Не ти е малку незрело толку отворено да збориш со пријателки за интимен чин, кој е посебно убав затоа што тоа се моменти кои ги споделуваат само партнерите. Ама ти си модерна, што разбираме ние
Ма обични жени се.. ко вас... никогаш не би помислиле дека прават такви работи. Не се како мене, не се отвораат секому, не се во отворени бракови. Зошто да ми е срам? Не сакам муабети за домаќинлуци и оговарање... Не одам на кафиња кај комшики, не ме интересираат површни муабети. Зборувам за социјални, општествени, научни теми..
Абе оваа Вајлд изгледа сите не трола на велико Кај има време за швалерај покрај форумов од јутра до сутра
Мене овој концепт на брак ми е многу пореален одошто регуларен брак. Зошто? Оти и јас не верувам во моногамија, иако не сметам дека јас можам да имам таков брак и ако посакам постојано да бидам со други веројатно ќе се разведам, знам дека ваков брак ако има 100% согласност би функционирал многу подобро, партнерите не се лажат, не се изневеруваат зад грб, лојални се, заразлика од вториве. Барем јас денес знам многу, ама многу палку парови и во врски и бракови кои не се изневеруваат и не прават ништо зад грб на патнерот, што значи автоматски што овој брак е подобар од првиот. Ова ме натерало да не верувам во моногамија. Тоа што не би издржала во ваков брак е зошто многу сум посесивна, не љубоморна туку не сакам некој друг да го има тоа што е мое. Верувам дека Вајлд има многу посупешен и посреќен брак, а и поисполнет богами од многу други парови. Така да, кој како си милува.
Кога веќе би стапувал во брак, би гледал да е со личност со која не би посакал после одредено време да дојде до степен на "отворен брак". Ако веќе сакам отворени врски, воопшто не би ни влегувал во некоја посериозна.
Какви сте човече, ако некој е различен од вас и прави нешто што вие не можете да го замислите одма лаже. Бреј.
Скоро сите мажи од форумов ми пишале ЛП, поради мојата отвореност на темите за секс. Можам да заклучам, дека сите мажи сакаат отворени жени, ама не оние што се нивни.
Лично јас не би била во ваква врска или брак. Ептен би ме повредило ако дознаам дека маж ми има фантазии или пак врска на страна, во состојба би била да ставам крај на се што сме граделе заедно.
@WildMk Како би му го објасниле вашиот брак на вашето дете ако еден ден разбере дека родителите се во отворен брак? Што би направиле ако детето ви каже се срами што има такви родители? Првото прашање важи и за Ако разберат и вашите родители ? Незнам дали имаш објаснето за ова, колку што те читам не памтам да се имаш изјаснето на овие прашања.
И еве, ако е ова вистина ме интересира нешто. Зашто остануваш во брак, кога е очигледно дека ти воопшто не си за брак? Или е само од страв, дека се ова ќе мине и ќе останеш сама? Се знае што е брак, се знае како функционира. Ако ти треба само некој за во старост, изнаживеј се па после мисли му ја.
Ќе им кажам како што е. Ќе мораат да прифатат. Не правиме криминал. Колку пати треба да одговорам на ова прашање? За мене ова е добар брак, за тебе не е. Крај на муабетот.
Па си кажа жената 100 пати зошто е во брак, убаво и е, не е за изживувањето или од страв дека ќе остане сама. Еден од основите на кој се темели нивниот брак и што уствари ги прави среќни е тоа дека и на двајцата им е тоа фантазија, ги возбудува и им ја прави врската повозбудлива и поисполнета. Не ми е јасно како не можете да разберете која и е поентата.
Даааа, баш на маж ми вчера му фатив порака. Ама го разочарав оти на маж пишал. Лајк сите што мислат дека Вајлд е маж и суши лаже!