Тебе тоа ли те мачи, што никој не ти признава дека ти си подобра од нив, што знаеш како е да се посветиш и да сакаш еден цел живот? Ете јас лично може не го сфаќам нивниот начин на живот, али пак и вакви коментари не ми се за поддршка. Гледај твојот живот, ако си задоволна од твојот, нема да има потреба да се издигнуваш пред другите за вакви работи.
Дискусија е...може и мене ќе ми се присвиѓа како функционираат па може и јас ќе сакам да сум во отворен брак. Имаш некаков проблем со тоа? Се спомнаа хомосексуалците предходно и доделување деца од еднна страна е во ред да посвојат дете зошто некои родители ги оставиле таму или пак нешто друго се случило и не е ни битно али од друга страна како ќе му објаснат на тоа дете како е створено. И замислите да е во ред тоа хомосексуалци да би биле во брак што ако цел свет стане таков како би се размножувал? Од една работа произлагаат уште 101
Не е дискусија кога ти опишуваш каков е нивниот живот, како им е нив, колку сакале и дали сакале. Ти не си ни спремна да ја сослушаш другата страна, а камоли за момент да ја видиш нивната перспектива. Нити се сега сите хомо, нити некогаш ќе бидат.
Колку мешаш баби и жаби, тоа е нешто невозможно. Хомосексуалец се раѓаш. Значи маж и жена хетеросексуални создаваат хомосексуално дете. Не се учи да бидеш хомосексуалец. Од друга страна па, хомофобијата се учи.
Да и кај помладите за жал сеуште постои тоа верување. Јас лично сум избрала да бидам сингл поради неколку неуспешни врски, тоа не ми е одлука за цел живот, туку период во кој сум сметала дека така треба да биде.Дури и најдобрата другарка знае често пати да ми рече, па ајде кога ќе си фатиш дечко, а при тоа никогаш ме немаат прашано како се чуствувам јас во врска со таа тема, ама најважно е да имам дечко. При тоа истата другарка се омажи за дечко кој знаеше дека не е за нејзе и сега бракот им е катастрофа, ама не битно што мажот и има друга на страна, она сега си има бебемце и тоа е најважноо. Така одприлика функционираат браковите на младинава сега.
@Brpbrp како, о како цел свет би станал хомосексуален? Твојата ограниченост кон ова се базира на нешто кое не е возможно во ниту една реалност. Како ќе му објаснеле на дете како е створено, како што ќе му објасниш ти на твоето исто и они, да не сличајно му велиш на твоето дека штрк го донел? Секако ќе им објаснат како се прават деца, секако ќе знаат дека е од маж и жена. Мислам нејкам да те навредам ама овие твоите "што ако" се многу безвезални и без никаква логика. Од аспект на темава луѓето во отворен брак не бараат кај другите партнери нешто што нивниот партнер нема, пример Вајлд кажа дека нејзе помислата маж и дека е со друга ја возбудува, кај некој друг може тригерот е различен ама битно никој не бара во отворена врска или брак она што го нема партнерот(барем не карактерно и емоционално) физички може има ама сепак пак не е тоа причината. Сите сме различни, сите не возбудува различна работа и никој не може да осудува сексуални преференции, мислам неаме право да судиме освен во случај на кршење на правото(силување, педофилија, зоофилија итн) Така да помири се дека она си го сака парнерот и целосно е посветена на него, она не оди кај други да се жали од парнерот или да бара врска и пополнување на недостатоците од партнерот, она е со други оти нејзиниот сопруг и нејзе ја возбудува помислата и чинот, ете ти објаснив јас. Кога сме веќе на темава мене многу ме возбудува свингерство, ама маж ми не, па не му наметнувам ништо, плус не сум сигурна дека нема да влијае лошо и кај мене и ќе си остане фантазија, ама пример и мојот партнер да го возбудва истото и да имам негова подршка и учество, баш ме заболе дали некој мисли дека ние не се сакаме ради тоа. Напротив според мене и тоа е многу добар знак за убава љубов, се прифаќате со сите чудни и необични карактеристики и желби.
