Значи пак ќе ти потенцирам во бракот Мажот си го сакаш со сите недостатоци исто и он тебе не да ги бараш кај друг. Значи он ти е доволен за се, не постојат отворени затворени бракови или какви и уште да се измислуваат во денешново време
Не е измислен концептот сега. Постои, откако постои човештвото. И зошто мислиш дека ако некој е во отворен брак, не го сака партнерот? Би рекла дека тој што изневерува е оној кој не си го сака партнерот. Ако го сакаш некој, нема да го лажиш... за ништо.
Очигледно не е се така црно - бело и не се сите луѓе кроени исти, да беше така едноставно немаше да постои ниту темава ниту разводи во светот. Гледам имате проблем да разберете дека не се сите луѓе исти, со тоа не може и браковите да бидат исти. Дури и секој од нас созрева на различен начин и не можеме да бидеме истите од пред 10-15 години. Штом не можете да го прифатите барем потруди се да покажеш тронка почит кон друго човечко битие чиј избор ама никако не ти влијае, со тоа што нема да навредуваш и пишуваш тука 100-тини постови како твојата дефиниција за брак е најточна, едноставно не постои такво нешто.
Ај и ја да понапињам, оти очигледно ако некој не мисли исто одма осудува и нема право на говор. Што е иронично оти истите ќе се потепаат за право на говор во друга тема, и на тема што им одговара. Дискусија дечки. За да има дискусија секој треба да си каже мислење и мислењата треба да се спротивставени за да воопшто има дискусија. Иначе сите ќе се сложиме и сите среќни и задоволни. Патка ме боли кој што праи во брак, ама ако постои тема можам да имам мислење за истото и да дебатирам на истото. Всушност тоа и е поентата, да се разгледаат различни аспекти на размислување. Некој ќе смени мислење, некој ќе го зацврсти ставот уште повеќе. Така човек расте, преку дебата. Не знам кога ќе научите дека и црвенокосите биле вештерки од самото постоење и фрлани живи во оган, ама човекот, фала Богу растел и станал свесен за некои работи. За други сеуште потфрла.. надежно, тоа ќе се смени во иднина. Има животински видови кои се меѓу поинтелегентните и посвесни од останатите, кои се моногамни и имаат еден партнер за цел живот. Кој нив им ја наметнал таа идеја? Или еволуирале емотивно повеќе од останатите, доволно за да бидат она што се? Нели можеме да претпоставиме дека и човекот еволуирал повеќе од она што бил пред 1000 години? Или можеби не? Можете до утре да правдате, Косми е во право. Нема поголема хипокризија да тврдиш дека не веруваш во моногамен брак, ама затоа пак, истовремено да ги уживаш до максимум сите придобивки на истиот. Не веруваш - имаш опции! Администрацијата може само изговор да е, оти секако постојат различни договори кои можете меѓусебе да ги склучите и заверите на нотар кои ќе имаат правна моќ. Али ок. Кој не се плаши од изневерување? Зарем не се плашиме сите? Имаш човек покрај себе со кој ти е убаво и не сакаш тоа да го снема. Во природата на човекот е да има стравови за иднината, за сегашноста, за љубовта, за бракот, за децата, за животните што ги чуваме... Кога ќе помислам дека мачорот кој има пократок век од мене ќе ми умре еден ден, па имам стравови како тоа ќе биде, зошто не би имала за маж ми? За се што не прави среќни е така. Ако не изневерат јбг. Ќе мислиме за тоа отом потом.
Се сложувам скоро со се што напиша, освен со тоа дека човекот за 1000 години еволуирал. Индустриски, технолошки , културно и научно и како ли веќе што , навистина сме многу напреднати, но емоции и нагони се од дедо Ное исти. Најинтелигентни животни се неколку, забораив точно, да не гуглам сега, делфини, една птица како ли беше видот забораив, и мајмуните, и сите не се моногамни. Ако мислиш на лебеди и кој ли веќе друг од анимален свет е моногамен, не се на прво мeсто со IQ. За дебата сум, ама овде едната страна упорно ја прави втората страна ненормална, перверзна, препредна и регресивна. Немам проблем ни со едни ни со други, и си терам мој живот и мој брак, ама не е фер да вреѓаме . Никој не се извинил за ниедно "ненормални". Површно much?
@Dentina емоции и нагони и те како еволуирале. Човекот научил како да се контролира, не секогаш контролата му била јака страна. Емоции исто така. Емоционално растеме секојдневно. За животните, не мислев генерално кои се интелигентни, туку на емоционалната интелигенција. Еден лебед може да умре од жал по партнерот, а мајмунот ќе научи да фрла топка. За други не можам да зборам, и ќе се сложам дека иако не сме на иста фрекфенција, апсолутно треба да се бираат зборови.
