Напишав и избришав пошто погрешно цитирав. На Балкан изгледа сите се подобри од 'отворените' И голд дигерките, и голд дигерите, бар тие кои му глумат на богатиот сопружник, и насилниците што влегуваат во брак, сите се бољи само хомосексуалците и отворените одат на ломача, види молим те, оти ја срамеле 'светата' институција брак .. За мене пример понижувачки е бугарско државјанство да земеш за да одиш Европа, па не им тврдам по форуми на луге дека се безвезњаци,ако немаат друг начин , не им велам дека мајка Македоња ја 'валкаат'. Нивен живот, ни ми дале, ни ми зеле...
Баш го исчитав цело. Ни љубов, ни посветеност, ни секс, ни корист, ни завист... ич ништо, освен Со други зборови, вербата, обичаите, религијата, личното поимање, не се дел од договорот за брак. Кој го интересира, фино си е напишано кои се условите за брак. Ништо од тоа што сте навеле наназад.
Тебе све ти е рамно, пошто ниска е земјата, затоа И после 70 страни, не се убедивте. Ко дебатен клуб, и кој сега ќе победи во расправата. И уште не можам да разберам, како нечиј избор го ремети мојот избор, па да имам нешто за или против. И мене све ми е рамно изгледа.
Како си го протолкува ова 'во заблуда' алал. Те изневерил, во заблуда си, па бракот не важи Од газ си вадиш работи, како ти одговара -така. Си пишува што значи -во заблуда Spoiler 6. ТУЖБА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА БРАК СКЛУЧЕН ВО ЗАБЛУДА Поради постоењето на причините утврдени со закон како што се: не наполнилнати 18 години од животот, доколку порано склучениот брак не му престанал пред да склучи нов брак, исто и лица кои поради душевно заболување не може да го сфатат значењето на бракот, како и лица кои се во прва линија во сродство не можат да склучат брак , постоењето на овие причини, доведува до причина за развод на брак. Пречката како што е душевно заболување, судот не може да ја отстрани со одлука, бидејќи е неостранлива брачна пречка, бидејќи се работи за тешко душевно заболување кое не може да се лекува и не може да се подобри. Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да се поднесе во рокот од една година од моментот на сознанието за заблудата. 9
Секој си знае за себе, мене пример не ми е нормално да си раскажуваме со маж ми како си имаме поминато вечерта со други. И да се гушнеме и пак заедно да спиеме? Зошто побогу би се венчала ако сакам да спијам со други?
Уште имало Spoiler • За заблуда се смета кога брачниот другар не знаел дека другиот брачен другар бил осудуван за кривично дело сторено од нечесни мотиви. • Постоење на страв од сериозна закана упатена кон лицето • Незнаењето на брачниот другар за другиот брачен другар дека е глув • Половата немоќ спрема брачниот другар претставува заблуда поради која бракот може да се поништи. • Непостоењето на жената можност за раѓање на деца е причина поради која брачниот другар може да бара развод на брак1
Види Вајлд, ти слободно, за тебе знаеме сите веќе и е океј, никаде не потенцирав за тебе но не е океј ни да им се спротиставуваш на сите кои мислат спротивно. Мене маж ми тоа да ми го предложи или па и да ми дозволи би се осетила навредено. Според мене човек кого навистина го сакаш не можеш да ни го замислиш поред друга а не па да го делиш
Во други земји намерно не стапуваат во брак затоа што придобивките од брачната заедница не се ништо во споредба со штетата што ќе ја имаш во случај на развод, посебно ако си маж пример во Америка. Не знам како е во Мк со разводи и тужби, ама ако на твојот геј пријател му здосади од тебе, се што треба е да се наоружи со докази од тебе и твојата девојка, да најде добар адвокат и да ти собере добар дел од вложеното, а може и издршка дури не стапи пак во брак Ама придобивките...
А што е нормално? Не според тебе, општо? Ако за тебе твоето е нормално, за друг не чини. Ти дојде некој дома да ти соли памет? Се сомневам. А тука сите солат памет како е нормално. Ова закониве дискриминирачки... Демек, легално и дозволено е мажот да бара развод од жената, ако таа не може да му роди деца?! Што ако е проблемот во мажот? Поголема небулоза немам прочитано.
Ама и според мене, јас не можам да замислам да го делам партнерот никако. Тоа не ми дава за право да кажам било кому дека не знае што е љубов, ами јас знам. Знам, ама за себе знам. Само лажговци се за осуда, оние што по дома лажат дека се сексаат само со парнерот/партнерката. Не е изневерување ако двајцата да речеме си најдат други двајца и сите четворица си се сексаат. Изневерување е некому да забодеш нож во грб, а за тоа не мора ни да има физички чин на сексуален однос. Зарем помалку боли партнерот да е вљубен во друга, ама е со мене и "верен ми е"?
Оти сме затуцано општество каде мажот е Господ, а жената е само негова занимација. Исто како во Библијата: Бог го направил Адам, па му било досадно во Рајот, па му ја направил жената 'за да се занимава'. И тоа, не е ни оригинално дело, туку адамова копија, од неговото ребро бе!!
Егзекли. Тоа неколку години наназад го зборував. Во Македонија доколку не си во брак, бирократијата е ужасна, невозможно е некои работи да ги овозможиш. Па чепкајќи, научив и колку лесно се оспорува тестамент. И така... прејдов на мрачната страна.
Законов склопен под влијание на верувањето дека секогаш во жената е проблемот. Изгледа датира од 15 век
Набрзина копирав, ова беше под -присила, не под -заблуда, којзнае што сум нашла и од кога е. Можеш инаку да се разведеш кога сакаш и со која причина сакаш, ама со овие изгледа побрзо ќе оди. ТоВа е.