Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    И овде има теми и може да се зборува за секс.

    Оној кој сака, може да зборува.
    Кој не сака, не мора.
     
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    За себе кажувам што е добро и што мислам и што чувствувам. Темава не се 18+ содржини па да мижам. Колку толку има цензура на говор.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Немаш 18? :o
     
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Да бе мажена и малолетна сум. Ме даде татко ми за двогрби камили.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Ако не те интересира интимата од друг, не ми е јасно зошто си најактивна во темава?
    Многу се сакате со маж ти ама некако многу вознемирено делуваш од муабетиве
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    Епа ете, има и такви и очигледно не им пречи.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Интересно ми е. Како што пишав, се додека нема експлицитни детали, ме интересира едноставно. Башка забавна ми е темава некако, дознав дека бракот е уствари само папир, администрација, ѓаволштина наметната од црквата и државата. Човек учи додека е жив. Ја проста, верувам во бајки таму измислени.
     
    На tinka-mace и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Па нели ниту те интересира туѓа интима и сексуални преференци ниту другите треба да ги интересира?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Деталите море ој.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да се јави @WildMk следно со експлицитни детали :D
    Тоа било лекот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Слободно нека си пишува за сите порно абревијации, немам ништо против. Те толкав подфорум секс има, очи ќе ти истера.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Почитувам сечиј избор сѐ додека не ме засега мене.

    А, јас сум љубоморна и посесивна како куче. И тоа не сум скандалозна. Бетер, сама се јадам. Не би можела.

    Само мој , само негова.
    Тоа функционира.
     
    На A.n.g.e.l.a.V, crimson, Gloriana и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Е ако де,не се работи за осудување,секој нека си го живее животот како сака и како му одговара.
    Туку за мислење за концептот на отворен брак,кој јас лично не го оправдувам.
    Впрочем и за тоа е отворена темава,нели?
    За мене отворен брак е изневерување со одобрување,за да се избегне обострана грижа на совест.
    И ништо повеќе од тоа.
    Страст кон партнерот изгубена,интима не постои,кај партнерот постои незадоволство и животното во нас бара начин.
    Некои ќе се договорат со партнерот,некои ќе се швалерисуваат.
    И едните и другите ќе се почувствуваат уште еднаш пожелни,нешто што фали во односот што го имале,а ќе останат во брак зошто е потребен можеби и функционален на други полиња.
    И може секој ден да имаат такви излетници во животот,а не повремено, зошто не.
    Тогаш повеќе не се само двајца во бракот туку 4.
    Кој за другарски разговори, кој за интима.
    И на крај се поставува прашањето
    зошто се во брак?
    Поради тоа што го збориме администрација или кредити:D,бидејќи нивото на интимна поврзаност отишло бестрага.
    Па после доаѓаме до истражувањата кои велат дека отворените бракови најчесто на крајот завршуваат со развод.
    Зошто, веројатно затоа што без разлика што бракот е традиционална и општествена заедница тој сепак се склопува од љубов,интимна поврзаност меѓу двајца луѓе. @CameliaMiller
    Па така бракот како заедница би требало да е многу повеќе од парче хартија кое би послужило доколку дојде до некои адм.зафрканции.
    Е сега ако е некој среќен во заедница во која ќе продефилираат и многу други луѓе,и тоа ги прави среќни јас немам што да ги судам.
     
    На ForeverYoung, Gloriana, Guns N` Roses и 9 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.034
    Пол:
    Женски
    Па види, бракот за огромен дел од популацијата е ради притисок а не од љубов. Еден куп луѓе знам што се омажија/оженија ради тоа што од дома имале ненормални притисоци, заради околината, ради непланирана бременост etc, etc. Во помаливе градови па која стигма владее за немажени жени, куку мајко. Јас досега не сум присуствувала на ниту една, 0, со зборови нула семејна прослава а да не ми ја пукнат дундава со тоа кога ќе се мажам и кога ќе раѓам деца.

    Финансиски момент е огромна компонента во сето тоа, односно платите во државава каде сам човек е многу тешко да се издржува. Друго е кога двајца носат и заедно си плаќаат трошоци. Кредити ич да не спомнуваме, тоа е како да потпишеш пакт со ѓаволот ако не си сигурен во својот партнер.

