Сигурно. Во Римското царство кога во високите кругови практикувале оргии во 'друштво' со партнерите, ќерќите и синовите, од медумите им текнало. Нема врска бе. Ништо ново не е отворениот брак, ниту изневерувањето, ниту било кое друго сексуално однесување.
А ако се случувало во минатото значи ок е? Знаеш дека и жените ги тепале многу повеќе во минатото, да го прифатиме тоа и сега, природно е изгледа.
Јас би да прифатиме се' она што не повредува некого. Шо ти е гајле како некој живее, ако не ти штети тебе, или на околината?
Значи, заслужила изолација од околината? Важно ја осудиле, а знаете дека постојат болести кои манифестираат зголемен сексуален нагон? Ама одела со други, нека умре, шо
Д Не туку особата била со многу ,ги мењала ко чорап .Па и блуд е неморал тука мислам секс пред брак .За другото имам став никаде не одобрувам брак отворен.Го имам кажано дека не сум за.
Може гледајќи ги своите родители ќе има потешкотија да се поврзе со некој емоционално, нема да има доверба во партнерот, ќе мисли дека не е доволно добра за некој да може да биде само со неа и сл.
Го повредила сопругот Аман .Тоа во ред е?А маж и да си седи и трпи ,така?Сите се болни според тебе што вараат,така?
Јас си верувам во религија ,а твојот став е твое право и личен избор.И да,може не е наша работа но се коси со моралните вредности,сепак.
Кога веќе спомнуваш за христијанство... Во кој сегмент, во христијанството се проповеда за отворен брак?
Јас не проповедам христијанство овде, за разлика од некои "верници" овде. Иако и во христијанството се проповеда да се почитуваат и прифаќаат различностите. Кога некои ќе сфатат дека има луѓе кои живеат различно од нив, и не е нивна работа, дека сексот е биолошка потреба и се практикува кој како си преферира, а не друг како ќе му каже, може и земјава ќе биде подобро место за живеење.