Ако си финансиски независен, тогаш што ќе ти се бенифиции како здравствено осигурување преку партнерот, наследување на пензија, имот, итн? Ако некој ова сам може да го оствари, што ќе му е од партнер? А, и онака ако живеете вонбрачно некои од правава се добиваат. На крај ќе излезе поради притисок од фамилиите, роднините. Типично македонски, "што ќе речат комшиите ако живееме вонбрачно"
Па тогаш зошто се потпишувате во матично ако тоа е од корист? Парче хартија секако не менува ништо во една врска, ниту пак потписот е гаранција за доживотна љубов. Ако тој бил таков, не значи дека сите се исти. Има и луѓе што смениле повеќе партнери, ама се одговорни, чесни, верни, вредни и амбициозни, си сакаат семејство. Само ете, не им се погодил партнерот, па не остануваат по секоја цена со него/неа и покрај тоа што не им оди. И си бараат и понатаму, си ја пробуваат среќата. Си сакаат прав човек покрај себе. Само тукашниов менталитет е таков, за сите знаат сѐ и им го берат гајлето, ама сопственото ѓубре тешко си го гледаат. @GrimTheReaper кликнување не значи компатибилност само во кревет. Не мора да легнеш со секој со кој ќе излезеш, факт. Едноставно, излегуваш со некој, се дружите, си одговарате еден со друг, на сите полиња се сложувате, не мора ни да имате секс со месеци, едноставно запознавајте се. И сериозно прашуваш колку имал пред тебе? Го испрашуваш за сите сексуални искуства? Не можам да сфатам зошто, сериозно. Ако сакал сам да ми каже, ми кажал, јас не сум прашувала, ниту ме засегало. Не го ценам човекот според бројот на сексуални партнери, оти и да имал само една партнерка пред мене, ако не е човек, не вреди воопшто. Барем мене ми се побитни други работи кај мојот партнер отколку тоа со колку жени легнал пред мене, тоа секако е веќе минато. Ваше право си е да имате критериуми при изборот, ама не ги потценувајте луѓето што не ги исполнуваат.
Јас би го откачила макар и најдобар на свет да е, пред он да ме откачи зашто не е доволно изнаживеан, истата причина нели поради која ги откачувал претходните. Зашто секако таа врска нема да опстане долго, а веќе кога ќе дознаам, сама ќе заминам место да сум на штрек кога ќе му здосадам како претходните 20. Една не се погодила, втората ај, третата ај и таа. Ама више понатака не е до нив, до него е и јасно ми е дека немам иднина со таков.
Настрана лошата статистиката како завршуваат отворените бракови. Тажна приказна е отворениот брак. Цимерски однос меѓу партнерите,само заради бенефитите на формалниот брак,финансии и комодитет. Нема никаква среќа. Таа се бара надвор ,а тоа и не е среќа туку задоволување на психолошки празнини на човек чии потреби не биле задоволени.Сличен образец имаат и луѓе кои често менувале партнери.
Нема врска тоа. Ама не вреди да ви објаснувам, оти нема никогаш да ме сфатите. Неизживеаноста не е причина да раскинеш сериозна врска секогаш. Според вашиве критериуми, еден куп мажи и жени ќе беа самци. За среќа, има и такви кои гледаат напред, а не само во минатото.
Не мора да ме слуша некој мене. Ама за мене тој е критериумот. А тоа минато може до некаде да каже каква личност е. Пример ако дознаам дека некоја од бившите била изневерена, го откачувам. Или ако ја удрил, манипулирал и слично. Знам, менување партнери не е исто со насилство ама кажува некои работи за него кои влијаат на врската. Лично ако 5 (од ракав бројкава) партнери за врска не ми се погодат, ќе прифатам дека не сум саглам особа за врска и нема други да повредувам.
Шо стори предрасуди. Како знаеш дали е некој среќен, или не? Дај да видам некоја студија, исповед од луѓе кои се во отворен брак. Сигурно не се сите среќни, ама не се ни сите несреќни. Исто како и во 'затворен' брак. Мислам... дури и глупо е да се објаснуваш со некој дали е среќен, или не. Скроз субјективна состојба е. Не можиш да бидиш сведок за нешто што се случува во нечиј ум. Не му си во умот на никој.
За мојата одлука не влијаеше менталитет. Дали тој ќе се променеше? Знaев дека не. Еве го и ден денес, не да е исти, бетер е. Јас резервен живот немам, а и доволно бев згрозена од неговите „јаки“ искуства, прибирал се и сешто во кревет, така да, не благодарам, канта во која секој фрлал смет, јас нема да ја чистам. Емотивно отапело, изгубило осет за реалност, станало себично, мисли дека животот се состои само од секс, итн. Што ќе ми е?
