Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Што е класичен ороспилук?
     
    Последна измена: 7 јануари 2022
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Интересно е како наоѓате оправдување за ваквиот начин на живот и го одобрувате, а истовремено никој не сака да го практикува. Кога одобруваш и даваш поддршка за нешто, значи истото потенцијално сакаш и да го пробаш, а можеби си оневозможен од ред етички и морални причини или едноставно си целосно отворен кон разни искушенија и прилики. Штом се коси со сопствените интереси и имаш соодветна причина за истото, не ми е воопшто логично да оправдуваш. Зошто не го практикувате ако го одобрувате?
     
    На SuperGirl24, Izaabella, Traveler91 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Одобрувам и филери и тетоважи па немам интерес да се боцкам со филери или да ставам тетоважа.
    Таму на некои луѓе им е убаво да прават корекции, зошто јас да не одобрувам?
     
    На Stressed Out, Осе, Avery и 10 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Одобрувањето оди за себе. Кога нештото не го одобруваш за себе, не може да кажеш дека го одобруваш за друг. Во случајот одобруваш тетоважи и филери затоа што во некој период од животот си посакала или ќе посакаш да ги имаш, но си спречена, како што кажав од одредени морални, етички или други фактори за тебе разбирливи.
     
    На Traveler91, baby-star, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Кај нас и по ова и по многу коментари овде се гледа колку сме врзани и зависни за заедницата, повеќе се водиме во животот од моментот "што ќе помисли некој за нас" т.е "што ќе кажат комшиите" отколку да се работи на запознавање на самите себе, што сакаме ние од животот. Многу е едноставно, луѓето никогаш не биле исклучиво моногамни, повеќе е идејата наметната од конзервативни авторитети кои и самите не го почитувале истото.
    Разликата од западот и кај нас сепак е огромна и по фактот дека сме пресиромашни и во џеб и во стремење кон цивилизација, што попрво би се истуриле на некој близок или би ги решавале проблемите со насилство, затоа што е многу страшно и ептен табу да се дискутира за секс и сите аспекти на сексуалноста на една индивидуа.


    Постојат кондоми, и може почесто да се практикува нивно користење, не се стегајте.
     
    На Sucubus, WildMk, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Јас не се согласувам со тоа дека Западот вака, Западот така. Сите се правдаат некако и се повикуваат на Западот, мислиш таму којзнае што прават луѓето. Не мислам дека на запад се понеморални од нас, и обратно мислам дека е, кај нас има повеќе неморал. Кај нив луѓето се ладни, затворени, комуникација нула со роднини и пријатели. Тоест тоа не се пријатели, тоа се само познаници. Таму се оди на тоа да живеат заедно и имаат деца, без граѓански брак, ама па тоа не е отворен брак. Комуницирам со странци од Европа, така да така живеат, како цимери, живеат заедно, делат трошоци пола на пола, само децата се заеднички. Ладен свет, не те перципира, не па секс да има со тебе. 2-3 пати во годината му доаѓаат дома некој што не е член на тоа семејство и тоа е тоа.
     
    На Traveler91 и baby-star им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Класична предрасуда е ова, најчесто доаѓа од нашата дијаспора што не успева да се асимилира во странство.
    Тоа што не ти идат ненајавени гости кога ќе им текне на кафе е култура и почит. Само кај нас може комшивка да ти преседне цел ден на гости без осет за туѓа приватност, тоа не е другарство сигурно.

    Друга типична предрасуда кај нас е ако жената иде со други не само што веднаш е ороспија, осудувана од околината туку и мора да е казнета со отстранување и изолација од општеството, што никогаш нема да го слушнете за маж кој е промискуитетен.

    Да, на Запад ладни се, замисли, ќе те почитуваат како човек и личност без да ти влезат во кревет :).

    Околу снимките, може секој да те снима дури и венчан сопруг, зар треба никогаш да немаме секс? Ако ви е страв од ова инсистирајте на секс во темница или добро затемнета просторија :nod:.
     
    На SuperGirl24, Stressed Out, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Јас не зборувам за нашите што отишле во дијаспората. Тие не се странци. Само Италијанците ми се народ кој делумно има сличности со нашиот, ведри, расположени за комуникација, но со далеку поголем степен на култура и општествена одговорност од нас. Инаку, другите се ладни. Животот најчесто е куча посо. Живеат во некој свој затворен свет. Така е со децении, не е од вчера. Од тие што јас сум ги запознала, и сум престојувала таму, не сум запознала промискуитет. А тоа што фаќаат еден дечко, па со вториот или третиот се решаваат да живеат заедно, и да имаат деца, без формално пред законот да бидат во брак, не ги прави промискуитетни и понеморални од нашите овде. Еднаш ми покажуваа фотки од маскенбал кој го прават за Прочка. Ми велат „ова беше дечкото на сестра ми“. И ми објаснија дека тоа било сериозно, и го носела дома. Девојкава на студии, не е малолетник, и ми потенцираат дека било сериозно, па затоа и таква блискост. Кај нас има деца кои на 14 години носат дечковци дома, имаат секс, излегуваат до доцна, пијат алкохол, пушат итн. По 10 часа работа или 8 ефективни, не им е до журкање, сакаат да бидат одморени и утре да фунционираат како луѓе. Повеќе практикуваат да одат на пикник или да спортуваат за викенд, да прават нешто корисно. Муабетите дека тоа е Запад, па таму луѓето се нешто преопуштени, па скапуваат од сексање кој со кого ќе стигне, и од швалерисување, мене ми се покажало дека не е така.
     
