Леле, ај направете ред во хаосот, па дане се чудиме на отворени и затворени бракови. Барем да знаеме дека отворен треба да биде и да не се мислиме за понатака. Пошто сме деца и ништо не ни е јасно. Таман работа јас да те санкциониран, не дај боже. Твој проблем е тоа. А бе ич не се стегајте, еве и на форум имате заинтересирани, само малку појака промоција мавнете.
Некако потајно се провлекува идејата дека тие у затворени бракови и врски се увек несреќни, a тие у отворени увек среќни. Зашто нели, подобро у отворена него како овие затворениве со катанци шо се вараат. Затоа шо средина нема. Ама сето ова зад маската на - кој како сака. Тие у затворени се греота, слепи, лаици....океј сфативме.
Ќе пробам по сензитивно да доловам што пишуваш. Значи младите, поради притисок од околината, иако не сакаат, мораат да се омажат и нормално, тоа не е во ред, ама во ред е да се омажат, за да ги задоволат туѓите интереси, за да после имаат сексуални односи со други. Малку ми е смешно, да немаш свое јас кога станува збор за една голема животна улога која за себе се коси со сопствените интереси и дозволуваш да потпаѓаш под туѓи влијанија, ама и те како имаш свое јас кога доаѓа до етичко изневерување. Значи проблемот е всушност до стапување во брак, а не неговата идеологија. А решението е толку едноставно. Посвети се на кариера, немај деца, не се мажи, не се жени. Ако си толку либерален кон самата идеја за отворен брак, каде е твојата либералност за кажување на ,,НЕ" на наметнат брак?!
Не ми е проблем, среќна бев со изборот. Сега имам поинакви приоритети во животот, сакам да пронајдам некој кој вистински ќе го сакам и ме сака. Па, може и јас ќе се скрасам еден ден од каде знаеш?
Не се разбираме, но, во ред е, немам потреба да објаснувам. Секој со своето. Само прави го она што во животот ти служи и те прави среќна. Ако е тоа бракот, ок. Биди поздравена.
Отворени бракови се подобра опција од изневерување. Ама пошто не изневеруваат сите, не се подобра опција за сите.
Сеедно. Повторно не ги сметам тие во отворен брак како луѓе кои направиле некој си зрел чекор или полиберални или дека се по дифолт посреќни или дека знаат што сакаат.
Отворен брак, не значи по дифолт дека ќе сте посреќни. Искреноста и непрекината, здрава комуникација е битна.
Ретко кој од изневерените ќе сака отворен брак. Тој што решил и сака да е моногамен, таков и ќе остане. Така да, развод е подобра опција од изневерување.
Отворен брак со партнер кој не претпочита моногамност. Односно, кажи си дали си за моногамија или полигамија, пред да стапиш во брак, за да не очекуваш од партнерот да биде она што не е.
Па повеќето секако дека се свесни дека ќе го изгубат партнерот ако го предложат тоа. Да не зборуваме за фактот дека многу не ни биле со партнерот ако и тој/таа изневерува, односно сакаат партнер кој ќе биде само со нив иако тоа не важи за нив. Арно е сѐ ова што го кажуваш ама во пракса и не е така баш сѐ розово.
Свесно да лажиш и повредуваш некого за кого тврдиш дека го сакаш и почитуваш, според мене е лицемерно, безобразно и злобно.
Зошто имате толкава потреба вака да убедувате луѓе чии животни замисли не се поклопуваат со конвенционалната „нормала“ дека тоа им е фаза, ќе се премислат, променат и слично? И за раѓање деца и за (класичен) брак секогаш е истото, а сосема некоректно би било обратното.
Ми беше пошто има некои и од глупости се повредени. И јас може да сум повредена оти он погледнал некоја на улица у секунда ама не значи дека сум у право. Или пак друга крајност - он да ми забранува триста работи ама јас да тврдам дека е тоа океј зашто сметам дека е нормално и не ме повредува.