Како ова можеш да го тврдиш за другите? Тоа можеш да го кажеш за себе,но не и за сите луѓе кои практикуваат врски во брак,истражувањата кажуваат друго. Canadian psychologist Samantha Joel and her colleagues point out, some couples resolve issues of sexual dissatisfaction by opening their marriages. That is, they allow each other to have sex with other partners. Such an arrangement is known as consensual non-monogamy (CNM) and it comes in three forms: Swinging, in which two or more couples swap partners on occasion, sometimes in their own homes and sometimes at swingers’ clubs. Open marriage, in which each spouse is free to seek out other sex partners on his or her own, often with the other spouse having some say over the conditions of the extramarital liaison. Polyamory, in which each spouse in the primary relationship also has long-term sexual and emotional relationships with other partners, all of whom know each other and are generally on amicable terms.
@Cosmi со акцент на some couples, и на тоа дека истражувањето покажува дека ова се случува поради незадоволство. Така да незадоволството може е од причина што едноставно може само тоа ги возбудува и ако подолго време не го практикуват се појавува фрустација, пак е нешто физички што го бараат кај друг партнер, да, веројатно може да се каже дека и ова спаѓа во емоционално(мада јас повеќе би го ставила во психолошки причини) пошто мене возбудата ми е повеќе со мозокот врзана(не велам дека сум во право) ама сепак се сведва на тоа дека поради нешто се договориле да имаат отворен брак и тоа ги прави посреќни, така да која и да е причината не е на нас да кажуваме дали е нормално. Така ако јас не можам да кажам за сите парови, што веројатно си во право, зошто вие може да кажете дека нема љубов кај тие парови, како можете да знаете дека нема?
Жено, децата во Словенија уште во градинка ги учат, дека едни деца се раѓаат и им го објаснуваат процесот, а дека има и деца што се посвојуваат. Кое прашање ти е тоа како ќе им објаснат како се створени. Научете да си комуниирате со децата.
Јас дури сега гледам дека тука била забавата. Веќе скоро се' сте покриле. Само да се надоврзам на муабетот на @1209 и @Cosmi, нема ништо лошо да бараш нешто во друг, што примарниот партнер не ти го овозможува. Не само за секс и за физички изглед, туку и за емоционална поддршка, и љубов, и карактер, и интереси. И поназад се зборуваше, нереално е да очекуваш да најдеш се' во еден партнер. И затоа си наоѓаат повеќе. Само да се надоврзам, тоа е еден од елементите на моногамијата што не ми се допаѓа (што секако не мора да биде така, ама е наметнато), очекувањето да еден човек ти биде доволен за се', дури и кога не е, и нормално е да очекуваш партнерот (или ти лично) да нема длабоки, и платонски врски со луѓе (посебно) од истиот пол. Или такви врски се сметаат за невозможни. Што бараш таму, кога ме имаш мене нели.
Наметнато или не, јас не знам дали би можела да се снајдам во таква приказна. Не знам, себе не се сметам за посесивна, баш мислам дела либерална ми е врскава со вереникот. Сепак, тоа што сум моногамна, а се надевам дека е и тој, не ме прави подобра, постабилна, позаљубена, почесна, поморална по-итн. од било кој што поинаку си ја договара својата врска.
Ти ја објаснив веќе, ама очигледно, не го прифаќаш како одговор: Го сакам, сакам да живеам со него, сакам да умрам покрај него. Ајде сега ти објасни ми ја љубовта кон маж ти.
Ау... И ние го поминавме тој пат. Идејата ни се допаѓаше, ама ни беше страв од последиците, па некое време дебатиравме, разглабавме итн... Испадна на крај 'шизик иде на ризик'... Па фала Богу, не испадна лошо... А можеше секако...
