Da dopolnam samo: Ako ne si vo brak, a ne daj boze umre mazot zenata ne moze da ja zeme negovata penzija..
Посериозно здравје. Од една страна ги браниш ставовите на Вајлд и си океј со нејзините ставови, од друга страна, ме цитираш на секое за контра да ми идеш, само затоа што верувам дека бракот е условен со љубов пред се. А истото го мислиш. Не те разбирам, ама твое си е.
Може ТВОЈОТ брак да е условен со љубов, по ТВОЈА дефиниција за истата. За да склучиш брак не ти бара државата доказ дека се љубите. А и што е љубов, не значи дека твоето поимање е најправилно. За тебе е. Не е за сите.
Државата никако не ти бара да склучиш брак. Ти си таа што поднесува барање за склучување во матично. Не ти дошла државата во твој двор да одлучува за тебе кога, каде, зошто треба да се омажиш. Јас навистина се чудам овие сами што живеат, како успеваат. Мојата дефиниција за љубов е детска, јас свесна сум за тоа, но детската љубов од друга страна е најчиста и вистинска. Ти ја гледаш од друг аспект, со твои зборови и со твои чувства. Но, љубовта е таа, ист збор, различна перспектива. Но, да реагираш така на моите гледишта на љубовта, како погоре со потсмев, кажува за тебе, не за мене. И е контрадикторно на она што цело време го пишуваш за тоа кој што сака треба да си прави и кој како сака да се чувствува.
Апсолутно тебе не ти се потсмевам. Само ти кажувам дека твојата дефиниција за љубов не е, и не може да биде, единствено исправна за сите. Твоето поимање на љубовта е твое право, исто како и твоите услови за стапување во брак, но ни тие не се за сите исти. А државата, веќе ти објаснив, ако сакам мојот сакан да се рачуна за мој најблизок (што де факто е) бара од мене и де јуре да биде, односно да склучам брак.
Едноставно, сѐ си зависи дали кај човекот преовладува потребата за да се чувствува дека припаѓа некаде, којашто и би го натерала да се обиде да ги пополни недостатоците во рамки на самиот брак, или пак, потребата да биде исполнет да се чувствува допадливо, живо и поважно е да не се помине долго време во поттиснување. А, сѐ ни е во главата. Тоа сум го забележала кога сум се лишувала од одредено количество и одреден вид храна. Ништо не ни е толку итно потребно колку што потсвесно одлучиме дека е.
Тргнете го од глава тоа дека во отворен брак нема љубов. Замислете дека има. Колку и да ви звучи нереално таквата изјава. Што всушност и не прави разлика во муабетов, оти и да влезе некој во брак поради други причини, а не љубов, сеуште нивниот избор не е ваша работа. *рушење предрасуди
Не е наша работа, но сепак се споделува за да коментираме. Да сакаше да си го правиш филмот, немаше да те интересира туѓото мислење нели? И моја работа е како се чувствувам јас во однос на тоа прашање. Колку што за тебе е во ред, толку за мене не е. Јас не ти судам, туку не се согласувам со идеологијата на отворен брак. Првото мое мислење на темата не алудираше на тебе, туку општо. Тоа е исто како пример јас цел живот сакам да конзумирам месо, а споделувам во тема каде има и вегани. Ќе се најде некој да даде своја перспектива и гледање, што мене нема да ми се допадне. Но, ни јас ниту пак тој не сме во право. Единствено сме во право сами за себе.
Сакам да разменувам мислења. Затоа сум и на форумов. Форум - a meeting or medium where ideas and views on a particular issue can be exchanged. Ти за што си на форумов?
Разменуваш мислење, а велиш не е ваша работа. Кога нешто споделуваш јавно, буквално е сечија. И ти си со предрасуди за брак составен само од две лица, па никому ништо. Ти си во право за тебе, јас за себе. Дека ќе ми се смени преку ноќ мислењето нема, како и на тебе. Јас, ти посакувам среќа и хармонија за одлуката која си ја донела. Дека е правилна, за мене не е, дека мојата е правилна, за тебе не е. На крајот од денот испаѓа дека јас и ти сме две жени со спротивно мислење, но цврст став за борба во она што веруваме. Па и не сме толку различни.
