1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.715
    Сосема океј ми е мене отворен брак иако јас не сум во таков.
    Немам ништо против.
    Тетка ми моментално е во отворен брак на нејзини 50 год. Жената се изгори еднаш со поранешниот сопруг и сега не сака да чуе за стандарден брак. Тој ја изневери и физички и ментално потфрли. Толку се смени тој период таа, толку не личеше на себе - не ја препознавав.
    Откако го запозна сегашниот партнер и се смени крзното што се вели. Заедно се, супер функционираат, заедно работат јадат,пијат,се. Во ист стан си жицеат трошоците по пола си ги плаќаат. Него не го интересира нејзиното минато, и самиот е разведен. Ама го нема тој балкански менталитет како овие мажињава овде ,,претходно со колку си била''.Тој има деца од претходниот брак, а и таа. Сите на куп се собираат и ручаат заедно понекогаш.Немам слушнато да се скарале за нешто низ годините. Децата си имаат сега и свои фамилии,за празници се сите заедно.
    Што има врска дека не се на лист хартија потпишани. Тој листот ништо добро не и донесе,само влечкање по судови за делба на имотот, и тоа што со нејзини пари го спечали го подели со тој гадот.
     
    На thelittle17, Nigredo Odor, Milan444 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.433
    Ова не е отворен брак, ова е вонбрачна заедница.
     
    На Leat, 9797, A.n.g.e.l.a.V и 19 други им се допаѓа ова.
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.715
    Слично е. Пак се слободни да прават што сакаат, па и со друг да заминат, не верувам дека би се разделиле поради тоа.
    Ама тоа до луѓето е.
    Дури не си ги познавш не можеш да кажеш дали е вонбрачна заедница или не. Само од друг агол ги гледаш работите.
    Битно да нема последици ако се разделат.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.709
    Технички гледано, и јас бев 2г во отворена "врска".
    Не бевме во врска ама се гледавме најмногу еден со друг + со други луѓе понекогаш.
    После 2 год се решивме за врска, т.е. за моногамност :D

    Ете никогаш не сум гледала вака на нашите почетоци.

    Млади бевме, деца, не ни сакавме да се врзуваме. Друга работа е што бевме врзани, ама не знаевме :)
     
    На Dust, Milan444 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.433
    Јас не ги познавам, ти така опиша. И нормално дека можат да се разделат кога сакаат поради трета личност, секој може, само тука нема правни постапки како во законски брак, ама не е исто да се разделиш заради трета личност и да општиш сексуално со трета личност додека си во било каква заедница со некој.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.709
    Ами според поназад цитираниот закон, вонбрачната заедница има статус на брачна после 1 година заедничко живеење.

    Така што очигледно освен да се заебаваш повеќе што е мое а што е твое, при нели разделба, не знам што уствари им менува.

    Ама сепак тоа @firequeenn тука збориме за секс со трети лица на обострано знаење и согласност на двајцата во брачна заедница.
     
    На WildMk, firequeenn и Emy867 им се допаѓа ова.
  7. Lazy - Daisy

    Lazy - Daisy Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    16
    Ниту ние никогаш односот не го класифициравме како "отворена врска". Излегувавме секаде, пред светот тој ми беше "дечко", а јас нему "девојка", правевме се што двајца во врска прават... Си бевме битни, но не и единствени.
     
    На Роберт 7, WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Отворив темава и разбрав дека насловот треба да се преправи во "Прашања и одговори со Вајд".

    Дојдете.
    Оставете си го своето мислење, а не земале на секое прашање да следи подпрашање..
     
    На Bicka77, Осе и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    :D :D Ме насмеа мало

    Сама си се кладов во огнот... никој не ми е крив.
     
    На DarkStormm, Осе и edna_malecka им се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.554
    Пол:
    Женски
    Концептот на отворен брак мене лично многу ми се допаѓа. Посебно делот со споделување на сѐ со партнерот без осудување.
    Факт е дека не може една личност 30-50 години да ти задоволи се. Плус што секогаш се наоѓаат и поубај од мене и поубај од него.
    Ама тука со овој менталитет ,каде што ако објавиш фотка со бикини сама си го бараш едноставно не можат ни да сфатат што е тоа отворен брак. Одма мислат дека скокаат тие од отворен брак ко песој над/под сѐ што ќе им се најде на патот. Не сум во отворен брак ,но можеби би била доколку беше партнерот отворен по ова прашање.
     
    На PoisonGirl, Milan444, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Темава жестока :)

    Мое мислење е дека премногу влегуваме во дефиниции. Се мора да е ограничено и спакувано за да го воспримиме. Поинаку и тешко би се објасниле, ама пак сексуалноста е тешка да ја сместиш во граници. Бидејќи нема граници како и љубовта има 10001 начин на примена и доживување.

    75% од луѓето имаат фетиши макар и еден. Во 75% влегуваат и оние слободните (отворен брак како дефиниција не го разбирам и нема да го именувам така) и оние моногамните. Од биолошка гледна точка ние луѓето се разликуваме во однос на сексуалноста според степенот на енергија и сексуалност која ја имаме. Некои лица имаат голема сексуална енергија некои многу ниска, некои балансираат во средина. Сексуалностите ги знаеме претпоствувам хетеро, би, хомо и асексуалност. На фетишите им нема број.

    Доколку лице со голема сексуална енергија е во моногамна заедница со лице со помала сексуална енергија не знам како би опстанале во моногамна врска. Освен ако не се лажеме нели. Ова е комбинација во која и да видам нема да верувам дека опстанале сами долги години заедно. Долги години не мислам 5, мислам 15/20 итн.

