1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Ако лично сфаќаш, зошто го ставаш животот на тапет да биде дискутиран?
    Од една страна те интересира туѓо мислење, од друга страна, одговараш на туѓи постови како за тебе да се работи. Разграничи ги тие работи малце. Луѓето дискутираат за себе, сама се плеткаш во пајажина. Прв пат кога пишував на темава, пишував во прво лице еднина. Потоа ти почна да се фрустрираш за моето мислење. Нека се заклучи темава најубаво и најправилно, затоа што секое наредно мислење и онака ќе сметаш дека е против тебе.
     
    На Traveler91, Emy867, Brpbrp и 10 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Оти некој мора да е прв

    Се погоди еве, јас да сум
    ... немаше воопшто да ми смета да била прва, било која од вас.

    И не само што сум прва, туку веќе три години на форумов, единствена која имала доволно храброст да признае за себе, нешто што знае дека од мнозинството се доживува како 'неморално'.

    Така се рушат предрасуди.
    Нема 'одокулу'.

    Која различна идеја била дочекана со раширени раце во историјата на човештвото?
    Никоја.
     
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    И сеуште никој друг не напишал за себе, значи твојата кауза е залудна. Тоа се интимни работи, не е до храброста. Разликата е што ти сакаш јавно да се искажеш, некој си ќути и си дупи и го боле стојко/стојна што Грим мисли за неговиот брак.
     
    На Emy867, burthdaykake, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.692
    Пол:
    Женски
    И јас не би можела да бидам во отворен брак.
    Но ЈАС не би можела.
    Но, не сметам дека оние кои се во отворен брак се ненормални и неморални.
    Немам што јас да тупам мозок зоооошто им е брак на нив, зооооошто. Па го дрват 3 дена тука зошто е она во брак.
    Некако е Вајлд ставена на тапет ептен ради темава, секој се дрзна да ја осуди неа и тое кои се отворен брак.
    Едно е да кажеш јас не прифаќам д абидам во таков врак, а друго е на друг да му мрчиш дали му е убаво или не во нивниот брак и дали има поента во тој брак за кој и двајцата се сложиле.
     
    На dayla, Sexybaby86, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И ти го нарекуваш 'ненормален' тој 'некој'.

    ...ама тоа е твое 'мислење'
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    На форумов и во реален живот постојано се користи терминот нормално/ненормално.Ако сѐ сфаќаме лично, не знам кај ќе ни е крајот?Повеќето тука што пишуваат си пишуваат од своја перспектива, не да те навредат тебе.Освен ако не си скарана со некого, не знам.
    На крајот на краиштата, не разбирам зошто толку сериозно треба да се сфаќаат зборовите на луѓе кои не ги ни познаваме, ако сум сигурна во своите одлуки нема да ми влијае што пишала некоја си на фемина.
     
    На Brpbrp, baby-star, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ти си скроз ненормална.

    *ти звучи како да те навредив, или не?
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Не ми беше тоа поентата ама ок.:D
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Баш то ти беше поентата.
     
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Мислам дека "новиве" генерации имаме фобија од бракот како институција и нашироко го избегнуваме е заради искуство на наши најблиски. Лично јас сум видела што значи да правиш работи кои се одвратни и према себе и према партнерот за да опстои и да дава една лажна фасада "за пред луѓе", за пред деца и слично. Илјада пати потоксични одлуки и милион пати потешко за членовите на тоа потесно семество, куп лаги, нервози, нерасположеност и спарно седење на маса како да си во сауна со огромен жежок воздух и само чекаш да заврши тоа истото за да се вратиш во апатично постоење.

    Кога ќе чујам приказна за успешен брак, сакате верувајте - сакате не имам преголема тешкотија за да поверувам. Не велам дека нема, велам дека јас во мое блиско опкружување не сум видела. Во мое најблиско семејство а и кај најблиски мои пријатели бракот е еквивалент на затвор, на птици во кафез, од кои едни се пробуваат упорно да избегаат, други се помириле со тоа дека се во кафез и едноставно остануваат да егзистираат во него.

    Милијарда пати сум се прашувала на оваа тема, од една страна многу сакам врската некој ден да ја крунисам со брак, иако претставува парче хартија, сепак мислам дека е еден симболичен чин на ветување на љубов, ама пак од друга страна све и свашта се имам изнагледано и си викам зошто баш ова е тоа кон што сите луѓе чезнеат кога освен несреќа и јад не им носи ништо друго.

    Бракот е тема на разговор каде буквално нема "прав" и "крив". И мислам дека не е ни битно како го договараат партнерите, се дури се и двајцата среќни. Ми нема ништо потажно од несреќен човек во брак. Како си се договараат партнерите никогаш не би се мешала, ама и те како имам против кога е склучен по желба на некој друг фактор (родители, роднини, фактор околина, муабети од луѓе, притисоци, непланирана бременост...). Мешање на друго нешто а не крунисување на врската ми е рецепт за катастрофа. И мислам дека бракови што се склучиле како чаре за нешто многу брзо ја изгубиле есенцијата и станале една обична навика.

    Секој си го знае партнерот и секој си знае што има покрај себе. И како и да одлучат да живеат, треба да имаат право. Друго стварно не сум паметна што да кажам, ван памети ми е некому да кажувам како да си го живее животот. И се надевам дека тие што ќе се одлучат на таков чекор се среќни, затоа што све друго е узалуд.
     