Ова е најнелегитимниот факт од сите сачувајмебоже факти на хомофобите кога е оваа тема у прашање. Ко хомосексуалноста да е некоја заразна болест па ако се дозволи сите ќе станеме хомосексуалци
Искрено не го сфаќам концептот за отворен брак и не би била во отворен брак. Не судам, само едноставно мене концептот ми е туѓ и неприфатлив за мојот личен живот, не сум човек кој може да е во немоногамна врска. Кога веќе е тоа кажано, не знам како имате енергија да убедувате повеќето на темава дека: 1. "Сите бракови се тајно отворени, само вие не знаете.": Глупост жива. Ако стварно верувате во ова не влагајте во брак никад. 2. "Отворените бракови се ненормални.": Може да не ви се прифатливи или да не сакате отворен брак, и тоа е сосема во ред, ама како ви е гајле дали некој е во отворен или затворен брак. 3. "Имам x проблем во врската или сексот, може отворен брак ќе го реши": Ова низ други теми за совети ми е читано некаде. Не, нема отворен брак да ви ги реши проблемите во бракот генерално.
Јас сметам дека отворање на бракот само за да се зачува бракот не е решение. Тука не мислам на парови што едноставно сакаат концепт на отворен брак и се решаваат да пробаат, зборувам за имаме икс проблеми во бракот, или нема љубов или привлечност, па ако му дозволам или ми дозволи да имаме отвореност, може нема да ме остави и слично. Некако испаѓа многу провизорен брак така. Во тој некој контекст беше советот тогаш, не се сеќавам точно. Ама сметам дека отворениот брак како таков нема да реши проблеми во брак кој барем едната страна преферира да е моногамен, па прави компромис за другата страна.
Да ти кажам искрено јас имам мајка која "покасно" ме родила, јас имам 32 она 69 и никогаш не ме форсирала за мажење,кога имавме по 20/25 години ми викаше ако сте будали уште сега течајте да се мажите, додека на другарки мајки од по 45 години, ги форсираа да се мажат стари биле на 25 што чекале... И сега дека сум трудна , а не се мажам(најверојатно ќе го изведеме тоа на крштевката здравје боже), на мајка ми и кажав вика ок како си сакате така, а на другарките мајките ме напнаа да удрам еден потпис, и како мајка ми ќе реагирала на тоа? Изгледа нема врска со годините ,туку во калва средина сме растеле,или колку ни влијаела... Едит: Да се изјаснам на темава да не бидам офф. За мене лично не би прифатила да бидам во отворен брак, не сум прифатила некогаш ни отворена врска,не сум јас лично за тие работи, премногу сум љубоморна и напорна во врска си признавам. Немам против за други. Мене ми е мизерно лажењето,криењето за варање,па измислување причини да излезе,триста глупости...тоа многу боли, а кога се отворени картите и секој знае на што е, нека си прави како сака,кои сме ние да судиме дека е правилно баш тоа што ние го правиме, а туѓото е неправилно...
Кога се запознавме со сопругот и ние функциониравме преку отворена врска. Бевме млади и авантуристи. Тој имал "сериозна" врска пред мене, што не беше и случај кај мене. Искрено, моите чувства беа исти уште од самиот почеток, а него му беше повеќе за забава. Се договоривме дека ни е убаво да го поминуваме времето заедно, но и дека не се обврзуваме да бидеме во "моногамна" врска. Излегував, се дружев, имав искуства со други луѓе ама секогаш тој ми беше на прво место. Скоро две години функциониравме по овој принцип; и една вечер господинот ми кажа дека чувствата и начинот на кој ме гледа му се промениле и сакал да сме сериозни. Што и станавме. Така што, јас сум пример за тоа дека човек може да излегува со повеќе луѓе, а сепак да го сака својот партнер. Сопругот е обратен пример, не сака да дели луѓе кои му значат. Сфативме дека најдобро функционираме на овој начин, што не значи дека не сме отворени за промена во иднина, нормално доколку тоа го сакаме. Лично, познавам неколку парови кои се во отворена врска/брак и на кои им е одлично! Барем засега - супер им оди. Меѓутоа, проблем е кога едниот партнер го сака тоа, а другиот прифаќа за да го задоволи. Впрочем, и јас прифатив од истава причина. Но, ајде... млада бев.