Сигурно не за да дискутираме за она што ти мислиш дека треба. Нека ти зборат како сакаат, лајкови ќе им ставам пошто гледам дека си едно манипулативно и лицемерно суштество.
Не знам, не ме интересира да дикутирам за како другите дискутираат. Затоа и се воздржувам од задлабочување на темава, за да не дискутирам луѓе туку стриктно темата. Предрасуди е толку злоупотребуван збор што значењето буквално му стана "се што мене не ми се допаѓа е предрасуда". Мислам дека никому не му користи такво "украсување" на желбата да скратиме нечија слобода на говор. Да, се обидуваш да ускратиш туѓа слобода на говор со тоа што нарекуваш предрасуда се што не ти се допаѓа. Често луѓето ќе кажат работи што не ни се допаѓаат. Барем на форум има едноставен начин да се заштитиш од нив, имаш копче за игнор ако не си способна истото да го направиш самостојно, без надворешен механизам. Полемиризирање многу често нема да те доведе ни до решение, ни до промена на нечие мислење, посебно не во дигиталниот свет кај што сите мислат дека се во право и дека единствено нивното мислење е апсолутно точно.
Предрасуда е да тврдам нешто за тебе, за кое 'сум сигурна' дека е така, само поради некоја твоја одлика која ја знам. Пример: Сигурно се омажи за странец заради пари.
Предрасуда, Реин бриши одма Ех Вајлд, па ти беше таа што на основа на тоа што знаев што се IP адреси измисли цела приказна за мене, иод каде сум, и кај работам. Уште пола форум мисли дека сум на некоја голема позиција во Вип вработена. Тоа се муабети од тебе што излегоа. Чисти шпекулации, дури не се ни предрасуди. Муабети за пред селска чешма. Имаш право да кажеш дека сум се омажила за странец заради пари. Јас нема да седнам тука и 5 дена да те убедувам дека не е така. Ќе ти се насмеам на лудата лејка и ќе си продолжам со животот. На нас лично е да си ги ограничиме предрасудите и да не ги шириме наоколу, оти да сакав и јас можев куп предрасуди да донесам на темава. Еве пример, нешто што знаеш и самата дека го мислам ама не го кажав на темата за да не дикутирам луѓе туку строго темата: Отворениот брак ти е бегање од реалноста затоа што не си доволно психички стабилна да имаш мир во моногамна врска, не си среќна па мислиш дека такви сексулани излети ќе те усреќат. Штета што ни сама не си свесна дека тоа бегање од реалноста е само магичен круг и дека оној налет на допамин и серотонин кој го добиваш после таков излет брзо паѓа во уште поголема негатива и те прави да се чувствуваш помизерно отколку што би се чувствувала ако воошто не си отишла на тој сексуален излет. Од друга страна, јавна тајна е дека скоро и да немаш секс, без разлика дали е со маж ти или со други. Така да, буквално: помалку зборење, повеќе акција.
Сама си кажа дека во ВИП работиш(тогаш) и дека ќе си ме најдела која сум и кај живеам. Не те погоди, ама цел реферат со навреди изнапиша. I rest my case.
Апсолутно никаде не те навредив. Само ти кажав да не прави на други што не сакаш тебе да ти прават. И одговорно тврдам дека оној делот со ВИП никогаш не се случил Така да Се надевам дека you rested your case, може слободно ќе се научиш и да игнорираш нешто понекогаш
Предрасуда е да тврдиш нешто, врз основа на делумно или целосно непознавање. Предрасуда не е кога создаваш став врз основа на одлики кои веќе ги знаеш за него. Не се работи за незнаење и не, ти не си просветлувач иако неосновано и скроз егоистички сама си ја доделуваш титулата по темиве. Еве има луѓе кои знаат дека секакви бракови постојат, ама не ти веруваат лично тебе. А тоа што имаш потреба да се убедуваш оти си ја имаш мувата над капата е скроз друг муабет.
Кој брачен пар сака да си функционира така, нека си тера живот, не се мешам, нема ни да приметам. Ама да ми попува некој дека тоа е нормално и дека така е супер, не ми се допаѓа. Сеуште таквите бракови ЗА МЕНЕ се табу тема и несакам ни да ги коментирам од причина што ЗА МЕНЕ тоа не е во ред. Реков, ЗА МЕНЕ бракот е заедница меѓу маж и жена која би требало да трае долги години и се базира на заедништво, единство, доверба и наклоност еден кон друг. Нема други, нема трети.
Аха, по тоа што знаеш за мене, заклучи дека не го сакам маж ми. Јас велам ја го сакам, а ти не го сакаш. Ем 'не сакаш да коментираш', ем коментираш. Чудно...
@WildMk А да се сложиме, да не се сложиме? Полесно е за сите. Моето мислење за тебе е толку небитно, ти ќе си продолжиш да ја браниш својата кауза дека е правилна, совршена и дека е модел на успешен брак, а јас ќе си продолжам да верувам во традиционален брак, условен од две индивидуи. На крајот од денот двете сме среќни, разликата е што мене среќата ми е дадена само од една индивидуа, тебе од повеќе личности.
Епа Вајлд, дебата нели... ...ама еднаш се кажува свој став или искуство. На секој да му реплицираш и да убедуваш, баш и ...
Ама нема што “да се сложите“ вие, за тоа дали јас го сакам маж ми, дали ме боли меот, дали сакам плава боја. Јас можам само да кажам за тоа, пошто вие не знаете. Што те убедувам?
Да се сложиме дека дека не се сложуваме, ваљда е појасно, во однос на нашите размислувања. Мене не ме интересира дали го сакаш маж ти. Стварно ми е гајле. Говориме стриктно за отворен брак, како модел, што на некој одговара, на некој не. Зошто мешаш лични работи? Општо се говори. Зошто тоа толку те вреѓа. Мене не ме вреѓа, ти што мислиш за мене и мојата идеологија. Тоа се твои мисли, што во никој случај нема да го афектираат квалитетот на мојот брак, а и обратно, би требало. Не знам зошто толку те погодува што некој не се сложува со таа тема.
Вие мешате. Секој втор пост е: Нема љубов во отворен брак.. Можеш да речеш, како Јованти, дека мене не ми верваш, ама дека никој во отворен брак не се сака, не е во ред.
Стварно си ко пијан за плод. Ти можеш секако од се да извлечеш заклучок како што ти сметаш дека треба, епа така и јас. Е така може.