Нема разлика. Оти не можат да сфатат како некој може да има секс со некој без да го сака. Пошто Боже сачувај да легнам со некој ако не го сакам, нема врска што имам нагони, а немам со кого да ги задоволам. Поарно да си ги трпам и да бидам исфрустрирана до бескрај и сите да ми се криви за сѐ.
Се уште пишувате во темата за брачни неверства. И тој што изневерил ќе каже дека немало разлика, само сакал да легне со таа/тој. Не знам како не сфаќате. За брачни неверства бараат совет во темава.
Напротив, јас зборам против бидејќи го отупеа со поддршката за отворен брак и не ми е јасно која е целта.
Напротив, го отупеа зошто некоја сакала отворен брак и зошто не требало така да биде. Целта е да се даде подрршка на секој да си го живее животот како сака и како им одговара на брачните партнери, а не како им одговара или сметаат дека треба да го живеат нивниот живот, трети лица, кои на никој начин не се поврзани со нив. Ако нив им е убаво, што ми е мене гајле која е целта. Да, невервство не чини, ама во отворен брак ако брачните партнери не го рачунаат како неверство, што па мене ми е гајле дали е или не е? Грев е некој тоа скришно да го прави. Е тоа е и треба да е темата.
Неверство не е само ако криеш од некого. Си спиел со друг додека си во брак? Се е тоа неверство дали он знаел или не.
Пак правите нормално нешто што не е, ќе разберам да ја поддржите членката, мада не разбирам зашто. Ама дека се договориле да одат со други никогаш нема да прифатам за нормално. И пак, со тоа го поддржувате неверството. А кој сака да си биде со сите во брак, извини кревет, негова работа, не мора да се фали. Кога ќе праша следната членка зашто маж и ја изневерил, прашајте ја дали се во отворен брак, а она да не знаела, или предложете и да бидат.
Ама која си ти за туѓ брак/сексуален живот да кажеш дали е нормален или не е? Можеш само за себе да кажеш како ти е нормално и прифатливо да бидеш во брак, како си дозволуваш еве мене да ми кажеш?
Бидејќи поимот брак е посветување цел живот на една личност и фамилијата, а не да имаш секс со кого тебе ти се сака без разлика дали е договор или не. Утре да треба да се разведеш судот како ќе го протолкува како неверство или сосема нормална појава? Нормално како неверство. И најбитно од се што ќе ми е друг некој ако сум со тој што го сакам, јс не би можела да имам секс со друг и да дојдам вечерта и да го бацам мажот ми за добра ноќ алал да им е на тие што се способни за тоа и нрмаат грижа на совест
Aj namali so osudite. I jas ne razbiram, ama ne osuduvam. Niven zhivot. Inaku, da, ne e neverstvo zatoa shto DRUGIOT PARTNER ZNAE, ne e tajno, i ne izneveruvaat doverba. Ednostavno taka se dogovorile.
Јас не осудувам си го кажувам мислењето правите нешто нормално од што не е. Доволна е дискусијата за "Отворен брак" нека си се искажуваат сега тие што се изневерени или изневериле
Jas ne pravam normalmo neshto sho ne e. Tuku rekov deka ne razbiram. Prochitaj pak. Drugo koj kazhuva shto e normalno shto ne e? Znachi istopolov brak e neshto nenormalno apropo tvoeto mislenje?
Ни тоа не е али од такви луѓе што мислеле исто како и ова дека е нормално затоа и нормално го направија и деца им дадоа да посвојуваат. Не е муабетот за традиционални да бидеме ама се знае што е што. Затоа и го коментирам ова цело време. Со тоа во Европа вака во Европа така далеку не се стига ако реши цел европа гејови да бидат да бидеме и ние. Малце оф топик отидовме
Mislenjava mn ti se konzervativni i polni so osuda. Koj shto saka neka si pravi. Na kraj kraeva ne e bitno shto e normano, a shto ne e .
И тебе да те прашам - како си дозволуваш да кажеш што е нормално а што не е? Едит: замеша гејој. Ич не се труди да ми одговориш плис.
И одговорив на членката во врска со истополови бракови што спомна читни малце поубаво И си имам право ти ќе ми забраниш?
Неверството не е кривично дрло. Ни оѕворениоѕ брак. Судот не толкува неверства. Од каде ви се вакви претпоставки за суд?
Не се само кривичните дела елемент на судот, разводите спаѓаат во граѓански постапки. И не ја гледам ниту сваќам поентата што величите отворен брак, а ниту една од вас не го прифаќа истото. Апропо дефиницијата за брак, сексот со друга особа, макар и договорен е изневерување. А дека ненормалното и неморалното сакате да го прикажете како нормално тоа е ваш личен проблем. На крај краева овие отворените од отворениот брак неретко изневеруваат со типовите од затворените бракови.