    На Traveler91, cresa-jagoda, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Поентата ми е дека се послободни и понезависни во секој аспект од животот наспроти нас во секој случај. Ако е тоа критериум да ги нарекуваме ладни, нека е :)
    , но според мене не е негативна карактеристика сигурно. Сексот и сексуалните преференци не се табу тема, се почитува личноста без наметнување епитети, кога си поотворен и знаеш што сакаш, слободен си и да му се отвориш на партнерот и да знаеш дека можеш да се договориш и разбереш како човек без да те осуди, дури и тој да нема исти желби како твоите. Тоа е почит а не да чекаш шамар затоа што нема да му се допадне ако слушне дека сакаш нешто повеќе од сексуалниот живот освен мисионерска поза. И сигурно не се мешаат и роднини, и пријатели, свекори и свекрви, затоа што на снаата ѝ се присакало нешто незамисливо во нивните глави.. Сак'н :D

    А примери од еден-двајца кои ги познаваме не е воопшто релевантно. И тоа што никој не ги осудува за ништо не значи дека секој ден се со различни партнери, едноставно секој си тера како сака и е слободен во тоа без да се плаши Стојна што ќе каже, а и да каже не им е гајле. Суштината е во перспективата на нештата.
     
    На Осе и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Типичен пример за неморал,ако така може да се дефинира
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    [​IMG]
    Леле види ја се еб*ла, спремете ги камењата.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 7 јануари 2022
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Го варала мажот ,тоа е тоа . На тоа мислев
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Немање секс носи фрустрации, тоа е тоа :lol:
     
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Негде прочитав “здрав отворен брак”-ова е тежок оксиморон. Инаку, многу го идеализирате Западот, ама мноооогу. :rofl: Сакајте се луѓе, каков отворен брак, или има љубов или не, другото е мачење, милијарди луѓе сме на планетава, секој ќе си најде соодветен за себе ако не губи време на “модерни” срања.
     
    На Traveler91, Осе, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Отворен брак не исклучува љубов.

    *И нема врска со 'модерно', туку со лични потреби.
    Не знам некој што има секс од 'мода'.
    Можеби ти знаеш?
     
    На Ljubova и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Тоа сакав да кажам, има позитивни страни. Таа индивидуалност и независност е добра. Македончето ако цел ден пие кафе, пуши цигари, живее во заедница, нема абер да се фати нешто да работи, а менува партнери како чорапи најлесно му е да каже „абе таму на Запад не ти се замараат“(а нема отидено подалеку од Скопје и Охрид во животот). Аха демек ако те озборуваат за неморал аха не чини тоа и така не е на Запад. Моето искуство не го темелам на 2-3 личности, туку многу повеќе странци, не нашинци. Не може да те озборува човек кој со тебе е на едно „здраво“ и нема желба повеќе да те запознае. Имаа многу попродуктивен и здрав живот, и подобро воспитуваат деца. Овде многу жени се нечии љубовници за кафе, сок, ручек во ресторан, парфем итн(не зборувам за отворен брак, општо ова), а таму само болниот не работи, и како нејзе која има изградено животни навики, стил, воспитување, некој сељак ќе ја „купи“ со една пијачка, ќе ја слика гола, и после ќе и се заканува. Сите кои ги имало во црна хроника, а биле уценувани, се од љубвници, не е од сопрузи. Сте прочитале некаде наслов „Сопругот ја уценувал сопругата да му даде 5.000 евра за да не и објави фотографии“? Не. Љубовници, бивши дечковци уценуваат жени со закани дека ќе им објават видеа и фотографии. И да не ги види жената, може има веќе експлицитни материјали по телефони.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ако имаш отворен брак, не значи дека 'менуваш партнери како чорапи'
    21 година сме заедно, со 4ца сум имала секс.
     
    На Ljubova, t.a.m. и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Многумина, сексот, како и сѐ друго има свој тренд (начинот на кој се практикува). Медиумите го диктираат трендот.

    Знаеш дека ХПВ се пренесува без кондом, а и редица други болести? Љубов е тоа на партнерот да му донесеш болести? На партнерот со кој одгледуваш дете? Намерно ваков пример, ќе ги тргнеме на страна емоциите и сексот (макар што едно без друго е чудно, ама ајде).
     
    На baby-star, mssuniquee, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Дали читаше за примерот ?Уште да беше напишано спиела со кој ќе најде
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Аха, значи швалерисување позади грб е ороспилук и неморал а швалерисување со знаење и дозвола, не е. Оокеј.
     
    На SuperGirl24, cresa-jagoda, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.