Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.804
    Пол:
    Женски
    Како мислиш од глава да го тргнат? На некого и да му забраниш нештото да го напише или изговори, не можеш да му забраниш да го мисли. Ако е за да ти угодат, можат и спротивното да го речат, но нели ти лажење не сакаше. И разграничи ги работите, не верувам дека некој напишал овде “Вајлд е ненормална“, сигурно за отворен брак како појава се изјасниле дека не им е нормално.

    И ова:
    За некого не е тоа љубов :D Да го гледаа како љубов, сите ќе беа во отворени врски и бракови. Сфати дека не верува секој оти може да биде “сакан“ на таков начин. Партнерот додека му е со други, демек го сака, ветар. Можи има некоја љубов, ама недоволна по мое. Замисли потребен е партнерот за нешто итно, а нему исклучен телефонот дур тера ќеф со трети личности.....да е за работа, ОК, пари се во прашање, егзистенција.....ама вака не изгледа ОК ич.
     
    На Vitaly, eliesaab, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Уште полошо... сите кои се во отворен брак ги навредувате.

    Точно. За тебе не можи да е љубов ако се ебаш со други, за мене е.
    Тука завршува тој муабет.
     
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Па за мене нема љубов, не за тебе. Тоа е мое мислење побогу. Јас доколку се најдам во ситуација, партнерот да ми предложи такво нешто, ќе сметам дека веќе не ме сака и почитува. Така мислам, така тврдам за себе. Колку е точно, нека суди некој друг.
    Ама ти сметаш дека има љубов и разбирање, дека совршено функционирате и тоа е сосема во ред.
    Колку си ти во право, толку сум и јас.
     
    На buba4e89, Vitaly, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не можи да си ти исто во право со мене, за тоа дали и колку ме болел пораѓајот
    Јас раѓав, не ти.

    Со рестото се согласувам.
     
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ова не ти е во ред воопшто. Размисли со ваков пост, кого и што афектираш.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.780
    Допаѓања:
    141.911
    Кога некој сака да навреди една група на граѓани, ги вреѓа притоа викајќи, со мали исклучоци.
    И сите си мислат дека се у исклучокот и раат се.
    Така и вие, со вајлд ќе и викате вака:
    Според мене тие што се во отворен брак се незадоволени од партнерот и бараат авантура и задоволство со друг, со чест на исклучоците, нели Вајлд.
    Така нема да в реплицира на секое, оти тоа е ваше мислење и став, кој не се однеусва на неа. Иначе ке вика дека ја вреѓате и ќе ве тужика.
    Бидете политичари малку, ајде сеа.
     
    На Ygritte, mode-kristina, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Кого?
    Правев паралела за чувство кое јас го чувствувам и само јас може да го знам какво е.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Политичка коректност се вика тоа.
    Знам дека знајш. :)
     
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Од каде знаеш во каква состојба сум, па да коментираш за такви лични работи. Споредбава ти вришти, уште повеќе вришти фактот, што не ти текнува што пишуваш.
     
    На Vitaly, tina2018, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    А од каде знаеш ти дали го сакам маж ми?
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Не знам, а и не ме интересира.
     
    На zuto, tina2018, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Е де... и јас не знам во каква состојба си и не ме интересира, и не те убедувам дали го сакаш маж ти, или не.
     
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Кој те убедува жено. Јас сметам за себе така. Ако партнерот ми дојде со ваква непристојна тема, тоа ќе го мислам. Јас,Јас, Јас, мое мислење. Разграничи.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Добро.
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.804
    Пол:
    Женски
    Кога нечија постапка не ми е нормална не значи дека и човекот не го сметам за нормален. Тука не можеш да знаеш што мислам и варира од случај до случај. Не треба на човек да импутираш став за нешто за кое се нема изјаснето. Ако рекла некоја членка “отворен брак не ми е нормален“, не рекла “вајлд не е нормална“ и нема шо дотолку да се лутиш и повикана да се наоѓаш.
    Ете така, се надевам ќе си стоиш на зборот и се свести да не наметнуваш ставови повеќе со секое цитирање кое е многу често.
     
    На zuto, eliesaab, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Јас сум свесна одамна, ама има премногу луѓе кои не знаат македонски јазик, кој збор што значи, како да состават реченица итн
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.804
    Пол:
    Женски
    Кој би рекол.
    За другото, бркај работа во соодветни теми кога имаш проблем со лексика и синтакса.
     
    На zuto, eliesaab и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Нема нешто што повеќе мразам од изневерување. Ама после се' што имам слушнато и видено околу мене, сум за отворена врска/брак. Барем знаеш на што си..
     
  19. Reja

    Reja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    63
    Постојано пишувате како Вајлд наметнува мислење, а всушност вие сте тие кои упорно наметнуваат што е правилно што не е. Секој има различна дефиниција што е за него правилно и морално, не мора да значи дека сите ќе имаат ист став. Не почитувате туѓ живот, избор и среќа и сѐ што правите голем дел овде е напад и осуда кон нешто што за вас е несфатливо.
    Јас сум за моногамна заедница и не сакам да го делам партнерот со друга. Тоа што јас не сум за отворен брак и не ме возбудува кога ќе го замислам партнерот со друга, не значи дека тоа не постои и дека сите што ги пали тоа се неморални и ненормални.
    Вие читате и сфаќате како вам ви одговара и притоа се поставуваат тотално глупави прашања и се прават глупави споредби.
    Ако некој е различен од вас не значи дека вие сте во право и дека треба да го наметнувате вашиот став и начин на живот на некој друг. Можеби Вајлд и нејзиниот сопруг милион пати повеќе се сакаат од вас кои сте во моногамна заедница. Кои сте вие да правите психо анализи за некој само затоа што има поинакви сексуални преференци од вашите?
    Ќе повторам дека не сакам и не прифаќам отворен брак, но почитувам различност и почитувам туѓ избор за начинот на живеење. Секој си има своја реалност и ќе си го гради животот како сака. Не постои правило по кое треба да се водат сите. Секој нека го прави она што го прави среќен.
    Посебно го почитувам тоа што вели дека во едно партнертсво е потребна искреност. Само искрен човек може да признае што длабоко мисли и сака на својот партнер, без да замајува за било какви ситници. И подобро отворен брак за кој двајцата се согласиле отколку брак со неверство.
     
    На mode-kristina, Annath, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Правилното не е менливо и не е прилагодливо според нашите ставови и мислења. Вистината е таа, за нечие разочарување или среќа. Ако велиме дека секој си има дефиниција што е правилно а што не во општеството би владеело безредие во буквална смисла.
    Бракот е нешто кое потекнува од религијата и претставува нешто свето, нешто што треба да се чува, заедница строго помеѓу маж и жена, нешто кое не треба да биде отворено и во кое не треба да се мешаат страни особи. Доколку некој има таква потреба може да смисли друга заедница, но не брак, посебно не оној во црква. Тоа што прифаќаме туѓ избор, поготово за нешто вакво кога се работи доведува се подебилни да се новите генерации. Мислам се гледа во пракса.. Замисли што се случува во главата на едно детенце кога ќе види дека мама иде со друг маж или тато со друга жена, или уште полошо тато со друг чичко а мама со жена. Мислам ок, нивен избор нивен живот, но таквите според мене би требало да бидат лишени од родителство, ама за жал многу барам, у погрешно време сум роден..
     
    На Martka, Guns N` Roses, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.