Мене па знаеш што ми е неиживена работа? Да прашуваш некој дали пред брак не се изебале доволно со кој сакаат. Што е со тие твои прашалници дупли на крај, мене ми звучи како да и повишуваш тон преку тестатура или? И Вајл не беше воопшто тема на дискусија, ама одма после нејзиното мислење членката брб индиректно ја боцна темава и индиректно проба да ја навреди Вајлд па неколку и застанавме во одбрана. Како што кажав и предходно луѓето од најразлични причини влегуваат во брак, некој може не влегол од емоција, може не верува дека мора да е во брак на хартија за да докаже дека се сакаат со партнерот ама мора да склучи брак ради ред други поволности кои ги нуди бракот како институција. Изневерување е ако емоционално или физички ја изневеруваш довербата на партнерот во брак/врска, ако партнерот знае и по договор така функционирате јас буквално не гледам неверство во ова, што изневерил не ми е јасно, кога ништо не скрил партнерот од вас? Дај сериозно објаснете, може јас цело време си имам погрешна замисла за неверство. И не е отворен брак ако едниот не сака и ако другиот изневерува и протоа да му каже пак е неверство оти не се договориле дека тоа не му пречи ма другиот партнер. И не Вајлд не проба никој да убеди дека отворениот брак е за сите, дека неверството се толкува како правдање за отворен брак и дека подржува неверство, туку неколку членки тука упорно пробаат да ја направат Вајлд ѓубре оти не живее според нивните замисли за совршен брак и совршен партнер и цело време ја напаѓаат со тоа зошто се мажела, што ќе и е брак. Кога она праша зошто они се мажеле никој не и одговори. Не сме ние модерни и не викаме дека вие што не верувате во отворен брак сте затуцани. Само ние(меѓу кои и јас) не сметам дека сум за отворен брак ама сепак ја разбирам замислата и ја подржувам оти не сум јас некој битен фактор да наметнувам некому како е правилно и морално да живее. Не де работи за современост туку за култура, не се мешаш и туѓ кревет и начин на ебење оти не е културно!
Во една реченица пишеш дека не е во ред да те навредуваат дека си конзервативна и старомодна, (а никој не ти го рече тоа), па во следната реченица ги нарече ненормални тие што се во отворен брак И најдоброто, "мене не ме интересираат изборите на другите", да, да, коментариве што ги изнапиша баш личат на некој кого не го интересира туѓ живот, некој кој знае да почитува туѓ избор Не личат. Повеќе личат на оние стринкине што седат на прозор и ги озборуваат сите кои поминуваат одоздола. Никој не ти наметнува ништо. Наметнување значи некој да те тера сосила да правиш нешто. Ниту некој сосила те тера да си во отворен брак, ниту некој сосила те тера да читаш луѓе кога пишуваат за отворен брак.
Во ниедна уредба не постои дека мора да имаш секс само со партнерот со кој склучуваш брак. Колку што ја интересира државата, вие двајца ама никогаш не мора да имате секс, не е тоа - тоа што се регулира со тој договор. Јас лично за себе можам да зборувам, немам право за други - и тоа уствари е целата поента. Лично за себе не би можела да бидам во отворен брак, не затоа што јас не можам да имам секс со друг, туку зошто не сакам партнерот мој да има секс со друга личност. Што се однесува до бракот како поим, никогаш не би склучила брак заради љубов. Не ми е потребен. Потребен ми е административно, затоа што државата така ми олеснува куп препреки и бирократии, и од таа причина евентуално ќе склучам брак. За љубов и од љубов - не. Во таа смисла, не сум во "отворена" врска и не можам да бидам. Но апсолутно ги разбирам оние кои така сакаат, знаеш зошто? Зошто околу мене гледам постојано изневерување; а помизерно од изневерување нема. И свесни или несвесни, луѓето де факто остануваат во бракови во кои има и швалерај. Нив? Не ги разбирам. Ама оние што играат со отворени карти - нив ги почитувам. Ако се нашле двајца што се на иста фрекфенција, која сум јас или кој било да им суди, да ги нарекува ненормални, лесноумни? Не е слобода на говор да шириш омраза, да понижуваш некого. Слобода на говор е да кажеш дека со нешто не се согласуваш - и не го практикуваш тоа во својот живот. А за некои работи и не ни треба да имаме слобода на говор, оти слободата на говор ако подразбира говор на омраза, правото на некој да живее како сака, без да повредува друг, е поголемо од моето право да го омаловажувам. Дискусија нема кога ќе се вметне "ненормални". Тука дискусијата умрела веќе. Излегува на површина сето закржлавено, затупавено. Колку што јас и ти имаме право да сакаме моногамни врски, и да очекуваме од партнерите да ни' бидат верни, толку останатите имаат право како сакаат да си уредат сексуален живот. Дали моногамно, полигамно, ќе свингаат или оргијашат - немаме простор да им судиме и да ги нарекуваме ненормални.
