И во твоето и во нејзиното гледам став и прашање (не убедување). Нејсе ти си знаеш. Форумот не е само за "став" со петсто извичника и прашалника и големи букви. Има нешто и во дебатата.
Се ебаваат со кој стигнат ама се во брак „ради децата“. Вршат незадоволени потреби со трето лице а не го решаваат проблемот од корен и тоа по една проста причина „шо ќе кажат комшиите“
Кога не јадеш грав (боранија ватевер) секој ден за ручек Нека каже некој со искуство на темата. Од парот јас што го знам не беа во брак заради децата или заради комшиите. Го зачинуваа сексуалниот живот. Што е најинтересно, не знам како функционира, од непријатно не сакав да поставувам прашања и да навлегувам во интима но дефинитивно треба и двајцата партнери да сакаат. Мене ми е баш необично и да можам уште милион прашања би прашала. Пример тоа што јас не го разбирам е љубомората, пример да знам дека мм е вечерва со друга, ќе се подракулам од љубомора.
Дошле до стадиум да се како цимери, женско и машко цимери кои се фак френдс при тоа, претпоставувам затоа не осеќаат љубомора. Друго некои може и осеќаат ама ги пали тоа дека партнерот пак нив им се враќа, како види колку сум јака/јак по толку сексови со други пак кај мене се навртува и враќа. Инаку не сметам дека остануваат во отворен брак само заради детето или ако се разведат што ќе речат комшиите. Знам за случаи каде мажот предложил да се во отворен брак жената не сака ама прифаќа и таа може ќе има секс со 2-3ца во цел брак тој пак со 20-30 жени, не се рамноправни во бројката на секс партнери. Или пак жената предлага за отворен и таа е со повеќе секс партнери низ бракот од сопругот. А има и случаи кога и двајцата имаат исти секс апетити надвор од брак и се решиле за брак ете не знам од нивни побуди како демек се сакаат на посебен начин како ете сопруг и сопруга независно што имаат односи надвор од брак, ете си тераат со некој нивни облик на брак и претежно тоа се лица кој од мали нозе не верувале во моногамност и си тераат со тие уверувања до крај на живот, ете тоа си е нивни избор.
Сета таа моногамија е супер додека едниот од партнерите не дознае дека не е се баш така моногамно. У секој случај подобро отворен брак отколку лажна моногамија.
Не ја дели ни мажот, ни жената го дели него. Не се поседуваме еден со друг, па да се раздаваме по луѓе.
Модерно кажано отворен,значи не си се единствени во бракот,спијат и со други луѓе,но и на двајцата тоа не им пречи .Така јас го сфаќам терминот отворен
Моето мислење е тоа, ја дели. Во брак се сопруг и сопруга. Во црква барем, завет даваат. Еден на друг дека ќе си бидат верни. Сопругата неговото презиме го носи. Не е поседување, но е заедништво. И да, ја дели со други мажи својата сопруга. И таа него. Одвратно.
Не спомнав неверство туку делење. Слично е ама не е исто. Второво е со согласност и ствар на договор.
Знам дека тебе ти е несвојствено, ама тоа што ти го чувствуваш, не важи за сите. Нам ни причинува задоволство ваквиот избор. Ти ќе си го одбериш својот пат.