Но не можеш ни да го игнорираш минатото,бидејќи често е показател. Ист образец се повторува,а многу често и избор на партнер со исти црти на личноста. @WildMk Можеби навистина не е точна статистиката дека само 8% од отворените бракови остануваат заедно. Но можеби и е вистина дека отворениот брак е само маска на нефункционален брак кој се одржува на стаклени нозе. Не знам, еве кажете вие што сте во отворен брак,дали сте посреќни во моментите кога бракот ви е отворен?
Се слагам со @Cosmi, а не се слагам со @Annath; затоа што чесен човек не е некој кој се мува со туѓи девојки, или ако е брак, чесен не е тој што се гледа со туѓи мажи, жени. Друго, не гледале сите во минатото. Ако не гледал промискуитетот, зошто ми призна како индиректно се распрашувал за мене и моето минато и сакал да знае каков багаж имам јас и што човек сум? Требало пред да праша, да се замисли за себеси. Најголемо достигнување со кое ми се пофали му беше тоа дека имал секс со девојка која патем е девојка на неговиот школски другар, а девојката дно. Па има ли почит кон другарот? Не. Епа ако не, клоца е малку за таквите. Друго, девојката имаше 16-17 години, а тој 25 години. Донекаде е спорно да имаш секс со малолетник. Кои вредности ќе ми ги донесе тој во животот? Се начна и темата за независност. На форумот 80% не се ни делумно независни, а за целосно независни не знаат ни што е дефиницијата, што тоа во пракса значи, не се. Кога реков дека е доцна после 40 години за прво вработување, под избришаа со мене, и толку е од таа нивна „независност“. Кога ме нарекоа „деловна жена“, ми дојде како комплемент, ама јас тоа не сум, од бизнис немам поим. Инаку, има многу бракови кои станале „отворени“ поради оладеност на партнерите и плус немање на пари. Па така, мажот нема проблем, ако женава си најде некој спонзор, кој ќе се дружи со неа, и патем таа како јадна и сирота ќе му побара пари на заем, со нив ќе си плати сметка или ќе покрие некој друг трошок по дома. Така порано правеа многу жени. Тоа беше дозволено неверство со цел да се излезе од криза, да се преживее.
Ако дојдам до тој степен ( со некој си иден сопруг ако го имам) подобро ќе го оставам него. Тоа не е дозволено неверство туку изигрување на макро, го продаваш телото на жена ти за личен интерес. Тоа немање пари ( после години заедно) значи дека не се еден за друг. Треба да се цели на партнер со кој заедно ќе создадете се што посакувате и со заеднички пари, и разумно да ги решавате ситуациите, а не жената да бара спонзор, за тој да си ги лади тестисите низ дома. Мислам ова прв пат читам дека постои такво нешто.
Не сум ја видела таа бројка. Ама можно е, не велам не. Не е за секој отворен брак. Ако не те возбудува, ќе те фрустрира.
Се сложувам апсолутно. Има, како нема, само се прават на тошо. Ама не и наоѓа тој, туку таа сама ќе процени кој е овца за стрижење, кој има пари, и може да го манипулира. Нормално никој нема тоа јавно да го каже. И тоа ти покажува колку сме како нација дно и колку сме „независни“. ПС Имам разведен роднина, и многу често му пишуваат омажени жена, кои бараат 2.000, 3.000 денари демек на заем, а не го ни знаат, не се ни виделе, на ФБ бараат пари од непознати мажи. Кој не видел жена ќе наседне.
Кого тоа прашуваш? Овде на темава освен една членка не видов друга да се изјасни дека е во отворен брак? Ја читам темава некое време, се обидувам да сум опен мајнд ама стварно тешко ми оди. Која е поентата да криеш од семејството, пријателите дека си во отворен брак? Поарно оди некаде нека никој не те дознае ни жена/маж, нели без емоции како што било својствено во отворен брак. Значи во отворен брак само партнерот знае дека имаш секс со други, а во затворен брак сите знаат освен партнерот А што со децата, како овој отворен брак влијае врз нив?
Кој рече дека никој не знае? Од моите и од неговите кријам. Затоа што ќе умрат од срцев удар. Тука млади не разбирате дека има секакви стилови на живот, не па на луѓе на 70 години да им кажеш такво нешто.