Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Јас ги имам веќе поставено моите ставови и не навлегувам повторно. Кој сака може да ме нарече ненормална за своите гледишта, мене не ми пречи, затоа што јас сум суд и судија на сопствениот свет. Претпоставувам треба истото и за другите да важи. Идејата да трчам по кратки панталони на снег за мене е ненормална, но од друга страна се дивам на храброста на оној кој го прави тоа. Веројатно сум појасна на што центрирам. Ајде ќе ја земам Вајлд за пример, пошо очигледно терминот отворен брак е Вајлд уствари. Идејата е ненормална за мене, но се дивам на храброста на оној кој решил така да живее. Личност и дејствие не е исто.
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Само замнеи го зборот -ненормално со некој друг, како -невообичаено пример и ќе звучи многу подобро.
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Не во мојата глава. Да ми дојде утре маж ми таков предлог, нема сигурно да ми кажам каква невообичаена идеја со меланхолија на лице, туку кој ти к**ац, што ти е проблемот со такви ненормални идеи.
     
    На IRBBB, burthdaykake, Jana06 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ти на маж ти може и -идиот да му велиш нагалено и пак да си функционирате без проблем, но тоа не значи дека така треба со сите. Темата не е за твојот мал свет во кој сте ти и маж ти, туку се збори пошироко.
     
    На Ambrosia, CameliaMiller, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    А за што е темава уствари? Милување на нечии идеи и давање рецепти за подобро функционален брак во однос на отвореноста или може и други да произнесат мислење што мислат зад сето тоа. Верувам дека и ти имаш одредени мислења за некоја тематика што сметаш дека се ненормални некои идеи, а и форумов е анонимен, нит знам некој, нит па ме интересира да се концентрирам кон некаков лик. Значи никаде не прочитав навреда према личност, туку изразување на незадоволство и гадење према идејата. И нема ништо спорно во тоа, затоа што отворениот брак не е патентиран производ на Вајлд.
     
    На burthdaykake, tinka-mace и tina2018 им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Косми, јас до пред 7 години живеев на Балкан и отприлика познати ми се работите со лажен морал, криење на се и сешто дури и насилство за да се остане во брак по секоја цена дека економски се позависни лугето еден од друг, 'што ќе речат комшиите' менталитетот и слично...
    Можам да зборувам за тука каде живеам а и за Америка , каде сум престојувала подолго од туристички.
    Различно е од Балкан. Можеби тебе Балканот не те гуши со својот тутма калабалак менталитет, не на сите луге се разбира , свака част изузетцима, на форумов има прекрасни луге на кои им се дивам, ама јас можам штошта негативно да кажам за Балкан. Затоа и се одселив. Има проблеми многуслојни Балканот, еден од нив е неприфаќање на различното.
    Појасна сум?
     
    На Осе, Ambrosia, Mikha4 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    А да ...не реков ПРОСТИ никаде...ај најди те молам...
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Не може некој да те нарече ненормална за што и да правиш, се подразбира додека не штетиш некому со своите дејствија.

    Т.е. технички може, ама тоа не те прави тебе ненормална (или што и да било), туку зборува за личноста од која е кажано истото.
     
    На Annath, Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    За мене е нормално да не сум во брак и вонбрачно да раѓам деца.
    За некој друг не е нормално, ако е трудна ќе се мажи.
    Трета смета дека не е нормално да имаш секс пред брак.

    И?

    Која од нас три е најнормална, а која ненормална? Што дефинира нормално?

    Нормално за тебе не е нормално и за мене.
    Толку е просто.
     
    На Lella, Luminary, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    За мене не е љубов да знам дека мм си плеска други настрана. Ова не го класифицирам како неверство, не знам зошто се мешаат поими, бидејќи свесна сум дека тоа се случува со моја дозвола.
    Ама од моја гледна точка, како ако сакам некого со цело срце, би ми било сеедно и така лагано би го прифатила фактот да спие со други и на крај да го примам в кревет? Или обратно, тој мене.
    Тука не гледам ни љ од љубов, поќе ми изгледа на формален брак, бидејќи ако сакаш некого - го сакаш само за себе. Помислата да оди со други би ме скршила.
    Не знам, дали сум јас старомодна, или новите трендови шо ни се сервираат стварно не се океј.
     
    На Emy867, Brpbrp, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Не-нормално. Вон нормалното, вон своите перпективи, за себе претходно поставени нормални. Тоа што се користи и во друг контекст, за карактеризирање на девијација во психа е друга работа, но самиот збор не е воопшто штетен. Се работи за термин кој е окарактеризиран од крива во однос на линијата на своите гледишта.
    Моето нормално, за тебе не е нормално, и обратно, што не значи дека си ненормална или нормална. За темава говориме за став и тоа мора да се почитува. Ние сме различни за Вајлд, она е за нас. Нејзиниот пристап кон бракот за мене е ненормален, мојот пристап за неа е ненормален, затоа што двете се водиме од исти инстинкти со спротивни полови.
     
    На burthdaykake му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Или - не е се' за секого.
    Поентата е да сте на иста фрекфенција со избраникот.

    Имање секс надвор од брак не е нешто ново, секогаш го имало, секогаш се знаело, а колку јавно се зборувало е друга работа.

