И како да ти докажам дека има љубов меѓу нас? Знам дека ти е нереално, ама еве има. *Оваа твоја изјава е предрасуда.
Не можеш да докажеш љубов на незасегнат. Еве некои мислат дека искажуваат љубов со готвење за семејство, мене ми е нелогично. Ама не треба мене да ми докажат, битно е дали тие што треба да знаат дека се сакани, знаат.
Имало закон дека мажот може да и побара на жената развод ако таа не може да има деца, ама не и обратно и некои увреџени као како смееш да кажеш за македонија дека е назад
А како таа да ти објасни дека не треба ти да се докажуваш, туку таа смета дека својот партнер не би чувствувал љубов ако ја стави оваа идеја на маса. Како се пронаоѓаш во причава не знам. Ти може имаш повеќе љубов према својот партнер него јас. Значи став за себе, не напад, не шпекулација за твој живот.
Муабетот е исто ко да ти речам сега: “Не сакаш официјално брак?? Кај вас нема ни љ од љубов.“ И тој заклучок да ми е не оти ти си рекла дека не се сакате, туку оти според моето поимање на тоа 'како треба да изгледа љубов' Не дека лично мене ќе ми смени што мислела Кристин... Туку, утре ќе издрдори пред некој близок што е во отворен брак, и тој некој, ќе се навреди. Исто како што немаат осет со кажување вицови за хомосексуалци, не земајќи во предвид дека може и соговорникот да е хомосексуалец. Да не збораме за муабети: “Одвратни/Гнасни/Треба да се лечат/Треба да се убијат“ итн итн
Не мораш никому ништо да објаснуваш и да докажуваш, доволно е да ти е убо и да си среќна. За мене не е тоа љубов, за мене не е реално оној шо го сакам да спие со други со мое знаење, за мене не е љубов ако тој шо го сакам не ми е доволен в кревет па одам со други за да се задоволам. Ама, то е така за мене. Не за тебе, за Стојна, за Петкана. Кај гледаш тука предрасуда, ајде просветли ме. Како со други зборови да се изјаснам дека не би била во отворен брак бидејќи не се согласувам со него, а да не биди сфатено ко предрасуда?
Многу просто @cristinnn, зошто за туѓ живот не смеете да имате мислење, абортус, хомосексуалност, посвојување деца и брак меѓу хомо парови, менување пол и се друго што го прави некоја друга особа, а притоа не наштетува на никој околу себе не треба да биде подложна на туѓо мислење и одлучување место неа. Не се работи дека вие сте затуцани, а ние либерално туку се работи дека едноставно не сте никој битен фактор за да имате мислење за туѓ живот и крај. Јас не можам со моето " јас мислам дека хомо пар не треба да има деца оти ми се гади од помислата" да оневозможам среќа на некој, едноставно нема што да имам мислење или ако имам ќе си го чувам во себе, едноставно за вакви теми нема место за слободно право на изразување оти буквално вашето слободно право на изразување за некој живот значи. Е сега имате право на мислење на темава ама ако тоа гласи нешто вака, јас сметам дека отворен брак не е за мене, за мене љубовта е света, помеѓу маж и жена, мислам дека не може да функционира ама не сум искусила па не знам да кажам дали може или не да има љубов во тој брак. А мислење како, што бараш брак ако се ебеш со други, според мене во таков брак нема љубов, според мене вие не се сакате, според мене вие се изневерувате, вие сте ненормални и дрн, дрн, се навреди насочени директно кон лицето кое го практикува и извинете ама не е мислење туку искажување на фрустација и омраза кон истиот.
А зошто толку ве тангира ако некој друг си кажува што му е дефиниција за нормален брак и љубов.Нели релативно беше нормалното, епа тогаш што ви смета кога друг ќе си каже своја дефиниција? Ај сега како деца мали, ќе плачеме зашто некој друг рекол дека не му е нормален отворениот брак. Во други теми - ич не ми е гајле ако некој се навреди, тука не смееш да напишеш мислење. Пречувствителност за тотални небитни работи.
Колку би сакала и некој друг јавно да се произнесе дека е во отворен брак, па да не мора само јас да објаснувам, ко јас да сум претставник на сите отворени бракови во светот. Знам, како факт, дека и на форумов има други луѓе, кои се во отворен брак. Сами ми имаат кажано... ама се плашат јавно да признаат, затоа што гледаат дека има осуди. Можеби е некој вам близок... Внимавајте сите... Вас може да ви е само обичен излив на емоции или 'мислење', ама некому може да е навреда.
Не, може и треба секој за се да има мислење. Во спротивно, затворете го форумов. Начинот на дискусија и искажувањето на тоа мислење е веќе проблем. Навреди, ниски удари, терање инат, се проблемот. И мене ми е премногу зборот ненормално употребен за отворен брак, иако јас го немам и не би го имала. Малце осет не е на одмет кога се збори за подлабоки теми.
Се согласувам. Исто и сликата со бодење очи што беше ставена од членка пред некоја страна е навредлива. И ама баш ништо не билда во дискусија, туку одзема.
На маж ми сум му дала да чита неколку пати... се чуди како сум можела да трпам толку навреди. Ама оди објасни им на сите...
А кој те навреди тука тебе лично на темава? Се дискутира за отворен брак, не видов некој да пишива дали ти си ваква или онаква.
Што мислеше со реченицава тогаш? Патем ова е интрото на твојата тема. Невозможно е да очекуваш сите да го делат твоето мислење.
Ама има разлика меѓу навреда и мислење. Аман, да не учиме и секој збор засебно што значи. Требаше ова во основно да биде завршено.
Вака најлесно е: Пред да употребите некој збор кон некого, применете го врз себе, и видете како ве прави да се чувствувате. Дали ви звучи дерогативно, или добронамерно. Значи, пред некоја да пише: “Не е нормално да си во отворен брак.“ Нека си каже на себе: “Не е нормално да си во затворен брак.“ И башка, да имаш тон луѓе, да вперуваат прст во тебе и да велат: Не си нормална. Ви звучи ли како 'мислење'?