Ти сеуште си во право за тебе, ама не си во право за отворениот брак. Не си, затоа што не си во таков и не можеш да знаеш на што се базира. Второ, нашиот отворен брак, е поинаков од другите отворени бракови. Кога ќе пише некој друг што е во таков брак, ќе научиме и нови погледи за тоа како може да функционира истиот. И нема јас да им се дурнам и да им речам: “Не е нормално“, “Не се сакате“, “Не сте среќни“, “Не сте исполнети“ итн. Знаеш зошто? Затоа што не знам дали се сакаат и дали се среќни и исполнети. За 'ненормални', не сакам ни да образложувам, оти вашето 'нормално' и туѓото 'нормално' не се исти и никогаш нема да бидат.
Вајлд не треба да се правдаш за она што длабоко го чувствуваш. Не барај истомисленици и не барај подршка. Не ти треба, доволна си си сама за себе. И пак ми наметнуваш твое мислење. Тоа е твое гледиште дека јас не сум во право, што не го прави повеќе или помалку точно. Не можеш мене да ми сугерираш за нешто во што не верувам. И нема да ми се смени мислењето, како што тебе нема. Пак ќе кажам, уживај си и свиркај си, мое мислење, на Цацко, на Тошо не треба да те дира, како и што мене не ме дира што ме прават ненормална за моите чувства за бракот.
Не се правдам. Објаснувам. За да научите нешто што не знаете. Не наметнувам мислење. Споделувам знаење за нешто што не знаете. Еве на пример, не знаете дека може да има љубов и слога во отворен брак. Знаеш... како информација за некој што не знае. Не можеш да тргниш со предрасуда и да претпоставуваш дека знаеш се' за туѓ живот, само заради тоа што нешто не се вклопува во твоето поимање за 'нормално'. Да си го тргните од главата тоа 'ненормално'. Не знам како попластично да објаснам...
Го знам терминот, ако ми треба едукација ќе прочитам нели. Меѓутоа не го прифаќам, тоа се коси со сите мои верувања кои сама сум си ги создала и осознала. Што ти е целта? Да ми го наметнеш твоето мислење, да го правам истото, а длабоко и површински не сакам. А не сакам ни да пробам, не е едноставно моја желба, немам потреба, не знам како да објаснам. Не е ни убаво, јас да ти трубам да седиш на една столица, ако ти се седи на 10 други. Е тоа е ненормално (за трубењето, не твојата желба) Истото го правиме двете, само што ти со повеќе луѓе, јас со еден.
Не мора да го прифатиш, не мора да го живееш ти. Ама не можеш да им кажуваш на другите дали треба да одберат таков брак (или било каков), па уште да им кажуваш дали се сакале или не се сакале. И апсолутно немаш право некого да наречеш 'ненормален', само заради тоа што ти не го одобруваш неговиот начин на живот. И ова важи за било која животна одлука, не само за брак.
Пак ќе кажам, ако нешто се споделува јавно треба да сме спремни за било какви реакции. Некој се согласува со моето мислење, некој не. Самата кажа дека тука сме за дискусија. Во една дискусија не секогаш работите одат во твоја полза. Сите тука сме различно воспитувани, различни патишта различни преференци и просперитети. Да бевме сите исти, немаше ни за што да дебатираме, животот ќе ни беше досада до бола. Најди ми мислење дека сум рекла дека си ненормална. Каде е? Сама себе ќе се банирам ако сум се послужила со навредлив коментар према тебе лично. Можеби на таа ситуација сум изразила такво мислење, ама не знам што тоа те погодува. Како да се идентификуваш само поради твоите преференци. Ти си повеќе од тоа.
Како што и ти не мора да попуваш дали секој треба да биде брутално искрен со партнерот и што треба да споделува а што не. И ти треба да сфатиш дека секој брак си е приказна сама за себе и ако бараш од другите да не дискутираат нешто што не знаат, тогаш и ти немаш право да дискутираш за однос во кој не си вплетена. Сите уствари. Без напнување.