    Некои едноставно се чисти формални другари кои се појавуваат на прослави заедно, за пред народ што се вика, а дома се странци кои може да спијаат на ист кревет а да имаат гигантска празнина меѓу нив.

    Како и да е, нивно си е.

    Јас свесна сум дека во животот единствена промена е константанта. Да, сега со дм сме заљубени еден во друг, преубаво ми е, не ни помислувам на трета личност. Ама тоа е сега, после година и нешто заедно. Каква ќе бидам за 10 години, како ќе биде партнерот исто за 10 не знам. Не можам да гарантирам дека цел живот ќе се сакаме исто како сега, дека нема нешто да се случи, или едноставно нема љубовта и комфорот да спласнат.

    Јас најискрено, најмногу би сакала тоа да не се случи. Ама не можам да гарантирам дека нема да е така. И сум кажала, ако дојде до тоа, ако се случи некоја друга личност да сака да ја има, да пројави емоции кон друга, да испарат истите према мене да ми каже. Дали ќе одлучуваме да експериментираме, да правиме отворени врски/бракови или едноставно да се разделиме не знам. И не можам да знам се дури не ми дојде мене лично таа ситуација. Не знам ни јас како ќе се осеќам во тој момент. Ама знам дека не сакам да ме лаже, да иде со други, да прави нешто колку да зачува некоја фарса. Стојанка од карши што ќе каже не ме интересира, сакам да има искреност. Ништо друго. И кажано е ова, се надевам дека ќе се придржуваме и двајцата до истото.
     
    На black-angel, cresa-jagoda, fana и 11 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Многу бракови секако завршуваат со развод, а некои не завршуваат, а треба.

    Е сега, како лично ја поимаме заедницата со тој некој - веќе е друг муабет.
    За мене е се' тој, ама не чувствувам потреба да сум во брак за да "докажам" и пред себе и пред него.
    Некои пак, сметаат дека заклетвата пред бог ги носи на некое поважно ниво.
    Мене, за моето поимање на животот општо, тоа е лејм, ама пак - за некого е побитно од најбитно.

    А пак, и јас, и тие, имаме шанси да се разведеме, што е сосема ок работа, ако бракот, заедницата не не' исполнува повеќе или сме несреќни во истата.

    Во таа смисла пре би да се разделам од него, него да го делам со друга(и).

    Од друга страна, постојат луѓе кои преферираат не само индивидуални излети, ами тројки, четворки, оргии итн. Очигледно не можат тројца да се венчаат, ама нема зошто да е проблем тројца секс да имаат... преференца е.

    Дали е нагон, дали е желба, ако сите тројца се среќни со уредувањето, јас сум среќна за нив.

    Тоа што јас никогаш не би собрала храброст за тројка пример, е друга работа. Некој собрал, арно му е, задоволува потреба, исто како јас со избраникот, сабајле тера со животот.

    Да, за себе апсолутно не ми одговара таков, да речам богат и живописен сексуален живот, ниту би можела да поднесам друга да го пипне мојот, а не се сметам (генерално) за посесивна, сфаќам дека има луѓе кои веруваат во апсолутна слобода, па и ги возбудува, да знаат/гледаат дека избраникот има односи со друг/а.
     
    На fana, Gloriana, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Море, се испое*аа луѓево дур ти збориш :D

    Не знам дали се премлади @MissChievous на пример, ама во реалноста, да, постои многу повеќе неверство него што би сакале да признаеме. Ниту е нешто ново тоа.

    И понатаму не е ок, ама постои, партнерите или не знаат или се прават дека не знаат, браковите си продолжуваат со постоење, и никој не збори на темата, пошто, обично, засегнати се само изневерувачот и изневерениот.

    А се' би било подобро кога би играле сите со отворени карти... не е секој човек скроен за да биде моногамен и тоа е ок. Не е ок што си ги лажат мажите/жените. А за секое грнче постои капаче.

    Изневерувањето никогаш нема да престане да постои, е може ќе се намали ако луѓево станат поотворени па се договорат околу отворени бракови. А некои пак ги возбудува целото тоа изграње жмурки.
    Ама тие се ептен scum според мене, пошто свесно и намерно некого повредуваат.
     
