се оние во кои се наведува што е хомосексуалноста, а врска нема со реалноста. Оваа книга која ја дискутираме не е совршена, што е сосем нормално, ама дава друга перспектива кон гледање и толкување на неверството/ отворен брак, за другиов дел и поглавја од книгата можеме да дискутираме на други теми, конкретно за отворен брак јас толку би издвоила од оваа книга како нешто што ми останало во сеќавање
Какво друго толкување? Дека е за мажите нормало да изневеруваат а жените треба да се помират со тоа затоа што ги сака повеќе од онаа со која изневерува? Ако некоја книга дава некое гледиште со кое се согласуваш, фино би било и да го споделиш гледиштето Книгава исто вика дека кога на мажот не му е до секс жената треба да го остави и а се самозадоволи, а кога на жената не и е до секс, а мажот сака - треба да го задоволи и да имаат барем набрзина една партија за да не му го повреди егото
Фино би било, ама ете денес не сум во фините Шала на страна, книгата е поучна гледано од многу аспекти, а јас како што памтам не беше фокусирана само на изневерувањето гледано од полов аспект, конкретно изневерувањето беше опишано и од машка и од женска страна, а има и многу други сликовити и вербално убаво објаснети целини, ако си ја читала ќе ме разбереш на што посочувам конкретно
Не сум ја читала баш од причините што ги набројав погоре. Нема ни да ја читам од причините кои ги набројав погоре заедно со оа што ти тврдиш дека има нешто добро во книгата ама не знаеш да ми кажеш што е тоа.
Божеее, какви ерес книги читате Па и книги требало да читаш за да имаш маж Ништо, ко така, со мануал во брак влегување Ние што сме без мануал, фак ит ќе импровизираме нешто
Па јас лично приметив дека не си ја прочитала, прочитај ја до крај ( не вака вадено од контекст и само нафрлани мислења кои или не си ги доразбрала или некој погрешно ти ги интерпретирал) и ќе дискутираме на која тема сакаш во врска со книгава и кога сакаш и во живо ако сакаш