    Ако со избраникот сте на иста страна и сте на чисто, што ми е гајле Петкана и Стојче со кого имаат секс?

    Тргам од себе, јас не можам да го делам со други; верувам во одрекување од нагон за да сме заедно.

    Но не ми пречи никако ако некој друг поинаку живее, не го осудувам.

    Неверството, од друга страна, Е за осуда.

    Интересно е колку полесно и поприфатливо реагираме на неверството, отколку да прифатиме дека некои луѓе просто немаат исто сфаќање за верност како нас.

    Ако се зборува повеќе на темава, на крајот, ќе има помалку неверство.
    Затоа што пред брак многумина ќе знаат дека не можат и не сакаат да бидат со еден партнер цел живот, и тоа ќе го кажуваат искрено, па оној другиот ќе има можност и да се тргне од таа приказна доколку не се пронаоѓа во неа.
     
    На Осе, Snow-Star, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Но многу е јасен контекстот на ненормално во темава, а тоа не е отстапување од просекот.
    Затоа се бара друго зборче :)

    Наназад читај, ненормално = аморално, перверзно итн.
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Те разбирам што сакаш да кажеш. Нормално е нештото да ти аморално, первезно. Да не било нормално, немало да постојат тие термини. И јас би ги користела овие зборови за опис на темава. Некои сметаат дека брак помеѓу братучеди е нормален, т.е најчесто само оние кои стапиле во таков брак:).Дали тоа значи дека треба да ја охрабрам идејата и да ја прифатам за себе или може да користам зборови,како овој погоре, да не бидам папагал, за да го изразам своето гледиште за себе. Кој сака нека биде во отворен брак, и ти ако сакаш, не сум со тебе во веза, не ме тангира, но затоа ќе барам партнер, т.е најдов што ќе го дели моето мислење, јас он и толку, до кога можеме, ако можеме, ако ни е пишано, ако некој не се предомисли.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски

    Јас никаде не пишав дека ми пречи тоа што Стојан и Петкана се во отворен брак и дека ги осудувам.
    Само пишав мое мислење и став во врска со темата и толку. Секој си прави шо си сака во спалната, ниту можам ниту па сакам да се мешам во сексуалните преференции на некоја икс персона.
    Проблемот на форумот е шо имам чувство дека сите шо горе-долу немаме позитивно мислење за некои вакви трендови, било да е отворен брак, па мислење за трансџендери, абортуси, или која и да било актуелна тема која во нашето опшество ен се прифаќа со раширени раце, секогаш скокате во напад. А се пропагира слобода на мислење, затоа и се развива дискусија, нели. Како едвај да се чека некој да се не вклопува во " вашиот либерален свет " и да го нападните.

    Во мојот пост никаде не пишав дека дискриминирам и дека ми сметаат отворените бракови. Како и би, не ме тангираат воопшто. А на крај испаѓа оти сум рекла дека осудувам оти некој пар се плескал настрана со други луѓе со обострано знаење. Ама нека, небитно.
     
    На Brpbrp, Billy Idol, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Бракот меѓу братучеди е законски забранет со причина.
    Стои наука зад забраната.

    Е сега, која наука стои зад дали е ок или не е ок да се сексаш како сакаш, не знам, просветли ме.
     
    На dayla, Dentina и Annath им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А зошто се мажите вие што мислите дека овие што се во отворен брак се лицемерни?
    Не знам дали никој не го одговорил ова или јас не сфатив.
    Зошто?
    Јас не сум во отворен брак, ама знам дека скрос исто можеме со маж ми да функционираме и само како двајца во врска кои живеат заедно.
    Поради која причина сте во брак кога и без брак може да се живее заедно, да се раѓаат деца итн?
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
    На Dentina, Annath и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Јас не ни реков дека осуди.
    Темите се за дискусија, не за - си кажав мислење и готово.

    По дефиниција форум служи за да те цитираат и да се дискутира.
    Ако јас те омаловажувам било како со моите цитати, посочи ми.

    И во однос на другите теми кои ги начна - апсолутно можеш да не абортираш, да не бидеш трансџендер, не можеш мене да ми забрануваш.

    Не знам кои сме тоа ние, оти со многу се согласувам на една, а не се согласувам на друга тема, но во свое име можам да кажам дека немам проблем кој како сака да живее, се додека не се замара како јас живеам или ради него не можам да живеам како што јас сакам.

    На пример, мене не ми е гајле дали ти си против абортус - твое тело, твое право.
    Проблем имам кога конзервативните пробуваат законски да ми ускратат право што сакам да правам со моето тело.
    Исто, проблем имам со осуди и навреди и напади, а голем дел од тоа е и законски забрането: не смее да се дискриминира никој.
     
    На dayla, Dentina и Snow-Star им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Не говорев за тоа ама нема везе, друга ми беше поентата. И истополови бракови се забранети поради некакви причини, ако така гледаме.
    Инаку нема закон за отворени бракови, не треба ни да има. Се зависи ти што сакаш. Јас не сакам и тоа е. Не ми треба закон мене за да знам што сакам. Се раководам само и само врз основа на своите желби и интереси.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    @GrimTheReaper
    Нормално дека во С.Македонија нема, касниме еден век за се', полека.
     
    На Dentina, Any05, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.