    На fana, Gloriana, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Не знам кој паметен има кажано - се што е човечко, не ми е туѓо :)
    Во превод, кога ќе се родам со истите генетски карактеристики како некој/а, кога ќе го имам истиот скрос до детал живот како некој/а и ако тогаш не ги направам истите работи како тој/таа, тогаш можам да судам.
    А пошо тоа не е возможно, едноставно не можеш ни да судиш.
    Имам кажано неколку пати, сите од нас во еден момент од животов си имаме речено - Јас така? Никогаш!
    И знаеме колку траело тоа никогаш :)
     
    На fana, Gloriana, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.308
    Допаѓања:
    259.456
    И двете се далку од Госпожи.
    Првата очигледно знае дека маж ја вара, али пробува да се убеди себеси дека не е така. Пази молим те, он вара, ама го гушат дома. Типично оправдување на оние кои изневеруваат.
    Ако те гуши, седни и разговарај. Ниеден брак не може да опстане и да функционира вака.
    Со лаги, кога тогаш ќе пукне.
    Вторта, пак, седи и трпи секакви заради парите.
    Или нема кај да оди, оти знаеме како е да се биди самохран родител овде, или и она истото го прави, па и одговара.
    Во секој случај, ниедна не е Госпожа, аѓаи двете избрале вака да живеат.
    Инаку, и од нивните ситиации има излез, ама треба само да сакаш.
     
    На Tajnaotrovna, Gloriana, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Океј, не го оправдуваш, ни јас не го оправдувам, ама...не правам проценки зошто така се договориле. Има луѓе кои едноставно не се моногамни и сакаат излети на страна, а пак да си го сакаат и посакуваат партнерот. Од каде знаеш дека немаат страст во бракот, нема љубов, нема интима и се незадоволни? Можеби повремените излети им помагаат да си ја одржат страста во бракот како што нам моногамните експериментирањето ни помага... Можеби бракот им е пофункционален од многу моногамни бракови што ги има околу нас, можеби е пофункционален од мојот или твојот брак, ама тоа на крајот на краиштата, не е моја работа.

    Колку изневерени жени има, колку бракови каде што страста е изгубена, мажот или жената шараат наоколу, другиот не знае или му одговара да не знае. Многу бираат да останат во таква нездрава средина од икс причини, најчесто ради децата или поради парите, покривот над глава. Што е полош отворениот искрен брак од таквите неискрени заедници?
     
    На danichap, fana, Gloriana и 4 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Јас пак ќе прашам? Зошто брак, ако грото не го гледаат како алтруистичка желба, туку интерес?

    За станбен кредит не ти треба сопруг, туку жирант, хипотека и нормално, солидна плата. Феминизмот е премногу вкоренет во темите, а сепак, бараме партнер со кој можеме да делиме трошоци за рата.

    За потомство, ти треба сперма. Има банки за истото. Ако не ја најдеш љубовта, зошто да го трошиш животот на небитна личност да фигурира само како татко, но не и сопруг. Познавам куп самохрани успешни мајки, кои едноставно решиле да имаат дечиња, но исто така имаат доволна љубов како за двајца родители за детето.

    Ако постои притисок од семејството, тоа не е проблем на семејството, туку ваш, што не знаете да се изборите за своите желби и интереси. Ми е гајле бабата ако пукне што не сакам да се мажам.

    Ако ти треба за преселба од државава, сеуште постојат канали за издавање на бугарски пасоши за одредена солена сума, а потекло да немаш.

    Бракот не е гаранција дека ќе постои forever after. Но, е крунисување на многубројни авантури помеѓу две птички заљубени. Барем јас така го разбирам и не сакам да верувам во спротивно.

    Интересно е што на форумот излегуваат нечиви алтер ега. Ако не се чувствувате убаво од терминот и самата установа ,,брак", чуму тогаш си правите чемер, за да задоволите туѓи желби.

    Навистина и се дивам во случајов на Вајлд, барем знае што сака и нема воопшто отпор и срам од своето јадро.
     
    На eliesaab, Gloriana, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.