Од сите мислења, се фати за ова. Што сум пишала во постот, читаш, или колку да се каже нешто. Ми е гајле за Вајлд и нејзиниот брак, мислиш не спијам од нејзиниот избор. Што сака нека прави, немам јас што да наметнувам.
Точно е дека секој си прави како му одговара ама не е во ред на некој друг постојано во секој аспект да му кажуваш да размисли за отворен брак. Треба и другиот да прифати дека ние што сме за моногамни врски е наша одлука.
Напомена: Поради пандемијата, бракот ни е моментално затворен. Се гледаме в година... или по две години... Зависи кога ќе заврши
А каде е наведено дека детето е информирано дали тие имаат отворен брак? Тогаш и никој да не се разведува и потоа да склучува повторно брак, затоа што мама ќе биде со друг чичко, а тато со друга тетка?
Читав да. Од почеток до крај! Стигнав до твоето мислење кога решив да пишам на темата. Затоа е пишувано во множина да не ги цитирам сите посебно и затоа што упорно велите дека наметнува свое мислење! Како? Јас имам различен став од нејзиниот и се грозам и станувам нервозна од самата помисла, нејзе и одговара. Која сум јас да и кажам дека не е во ред тоа и дека не се сакаат со маж ѝ? Темата е повеќе фокусирана на нивниот брак, отколку на општа дискусија за истиот.
Кога на тоа дете ќе му се појават стотици прашања во глава како таков родител ќе му објасни што е нормално а што не? Па не е пожелно ниту развод. Доколку некој мисли да живее таков развратнички живот не би требало да влегува во брак или пак да создава деца од причина што уништува нечиј живот кој штотуку почнал. Карактерот на детето најчесто зависи од неговото воспитување, и она што тоа дете гледа од неговите. Прост пример. Има родители кои пушат цигари а ги учат децата да не пушат, на крај и децата го прават истото, пушат и ги учат другите да не пушат и велат како тоа е лошо. Карактерот на човекот се гради од најрана возраст, со морални вредности, со дисциплина и слично. Од деца препуштени сами на себе многу многу ретко бива добар човек.
.Ама што има децата да знаат за сексуалниот живот на родителите?Ти го знаеш ли сексуалниот живот на твоите,и што се случува таму во нивниот кревет?
Веќе одиме оф топик. Според тебе седи во брак макар и да добиваш ќотек, ама развод не? Каков пример е тој за децата? Никој однапред не знае што носи животот па дали ќе дојде до развод или не. На темата, децата воопшто не треба да ги засега што прават нивните родители зад затворени врати и кои се нивните фетиши. Може татко ти ѝ ги лиже стапалата на мајка ти, ама ти нормално не знаеш затоа што не седат да го дискутираат тоа со тебе или не го прават пред тебе. Да, точно. Повеќе би забележале кога родителот го вара другиот, отколку кога двајцата се договорени и не креваат фама околу тоа.
За последната реченица си во право. Јас прв пат кога пишав на темата, пишав за моите лични гледишта. Но, некој беше погоден од моите гледишта и самиот се стави како да нему му се обраќам. Така да, еднаш се изјаснив и делиме исто мислење. Ако прочиташ неколку страни уназад ќе видиш, чии гледишта се негираат, чии се воспеваат. Туку темата требаше да гласи, отворениот брак на Вајлд, па тогаш сите ќе имаа овации, наместо да си дадат свое лично конструктивно мислење.
И без да знаат тој брак ќе отиде во пропаст штом е отворен. А и може да кријат одредено време. И децата се луѓе. Според мене не секој би требало да биде во брак и создава семејство. Онака како што било порано. Или си способен, здрав и имаш услов за семејство или не. Децата не треба да ги засега што прават нивните родители, а не нивните родители со други луѓе. Има разлика. А и не збориме дали ги засега дали треба да ги засега и слично. Поентата ми беше дека тоа лошо влијае на нив.
Јас лично не би била во отворена врска, а уште помалку отворен брак затоа што мене не ми е убава самата помисла мојот дечко, односно сопруг паралелно да има врска со други. Ако некој би сакал да биде во таква врска, односно брак, во ред е, затоа што истиот тој може да е посреќен од некој што не е во отворена врска или брак. Ова нешто не е за мене. Кој како си сака, така нека си прави.
Не го осудувам отворениот брак, иако јас лично знам дека не би можела на таков начин да функционирам. Мене ми е само малце нереална еднаквата желба на двајцата партнери за таков начин на живот. Не знам, немаме сите исти чувства и емоции, дури можеби едниот не е толку за отворен брак, колку што нејќе да го изгуби другиот. Или дека во тек на живот нема едниот да смени мислење или да се запраша дали е тоа што го сака. Ми изгледа покомплицирано од тоа што се прикажува. *Модератор: Дискусија префрлена од темата Брачни неверства
Во заеднички договор е се'. Иако официјално 20 години сме во отворена врска/брак, не го практикуваме постојано. Се разбира дека било кој од партнерите, може да се премисли во било кој момент и договорот да се смени. *за нашиот отворен брак зборувам, не се сите отворени бракови исти
Не сме традиционално, уште сме затуцано општество. Не зборувам само за отворени бракови, туку воопшто. Ок е жена да седи дома да го чека маж и додека се плеска со друга, ќути и трпи за доброто на бракот ама пу таман работа да се во отворен брак каде сите карти се отворени. И треба да научиш разлика помеѓу пропагирање и дискусија. И пак не објасни, што тоа Европа?
Европа ви нуди отворен брак, одите натаму. Иначе не, жената не смее да трпи и да ќути, ама тоа не го оправдува спротивното. Овде членки/членови бараат помош во случај на неверство, да кажеш дека е оправдано ако е договорено, всушност кажуваш дека сите можат да се договорат и да се изневеруваат. И дека е тоа нешто нормално, а не е. Затоа се вика брак, за да не одиш со други, ако сакаш, ако не - биди си сам/а. Кој сака може што сака да прави, ама да ме убедува не може, па дури и на форум. Не знам што се правдате и за што. Ако маж ми отиде со друга, среќен му пат, нема да му речам аха ок е, ќе бидеме во отворен брак пошто те сакам. Отварате можност за манипулација, дали е маж или жена. Неверството ќе го оправда со дај ми слобода, јас тебе те сакам, ама сакам и други. Класична манипулација. Не знам што сакате да постигнете. Се надевам дека само дискутирате, зашто се работи за неверство во темава, изневерување на сопружникот/дечкото, не за друго.
Не сме сите луѓе исти. Секој со своето. Неможеме да им судиме ние на различните од нас. Секој да си ја гледа својата черга најубаво ќе е. Незнам што и се напнавте толку, има тема за отворен брак ако сакате таму пишувајте и. Ама незнаете да дебатирате без да нападнете и да навлезете во нечија приватност. Што ми е гајле мене за Маре комшиката дали била со маж и во отворен брак или не? Ако е манипулација, двајцата манипулираат еден со друг. Не е тема овде тоа, се изгуби контекстот.