@CameliaMiller Прво, никаде не реков дека бракот значи секс со еден. Повеќе се насочив кон моногамната врска, мислев дека тоа е очигледно. Второ, ако толку смета бракот како институција, нема што да се вадиш на администрација. Зошто да живееш во неудобност цел живот и да се потсетуваш оти си морала да се потпишеш, место да си раат. Буквално се што нуди институцијата брак, административно можеш да ја имаш. Е сега нема да се стекнеш, ќе треба да потрчаш и да завршиш некои работи, ама ако толку е мака потписот, има начини. Имаш нотар, имаш опција за тестамент, се може да се покрие. Се. И јас лично за себе зборам. Не го сакам тоа за себе, врската помеѓу двајца денеска за мене е нешто многу пософистицирано од тоа. Ниту имам право, ниту си земав право што немам за да кажувам како треба другите да прават, ниту навредив. Не знам зошто толку објаснувања за работи кои не се предмет на дебата и прашања за што некои други прават ми упати мене.
Ама оти мислите ако некој е во отворен брак, дека 'не си го контролира нагонот и емоциите'? Ко демек, секој ден му рипаме на некој рендом лик на улица и го ебаваме
@CameliaMiller затоа што цело време ќе се објаснуваш зошто си стапила во брак. Зошто да не спиеш мирно ако толку те мачи потписот? Само денеска неколку пати објаснуваш. Кога можеш се да добиеш и да го избегнеш тој потпис за кој имаш толку против, затоа. Иначе секако твое си е. Ти утре пак ќе пишуваш изговори зошто си се потпишала, јас пак ќе пишувам дека можело и поинаку. Му иде сакаме ем полесно да поминеме ем да плукаме по истото. И за мене искрено ама ич не е битно поради што некој склучил брак. Само ако нешто значително ми олеснува работи во животов, нема да си земам за право ем да го користам истото до максимум ем да го плукам. Нели е малку иронично? Мене тој момент ми е дискутабилен. Иначе сакаш од љубов или од нељубов, сакаш ради зелен картон, сакаш со кукла или телевизор, твое право со кого, како или поради што ќе склучиш брак. @WildMk контекстот е скроз поинаков. Не вади од контекст.
Знаете ли што е проблемот во дебатава уствари? Сите се согласувате дека секој може да си прави што сака и да си го уредува животот како сака. Само што овие што се против отворени бракови успат додаваат ,,...ама тоа не е брак", или уште полошо ,,...ама тоа не е љубов". Поинаку кажано, тие што се против упорно викаат правете што ќе правите ама не се преправајте дека се сакате и не ми ја уништувајте мојата лична идеја за брак. Го гледате ли проблемот тука? На темава секогаш се наоѓа некој што вика нешто во стил ,,замисли толку да не ми е доволен партнерот па да морам да легнам со друг, никогаш не ни помислувам на друг, толку многу го сакам бла бла љубовни срцепарателни изјави...". Вие што пишувате вакви работи си мислите дека толку, вашава идеја за љубов е крајната, вистинската, правилната, или недајбоже еволуциската (свашта ). Ама заборавате дека и овие со отворени бракови можат слични работи да напишат, нешто во стил ,,замисли толку да сум несигурна во партнерот па да ми е битно со кој ќе се ебе, нашата љубов е метафизичка, поврзани сме на повисоко ниво од обичен, земен, небитен ерос, бла бла бла...". Ме сфаќате? Секој може да напише фин трогателен пасус каде ја претставува неговата идеја за љубов како вистинската, а другите се само млитава имитација. Фала богу дека едни имаат една идеја за љубов која вклучува моногамност и ексклузивност итн., други имаат друга идеја за љубов што вклучува секс со разни личности, трети имаат сосем трета идеја. Не постои правилна идеја за љубов. Само што единствените што тврдат дека постои сте баш вие што мислите дека моногамноста е end all be all. Не е. Нема правилно и неправилно тука. Нема врвен авторитет што одлучува што е љубов, дури и да имаше, од кај сте сигурни дека е баш вашата љубов правилната? Љубов е апстрактен поим кој сме го научиле како деца и кој го дефинираме базирано на нашите субјективни чувства, никој нема ексклузивно право да ја дефинира и да одлучува ,,твоево е љубов, твоево не е". А кога сме кај бракот како институција, фала богу сите имаат право да го користат како шорткат до административните придобивки. Бракот како брак е тоа уствари, само административна придобивка. Е сега ако вие си го дефинирате како моногамност, единство, спојување на души, курци палци, тоа си е ваша субјективна идеја како што веќе објаснив погоре, ама не е идеја и на законот.
