Јас тотално го поддржувам ова. Не би можела да бидам во отворен брак или врска затоа што ептен сум емоционална.
Отворен брак постои таму каде нема љубов и привлечност. Немој да ве фарбаат. Јас не би дозволил никој да ја чепне женска ми. Кршам прсти...
Е тука дојдовме до вистинското прашање... кој прв ќе се осмели да понуди ваков брак? Тука би ја прашал Вајлд, ти му понуди на мажот ти или тој тебе? Инаку, општо да се изјаснам, чудни ми се ваквите бракови, повеќе ги сфаќам сфингерите кои во исто време си ги разменуваат партнерите (ако зборуваме за сексуални преференци, фетиши...)
Сето ова ми се гледа пречудно и неприфатливо. Да го задржи плодот? Па ако бирам маж за да бидам во брак со него и да имаме деца, сакам децата да бидат како него, не како некој ојле дојле кој по пат ме сретнал па сме имале секс(ова нема да ми се случи никогаш, хипотетички зборувам). Какви се тие будали што чуваат туѓи деца? Имаат ли вишок пари, нерви, вишок време, резервен живот? Ризик од полови болести? Ако се гледаш со туѓ маж, зарем не е тоа блуд, раструраш семејство, зарем не се плашиш од бумеранг?Друга работа, каков пример им се дава на децата? Тоа дека родителите, свекор, свекрва не знаат, како бе не знаат? Цел град ако ве знае, тие зарем не чуле? Јас имав тетка која беше слободоумна како Вајлд, и додкеа имаше маж, се гледаше со други. Секое одење на гости носеше различно чиче со неа, па почнаа роднините да не и отвораат врата, оти „таа си има маж, тој ни е зет, и нема потреба д аја примаме со некакви љубовници да доаѓаат“. Родителите цел век во странство, ја влечкаа со нив, ама пуста простоќа со основно, ни во странство не се снајде, ни школо и се учеше, па фризерка ќе станува, и на крај ништо. И купија дом, да не седи под кирии, и даваат пари и ден денес. Кожа им одра. Освен собирање армија мажи околу себе, се старци, кој од кој, друго не научи во животот. Мажот се пропи, се разведе од неа, оболе психички и денес е во психијатриска болница. Синот се дрогира. Ќерката се омажи, пари има, спокој нема, ако ѕуцне и велат „не си поарна од мајка си, крушата под круша паѓа, иста ќе бидеш“. Цела фамилија пропадната. Моите отишле да работат во една куќа, нели си работат луѓево за пари. И газдата почнал да збори намерно, демек не знае „абе таа и таа, маме и ебам курветина, да може и пет да и стават, малку ќе и бидат. Со двајца мажи се снимала, од што и е душата, племе и ебам“. Моиве дремеле, што да кажат. На татко ми му е прва братучетка. И човекот знае дека сме роднини, само се прави дека не знае.
Колку глупсти се изначитав во постов. Каква врска има тоа со отворен брак??? Ваљда @WildMk не е шлакосана ако е во отворрн брак па да ги носи партнерите на гости. Извини ама споредбава е тиња.
Toa ти е пример дека отворен брак растура цело семејство. Не е озборување. Се срами целата фамилија од неа, и сите ја избегнуваат.
Ова е искрено поразлично од отворениот брак... она си има други проблеми па ги вади низ тоа шо иде со секој. Здрав отворен брак не функционира така, шо знам..
Ама сега ти оваа ситуација што ја сподели нема никаква допирна точка со отворен брак, тетка ти била неверна жена дури и јавно го правела неверството, а отворен брак е кога и двајцата партнери се согласни да имаат секс надвор од бракот, и притоа го прават тоа тајно, мислам на секого слободна воља е дали и колку па и со кого ќе сподели за својата интима. Ако некој одлучи ќе кажува на сите дека е во отворен брак, некој ќе си го држат тоа само помеѓу себе.
Тоа не е отворен брак. Очигледно мажот не се согласувал со одлуката на сопругата... па дури и се оболел чоекот. Класично неверство е. Ги носам, како не Прво одиме на ручек кај свекрва ми, после одиме во хотел.
Да, примерот не ми е за отворен брак, туку за обид за отворен брак на кој мажот не се сложил и се оболел. Добро Вајлд, мене ме чуди за дискреција, како не ви е страв дека некаде ќе ви се појави експлицитно видео, фотки итн? Колку што сфатив мажот ти е наставник? Што ако некоја со која имал секс го објави некаде на нет? Имаше директори и професорки на кои тоа им се случи и имаа реперкусии.
Не е наставник мажот ми. И не се снимаме и сликаме додека имаме секс. Ако некој снимал/сликал па и објавил, ќе го тужиме.
Не сум оф Топик белким ,абре ти наведе пример за класичен ороспилук , сопругата неверна во случајов тетка ти .Отворен брак е друга тема , двајцата партнери се на чисто и јасно дека може да имаат други за секс. Иначе ,лично повеќе не одобрувам класично неверство,едниот да треба да простува или трпи во бракот а другиот да оди со други ,е тоа е веќе лош брак
@WildMk ама има еден куп мажи кои снимиле жени, без тие да знаат. Друго, дури го тужиш, а тоа значи фрлање пари по адвокати, и губење време, и едно објавување на нет во рок од 20 секунди, и потоа тргање на клипот, може да значи дека илјадници потоа ќе го имаат видеото во телефони. Такви работи брзо се шират. Во Македонија за убиство лежат по година, две, за клипот колку ќе го казнат? Условна? Му е гајле. Тој што се секса со туѓи жени, не дека има страв и морал и чест. Ќе му падне чинот.