Мое лично мислење е дека ако некоја со мажот по договор има други мажи , повеќе ќе ја ценам како човек се додека игра искрено,отколку некоја омажена жена која гледа други мажи да заведе а наводно среќна омажена .Или било која жена што игра валкано,нечисто или маж да речеме .Се додека не се повредуваат други луѓе се е во ред .
Мене отворен брак ми е само договорено неверство. Разбирам дека после долги години брак веќе сопружниците се повеќе како другари отколку како на почеток кога има многу повеќе страст, и станува монотоно, па затоа има и толку неверства, но отворениот брак буквално по ништо не се разликува освен по тоа што знаат и двајцата и си даваат дозвола.Пак се работи за истиот порив, како и да се врти.Не го прифаќам и не можам да замислам некој што ме почитува и сака многу да ми нуди отворена врска/брак.
Ајде да се вратиме на темата ве молам.Мене околу отворениот брак нешто ме интересира,ако некој сака да каже,дали само брачните парови знаат меѓусебно за интимата или и нивните поблиски? Родители, пријатели ,роднини и што највеќе мислат родителите на сопрузите?
Не знаат родителите. Не знам пар што зборува за нивната интимност со родителите. Без разлика дали се во отворен брак, или не.
Тоа за мене не е брак. Не познавам луѓе кои се во отворен брак. Не сакам перверзии, сексуални егзибиции, не сакам менување на партнери. Еден ама вреден мене би ми бил доволен. Тие што имаат добар партнер кој ги исполнува, не ни погледнуваат други, а не па да легнат со други во кревет.
Повеќето ја мешате љубовта и почитта со сексуалните преференции. Ваквото гледиште се должи на тоа што ги поистоветувате сексот со љубовта и почитта. Поедноставно би ја разбрале побудата, ако кон сексот со други во брак, го гледате како било која друга сексуална преференција: орален секс, вагинален секс, анален секс, врзување, груб секс, секс на јавни места, секс во автомобил, сексуални играчки... Е сега, замислете ја вашата сексуална преференција и колку и како влијае таа на вашата љубов и почит кон партнерот. Воопшто не влијае, така? Без разлика што ве возбудува, љубовта и почитта ви се непроменливи. Е сега, таа ваша сексуална преференција заменете ја со секс со трето лице и може ќе го разберете отворениот брак како појава.
Ако мажот и жената не се сакаат и се вараат на сите страни за мене не е брак, и тоа не е подобро за децата.
Се сакаме и не се 'вараме'. Да изневеруваш некој, значи да ја изневериш неговата доверба. И другарка може да ти биде неверна, а тоа не инволвира секс, нели? Се додека сте искрени, отворени и заедно одлучувате како ќе живеете, нема изневерување. Прочитај го пак претходниот пост. Каков секс и да преферираш, не ја менува љубовта кон твојот партнер. Практично, исто е како да речиш дека ако сакаш анален, не го почитуваш партнерот. Не го почитуваш, ако го форсираш да прави нешто што не сака. Но ако и двајцата сакате, нема никаков проблем.
Мислам дека е целиот процес левел на слобода и поклопување на страсти, што во суштина е ретко да се постигне. На пример, за да не бидам погрешно сфатена па да ми рипнат да ме отепаат тука на форумот , ќе зборам во мое име. Мм е балкански човек. И кога би се нафатиле на нешто вакво, во прва караница би бил муабетот пререкување, а со него убаво ти беше, поубаво него со мене, а ова а она...? Значи треба ептен да си на иста страница со партнерот за да нема идни конфликти на темата. Мислам дека во Америка и Европа ова е позастапено отколку кај нас. И најсмешно ми е кога луѓево реагираат бурно, мислиш за нивни брак се работи. Луѓенца, живејте си го животот како ви е убаво, не се замарајте кој и зошто има отвпрен брак.
Да ,но лицемерие е полошо. Или она,менување многу а после се женат мажат.Ако е еден да е еден само за цел живот
Е да... ако има љубомора, нема шанси да бидеш во отворен брак. Ќе ви го запусти бракот. Ние донесовме ваква одлука, уште кога почнавме врска. Имавме време да видиме дали можеме да се носиме со одлуката, или не. И впрочем, не е нешто што го практикуваме редовно. На периоди се случува. И обавезно во време кога немаме проблеми.
Скроз исправно. Тест период. Мојов однапред знам дека не би се нафатил (кога и јас би сакала). Пример, еден порнич да изглеам и да сакам да ископирам нешто за зачинам, во неговите очи секогаш ќе гледа дека тоа ми е доживеано со другиот па го воведувам во нашиот сексуален живот. И ќе ме изеде после жива. Затоа викам, кога нешто не можеш, не знаеш да го правиш, нормално е да не го разбираш. Ама чим некаде функционира, значи има логика за некои парови. Битно вие да сте си среќни.
Сум пишувала дека имав дечко кој пред мене бил промискуитет. Тоа беше канта човек, денес е банкомат. Кога немаш што да понудиш, нема што да бараш, а и никој не е должен да се уништува, со некој кој не мисли сериозно да го сфати животот. Јас знам само еден единствен среќен брачен пар, роднини ми се, и таа хармонија не се купува со пари. Таква слога, љубов, почитување. Тоа резултира со успешни и добро воспитани деца со убав и среден живот. Среќата е многу, ама многу повеќе од менување на секс партнери.
Точно тоа. Среќата е многу повеќе од сексот. Сексот е само еден аспект од заедничкиот живот. Без разлика каков е тој секс. Не се решаваат проблеми со имање секс.
А ако во отворен брак, сопругот затрудне друга,или сопругата затрудне од друг маж?Што тогаш?Веднаш мора да се помисли на абортус или?
Мене сега ми е скроз океј ова отворен брак, за разлика од кога се отвори темава тогаш ми делуваше гадно и ненормално. Едноставно е, само треба да се одделат чувствата од сексот. Веќе сум кажала го имам прашано мм дали би сакал некогаш, и уште во старт ми рече нема шанси подобро ќе се разведеме, а јас сум баш оноа со отворено сфаќање сега, и секогаш му викам прво он да проба да видам каква реакција ќе имам јас.
Отворен брак во превод значи: - Срце, гадна си ми веќе, имаш стрии, дебела си, не ми се крева веќе на тебе со години, али ај да не поминуваме низ сите тие драми со разводи, па ќе глумиме дека сме си во брак...
Кога бев помлада, опција беше и да се зачува полодот. Сега, не сакам повеќе деца, без разлика како сум зачнала. Ако забремени некоја од него, таа ќе треба да одлучи што ќе прави со плодот. Ние секако ќе ја поддржиме.