    Ликови со балансирана сексуална енергија верувам дека может да опстанат. Ќе си најдат повеќе занимации по дома и професионален живот и ќе поминат еден долг живот моногамно и среќно. Бидејќи немаат ни потреба од нешто друго.

    Ликови со ниска енергија двајцата се идеални за “мирна глава”. Два порнича месечно, пет шест играчки во животот и готово завршена работа, среќни до крај.

    Ликови со висока сексуална енергија се лесно приметливи бидејќи зрачат, тоа не се крие или потиснува во себе. Тие ликови и покрај сите комбинации да се уклучи партнерот ќе бараат нов стимуланс бидејќи поинаку не ни може. Дали се свингерај партии, сексуални игри, користење услуги, сексуални масажи и стимулации, сексуални партнери, драми со емоции, илјадници играчки и само стимулации, сепак на крајот на денот ќе изнајде нешто ново да се предизвика зад грб на партнер.


    Лично не верувам дека слободниве бракови се искрени до крај. Не од причина дека се плаши да каже туку целата магија се губи во процесот ако е отворен. Стимулансот исто така. Тие кои го практикуваат ова точно знаат каков е тој стимуланс. А за него и “живеат”. И така да им се лизне низ прсти..не верувам.

    Некој ќе рече зошто да не е и партнерот уклучен во се. Зошто не е возможно да биде уклучен. Ние сме човечки битија кои имаме различни интереси и потреби. Ако мене бдсм ми е стимуланс за сексуално исполнување, а на партнерот му е доволно една мисионерска пред спиење не е можно да се усогласиме. Тоа би значело потиснување кое носи психолошки проблеми и негативни емоции.

    Исто за кое не се согласувам е дека на некој му е сеедно партнерот да му се вплетка во емоционална сексуална врска и тоа случајно да го дознае. Не може да ти е сеедно оти си магаре во ситуацијата, магаре.

    И последно за кое не верувам е “ние сме верни и имаме одличен секс”. Шарап.

    Да се вратам на сам почеток 75% од населението има фетиш. Фетиш имаат и моногамните во висок процент. Сепак има одлуки со кои некои живеат дека немаат потреба се да пробаат или остварат во животот. Пеким поштувам. Ако можеш само напред.

    Сексуалните испитувања растат сразмерно со слободното време. Колку човек има слободно време толку повеќе се испитува и анализира себе си. Ако си пун до гуша со обврски и енергија до плафон да имаш се ти е џабе. Среќа тој животен ритам не трае цел живот туку периодично и потоа човек може да издиши.

    И за крај испитување на сексуалноста со 20,30,40 и 50 години не е иста. Како и се останато. На 20 ти е доволна една пристојна 18ка и и четири стомачни муслулчиња. На 50 ти треба цело сценарио во 10 чина.

    Јас иначе лично сум моногамна и ја бодрам страната еден за цел живот ако не и за два животи.

    п.с пишувам сто саати со прекини веројатно звучи налудничав постот :D
     
    На Milan444, lylaby, Bebce1 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Она што е битно во приказната, е луѓето да не си судат едни на други заради разликите во сексулноста меѓу нас.
    Како што рече @FreeMind 'етикетите' во суштина се непотребни... кога би се гледале еден со друг со исти очи.
    Вајлд ќе биде Вајлд и сите специфики за нејзе, се применети исклучиво на нејзе.
    Кога ќе дојдеме до тоа... нема да се гледаме ни пол, ни раса, ни секуална ориентација/преференција, ни кој каков статус имал, ни кој каква професија имал, ни ништо...

    Ама до тоа, имаме уште мнооооогу еволуција.
    Значи ептен многу.
    Внуците нема да ни го видат тоа...
    Можеби за 1000-2000 години... Можеби :)
     
    На jarec6, FreeMind и Осе им се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Јас немам ништо против ова. Не сум во отворен брак, но кога би се разговарало за ова мојот став би бил дека се согласувам. Зошто ? Затоа што подобро отворен брак отколку неверства и кавги. Вака ќе си на чисто, секој ќе си ужива како ќе посака и нема да биде ниту осуден ниту цело време да живее во страв дали ќе биде фатен/а во неверствво. Ако се согласуваат двајцата партнери и не им пречи такво нешто тогаш е супер. Не дека е нешто најубаво на свет и дека уште утре би посакала отворен брак, но самата идеја е интересна.
     
    На PoisonGirl, cavalli, DraganFem и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Е мислам дека ова не ми требаше да го прочитам:D
    Ме подзамисли сега :sweat:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Многу луѓе во денешно време се во отворени врски и бракови ама не знаат кутрите. Мислат индивидуално изневерување е, а уствари отворена врска/брак е само без согласност од двајцата. Лично познавам 2 такви пара. И жената и мажот си се гледаат со други ама ептен скришно, изневеруваат поточно, ама се кријат едни од други. :D:D
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.433
    Ако е без согласност, тогаш не се.
    Едно е изневерување, друго отворен брак.
     
    На thelittle17, Fallen.Angel, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Да де, изневерување е ама како отворен брак да е нивното се понашаат едино само меѓу себе не знаат.
     
    На thelittle17 и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Не може да си во отворен брак а да не знаеш. За отворен брак треба одобрување за тоа од двете страни, а ако се однесуваат ко да се во отворен брак, а меѓу себе не знаат, изневерување е.
     
    На jarec6, WildMk и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Полу-отворен брак.
    Едниот го 'отворил', другиот појма си нема.
     
    На thelittle17, IRBBB, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Бев на почетокот во отворена врска, после господинот почнал да чувствува многу повеќе и престанавме.
    Ми прави задоволство, утре, задутре би прифатила да сум во отворен брак.
     
    На Milan444, mesecar, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.