    На dromka, x.Daisy.x, Biljarkata и 13 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Знам дека е оф топик, ама баш пред некој ден си мислев за ова: Како младите гледаат на концептот брак?

    Може и нова тема заслужува прашањево...


    @RainBow ?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Абре жено. Дејство ненормално за мене. Ги опишувам чувствата кои ми ги буди оваа тема. Човек не го ни знам, ниту пак ме интересира, за да имам било какво мислење. Само ли јас себе се сфаќам што сакам да кажам, или интересно ти е да си ги вртиш постовите во твоја полза, со цел да ги фатиш останатите на сентиш.
    За темата се дискутира, не за ТЕБЕ.
    Јас сум барем црна овца во фамилија, ништо не земам при срце и си терам по свое. Мој живот, мои правила, туѓите зборови-ирелевантност.
     
    На burthdaykake, baby-star, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Добро бе.. и ти си ненормална :)
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Сум и горда сум на тоа.
     
    На Brpbrp, tinka-mace, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира што ми била поентата.:D
    Пробувам да ти објаснам дека тоа што е напишано на јавен форум не е насочено кон тебе, стварно не знам зошто некој би те вреѓал намерно.Ако лично ти пишале ненормална, има опција пријави.:?:
     
    На tinka-mace, burthdaykake и christinnn им се допаѓа ова.
  16. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    TRIGGER WARNING!
    Ненормална работа. За мене, секако!
     
    Последна измена: 15 јануари 2021
    На cresa-jagoda, GrimTheReaper и Аргентина * им се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Го делам потполно истото мислење, како јас да сум го пишувала од збор до збор. Јас лично имам фобија од брак, ми се гади од самиот збор брак и да се прашувам јас никогаш не би била во брак, ама тука е општеството кое секако наметнува да си во брак како би се вклопил во "нормалните", а ако не си во брак те сметаат дека нешто не е во ред со тебе, дека нешто ти фали, истото се однесува и ако веќе си накај 30тите а не си во врска, автоматски значи дека со тебе нешто не е во ред, те сметаат за греотка за жалење дека си.
    Успешен брак кај помладите генерација е научна фантастика, или се разведуваат во првите неколку години од бракот или пак се држат за влакно што би се рекло за да останат во тој брак. Не сум сретнала до сега некој да е среќен во брак, се е глума, баш како што пиша за пред роднини, пријатели, децата. Секако дека има и исклучоци, ноо на тие исклучоции баш и не им е важно парчето харитија и т.н институција брак.
     
    На Осе, KateKane и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Претпоставувам дека повозрасните ве форсираат...
    Или и во помладите има такво 'верување' - дека нешто не е во ред со тебе, ако не си во брак?
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Треба да се разграничат работите и да се знае што се сака. Секако, и да се превземе одговорност за тоа.

    Јас ако нејќам врска, брак, па никој жив не може да ме натера на тоа, а не да го кривам општеството дека сум се омажила за погрешен или за прав.
    Па и младиве, иако и јас не сум од постарите, во животот е битно да знаете што сакате. Ако не сте гледале и не гледате среќни бракови, не значи дека ги нема. Очекувањата од среќен брак за секој се различни, ништо не е совршено или сите бракови да се кроени по ваша замисла, па ако нешто отскокнува, не чини, не е среќен брак. Јас сум гледала среќни бракови околу мене кога сум растела, имало примери, иако не сметам дека бракот на моите бил еден од нив. Тоа не ме направи да сум против брак, затоа што баш знам што не сакам и како да не се однесувам во брак.
    Отворен брак не сум го гледала ко опција, јас сум себична особа ко што пишала @WildMk во почетниот пост, сакам само мене да ме гледа мажот ко сексуално битие. Немам против отворен брак, ко што реков, секој брак си е различен, ако особите се договориле и се среќни, се најдобро.


    Да се надоврзам со ова погоре, за дека нешто ти фали ако не си мажен.
    Имам во близина примери од две девојки, жени, касни 20ти, близу до 30 години. И двете сами кажуваат дека сакаат врска, љубов, брак, итн. Јас сум прва што ќе каже дека не ти треба маж или не се мажи ако апсолутно не си сигурна, али што да кажеш на вакви примери? Ниедна од двете немала дечко досега, не дека немале прилики. Али се нешто им сметало, се некој не бил доволно добар за нив, не биле во никаква сериозна врска за да запознаат некој доволно и да не го оценуваат веднаш ко недоволно добар. Е овде може ним ништо не им фали, али очигледно чим веќе сакаат врска и се тоа им е муабет, а никаква акција, треба да си ги намалат очекувањата, зашто никој не е правен по твој модел.
     
    На Kaja991, christinnn, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.721
    Допаѓања:
    12.826
    Ниеден не е совршен ама буквално ниеден пред стапување во брак како што кажа членката погоре врската да се круниса со брак гледаш дали партнерот што е со тебе ти е доволен фали сексуално,духовно итн. Ако сите бараме што му фали на партнерот т.е. неговите недостатоци и да ги пронаоѓаме во други личности ќе ни нема крај. Некој има повеќе маани,а некој помалце совршеност не постои. Тие што се во отворен брак не можат да си замислат како е да се посветиш на една иста личност цел живот. Една позитивна работа кај нив е што не кријат кој со кого оди и што прави. Некој што е во отворен брак нека објасни како тоа изгледа љубовта и што значи за нив тоа љубов?
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.