Не попувам. Кажувам јас како правам. Не фатив некој за врат. Спремна сум за туѓите реакции, и за моите реплики.
Можи гњавам за искреноста, ама не им велам дека се ненормални оти си ги лажат партнерите. Ако можи и тие да не ме викаат ненормална, или ако не, да почнам и јас да ги ословува така. Мислам дека добро се држам до сега.
Со тој што те нарекол ненормална можеш да збориш како сакаш, јас зборам општо за твоето попување кое не е наменето само кон одредени, туку за сите. Не можеш вечито да бидеш жртва затоа што еден, двајца или тројца те нарекле ненормална и на секое тоа да го потенцираш, и кај што треба и кај што не треба.
Нашето,а и повеќето други земји се општествено законски уредени со цивилен брак,меѓу двајца. Отворен брак како опција не постои освен полигамен брак во некои друштва кои не се цивилизациски развиени колку друштвата(исламски држави,Непал,Тибет,афрички заедници),со цивилен брак меѓу две лица. Ме интересира колку од вас кои практикуваат отворени врски во брак би влегле во полигамен (и негови видови )брак доколку општествено таквиот брак си добие легализација.
Па не е во ред. Не само за отворениот брак. На секоја тема имаш 'паметни' за кои 'ненормални' се сите оние кои не мислат како нив. И ќе трубам за искреноста. Оти цврсто верувам дека за здрав однос, потребна е искреност. За се', не само за секс. Како не постои отворен брак, кога постои? По твојата логика и бракови во кои се изневеруваат партнерите не постојат пошто 'општествено законски уредено со цивилен брак меѓу двајца'.
Пa тoгaш и другите oстaви ги слoбoднo дa трубaт зa рaбoти зa кoи се цврстo убедени. Акo се убедени декa тaму кaде штo пaртнерите се сексaaт сo други и oтпoсле си рaскaжувaaт дoмa, не е прaвa љубoв туку пoвеќе другaрски oднoс или вaтевер, ќе ги oстaвиш нa мирa a немa дa ги "прoсветлувaш" пoштo и ти не знaеш зa туѓ oднoс пoвеќе oткoлку штo тие знaaт зa твoјoт. Немoј дa мислиш декa ќе те извaди 'искренoстa'. Пoштo не знaеме, a и ти не мoжеш дa знaеш дaли вo твoјoт брaк пoстoи искренoст целoснa зa мнoгу други рaбoти, a јa прoпoведaш кo ти и мaж ти дa сте јa измислиле.
Значи оние кои имаат спротивни мислења се глупи, патем не е мој збор, штотуку го стави во наводници терминот паметни. Ако си борец за човекови права, ќе ги почитуваш сите луѓе, без разлика на вера, нација, религија и општо мислење и желби. Во случајов, тебе те погодува, што грото се за еден традиционален брак, а не го делат твоето мислењето. Но, имаш подршка од сите членови тука, да си го живееш животот каков што ти го имаш зацртано. Јас тебе те почитувам поради твојата одлука, но почитувај ја и ти мојата. Ти сметаш дека луѓето се полигамни суштества и си против, на некој начин, бракот каков што е диригиран во однос на легална и традиционална рамка. А за искреноста, никој не коментира. Ти си искрена во брак од отворен тип, како што тврдиш, јас сум искрена во брак од затворен тип, како што тврдам. Edit. Да не мислиш дека сум затуцана, да одам со вили и факели по оние со различни верувања. Пример, ја прифаќам идејата да се склучуваат истополови бракови. Но, идејата, за МЕНЕ, во однос на отворен брак е апсурдна и би се развела доколку не наидам на исто мислење од партнерот. Така јас ќе бидам среќна, да најдам некој, чие внимание ќе биде насочено према мене 24-7, а од друга страна партнерот ќе може да си биде слободен да биде со други. Поискрено и подобро здравје. Полошо и побезобразно би било да седам во брак и да потиснувам нечии интереси и емоции, така губам јас, така губи партнерот. Но, кога ќе најдеш некој на исто рамниште со твоето, чуму експерименти, кои можат да донесат само несреќа.
Се согласувам со се', освен со болираните. Не сум против традиционален брак, и не мислам дека експеримети носат несреќа. Тие може да се убедени, ама не се во право.
Ха, немој не ме смеј. Како што и ти си убедена во работи што не се секогаш во право. Кој да знае, секој си коментира што сака. Затоа, или прифати така како што е, збори си за своите убедувања и пушти ги останатите да зборат за своите и престани да глумиш само ти жртва, или пази што збориш па може и другите ќе почнат да пазат.
Нека бидат убедени колку што сакаат, ама не можат повеќе да знаат за мене, од мене: или повеќе да знаат за било кој, отколку тој самиот. Предрасуда е, не е факт. За нив можат да си кажат, не за другите.
Ама не е исто да му речиш на некој 'треба да си искрен со партнерот' и 'не си искрен со партнерот'. Ако не ми кажи дали е искрен или не, од кај да знам јас? Или ти, или било кој for that matter.
Па предрасуда е да речам дека не го сакаш маж ти, а тој заклучок да го донесам само поради некоја твоја одлика која ја знам (белкиња си, не го сакаш маж ти-пример). Не знам за сигурно.
Нема што да им збориш, сами си знаат. Директно нема да им се обраќаш, можеш општо став да си кажеш, како што можат и тие. И се додека не те ословат со име т.е ник, нема потреба од жалење.