Ќе се објаснувам на форум можеби. Само не се согласувам дека "плукам". Во црковен брак можеби, не знам за да тврдам, има уредување околу сексуален живот, во државниот брак тоа го нема. Договор е за права и обврски, ако некој има извадок може и да го сподели, бидејќи законски ниту право, ниту обврска некој на секс има, ни со тој што склучува брак, ни со никој друг. Нема алтернатива да наследам пензија, ниту тој да користи мое здр.осигурување. Нема никаква логика да барам околни патишта за нешто што е просто да го оствариш. Државата тој "проблем" го решила што ми наметнува брак. Не сум убедена што конкретно плукам? Работите кои ги наведоа претходно, се лични поимања за брак, немаат врска со договорот за брак за кој зборуваме тука.
Камелија,не гледаш лицемерие во ставот,не верувам во моногамност но ке влезам во брак кој е моногамна заедница. За пред народ и друштвото,ке глумиме Зошто да правам нешто и да влегувам во нешто во што не верувам?! Инаку,никој не наметнува моногамија, ниту е обавезна,таа е избор на партнерите.Избор. Лицемерно е за сопствените слабости и неостварување на сопствените желби да се обвинува друштвото. Обично главата е таа што владее со телото. А тоа што го прави телото макар и несвесно е одраз на " главата". Луѓето и во отворен брак се изневеруваат исто така. Знаат само едно делче,другиот дел го кријат,не поднесуваат извештај за секоја средба. Во отворен брак,познавам таков каде мажот оди со различни проститутки,(фетиш)жената со бившиот,нивни живот,нивната работа. Но да се претставуваат како единствени фер играчи,а овие кои не шврљаат се или очајни исфрустрирани јадници или изневеруваат е смешно и тажно во исто време. Се додека животно во нас е задоволно, не бара надвор. Човек е способен да сака и длабоко,искрено и долго само една личност,а притоа да нема никаква потреба да изведува перформанси со други за да го задоволи животното во себе.
Не, не гледам дека е лицемерно. Исто како што тоа што сакам моногамна врска не значи дека се подразбира дека сакам и брак. Ако избраникот ми беше Американец, како ќе одев кај него освен со брак? Ќе вадам туристичка виза, за недајбоже пу-пу, некој што мисли дека брак=љубов, моногамија го изедначат со мене? За последново, фер играчи се само оние кои се искрени играчи. Моногамија или не, фер е да си искрен. Ништо плус ни минус. И да повториме, брак не се склучува само поради љубов. Можеби ти сакаш брак од љубов, која е пак да повториме, предмет на лична интерпретација, не значи дека сите сакаат и сите мораат да се чувствуваат како тебе.
Еве една хипотетичка ситуација. Јас сум хомо. Другар ми е хомо. Во С.Македонија ни јас можам да се женам, ни тој да се мажи. А двајцата сакаме да склучиме брак за да ги користиме придобивките од истиот. Ниту постои љубов, ниту сексуална привлечност, ниту заклетва за вечност, ниту моногамија, нема што да веруваме или не веруваме - на двајцата ни' одговара договорот со државата. Зошто да не? Сме нашле начин да се обезбедиме еден со друг. Што имам да верувам или да не верувам во приказни за брак? Црно на бело - договор. Ми чинат условите? Супер. Кому треба да докажувам зошто сум склучила брак со некој кој не ми е ни блиску до љубовник?
Еве го Законот за семејство Не мора да го читате цел, она што е битно во дискусијава е опишано до Член 33 Посебно ми е интересен Член 19, кој вели: Знаете што значи ова? Доколку партнерот ви вети моногамија, а не ја практикува, по овој член, може да го поништите бракот, затоа што вие сте биле во заблуда. Никаде не пишува, кој - со кого, каков секс треба да има. Се' што е битно е да биде во договор на брачните другари. Ај рест мај кејс.