1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување на бубрезите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од foreverMATH, 6 ноември 2016.

  1. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво! Мајка ми во последно време почна да се жали на пена во мокраќата. Знам дека тоа значи има протеини но не видов нешто опасно. Беше во лаб. и испитаа крв и се покажа дека е анемична, па затоа зема сируп со железо. Но почнав да ја гледам многу уморна, и се спие, ладно и е, исцрпена е, бледа. Кога станува ја боли кичмата и нозете, се задишува. Ги игнорира сите овие знаци ама тоа за пената...Земаше некои чаеви и антибиотик и неколку дена и беше чиста урината, но потоа повторно се појави. Го пебарав цел нет и според тоа што прочитав има Chronic Kidney Disease (CKD), откажување на бубрезите. Се извадив од памет со фактот дека е нешто болна! Има ли некој искуство или инфо за ова? Нешто сериозно ли е или само обична инфекција као што вели она?
     
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    @foreverMATH наместо да ја само-дијагностицираш жената со помош на д-р гугл зашто не ја одведеш на уролог, или на уште некој преглед?
    Како е со уреа и креатинин?
     
    На Freyja, fairy88, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    @foreverMATH не верувај многу во гугл, тој може да пренесе лажни информации. Најдобро е мајка ти да ја водиш на лекар тој најдобро ќе ви каже дали има нешто лошо или не.
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  4. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Па беше на проверка, велат дека се било ок, само што е анемична и и препорачаа да оди на интернист ама таа не сака. Дури разговараше со нефролог но тој не рече ништо посебно за бубрезите. И кажа да оди на интернист. Најверојатно не е нешто загриживачко.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.828
    Пол:
    Женски
    Sto znaci anemicna?Kolku i e krvta?Opaga naglo ili postepeno.
     
  6. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    @joy1 еритроцити 3,o. хемоглобин 86, a железо 1.6. Не и е опаднато нaгло, таа отсекогаш има слаба крв (лекарска грешка кога била дете) Сега пие чај од коприви и сируп, па мислам дека колку толку се подобрува
     
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Мед и семе од коприва, одма ќе се среди анемијата. Пената обично е протеинурија, но може и да се работи за пребрзо исфрлање на урината т.е силен млаз на урина при мокрење, обично кај жените со тек на време се намалува способноста за задршка на урината. За да дознае за што точно се работи, нека си испита урина. Другите симптоми, сите до еден, се од анемијата. Еве ме и мене иста со години веќе. Без грижи, нека си земе во меѓувреме и увин чај. И не верувај во се што ќе прочиташ на интернет.
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Мед и семе од коприва нема ништо да и помогнат, туку минимално ќе и ги ублажат тегобите. Инфузии, инекции и редовна терапија со апчиња за железо само може да и помогнат, затоа што таа има хронична анемија. Не е заебанција ниското железо. Треба месеци за да се крене до некое нормално ниво. Инаку, со такво железо и хемоглобин нормално дека ќе има малаксаност, замор, низок притисок, тахикардија, недостаток на апетит, затоа што железото е круцијален елемент за спроведување на кислородот. Проблемот е што треба стручните лица да откријат каде и се губи железото, а некаде се губи сигурно. Дали чирот или желудникот. Треба да оди на гастроскопија. Да и откажуваа бубрезите таа ќе виеше од болови.
     
    На bijonse и foreverMATH им се допаѓа ова.
  9. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    кога спомнав чаеви мислев на увин чај, навистина и помогна
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Одличен е за секакви проблеми со уринарниот систем, за бубрези, за бешика, за настинки, за инфекции... Сепак, обавезно на лекар, за да не нагаѓате што е. А тоа за анемијата, медот со семе од коприва, претходниот пат за 2-3 недели ми го качи железото од 2 на 25, ме спаси од лежење во болница.
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Од искуство кажувам, многу помага, и јас мака мачам со хроничната анемија уште од дете. Со лекови се труев долго време додека не решив да пробам со медот и копривата, бев скептик, ама за 2-3 недели ме среди и ми го качи железото на 25 од само 2, до болница стигнав. Само што јас не го конзумирам редовно, па секогаш наново си имам проблем. Нема лек за хроничната анемија, ама многу е подобро да се издржуваш со природен лек, отколку со апчиња, барем според мене. Ништо нема да ја чини да проба, не штети, а може да помогне многу.

    Редактирам: Си го прочитав коментаров и звучам ко реклама од Топ Шоп. :DАма се надевам ќе и помогне на женичката.
     
    На SV1911, iloveyou29 и foreverMATH им се допаѓа ова.
  12. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Кога била дете докторот и препишувал големи дози на бефиникол и ја водлеле на рентгенско снимање неколку пати без посебна причина. Таа вели од тогаш и е.
     
  13. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не се залажувај мајка ти можеби нема некој страшен проблем..Ти ако му веруваш на гугл сврше работа.И мисли како да и биди подобро на мајка ти грижи се за неа, а не да и бараш болести.Зашто ако ги бараш сигурно ќе дојдат ;)
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.828
    Пол:
    Женски
    A sedimentacija imate li provereno?
     
  15. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    @joy1 Ne mi kazuva mnogu raboti, mislam deka ne. Rece se bilo vo red ama jas se zagriziv za toa sto i se pojavuva
     
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... се жали на пена на урина , а испитува крв? а урина не дала на испитување? ... :?:
    [​IMG]
    ...протеинурија е пенлива урина , но не мора да значи ...:shake:
    доколку пена се појавила на урина додека се уринира , а потоа веднаш се губи тоа е од , како да речам механичка причина , односно од брзина на исфрлување на урина и удирање во тоалетна веце шоља, често пати поради некое дехидрирање на телото ( дијареа , повраќања или едноставно непиење на доволно вода во текот на денот ) или има случаеви да средства за дезинфекција на тоалетната шоља кога ,,удира ,, на нив урина настанува хемиска реакција и урината се запенува ...:beer:
    [​IMG]
    а тоа ти што укажуваш за протеини во урина како последен стадиум на оштетување на бубрег односно предијализна ситуација највероватно сте дале урина како узорак за лабораториско испитување каде има параметар ,,протеини ,, негативни или позитивни , а не така ти панично да препоставуваш , па после највероватно и се направени параметрите креатинин и уреа кои укажува на функцијата ( работата на бубрезите ) односно ако има некое оштетување ...:!:
    [​IMG]
    доколку не и се направени такви лабораториски анализи на урина,може сами да си испитате во домашни услови со купување на тест - Уро Тест има со 3 или со 10 параметри ...^_^
    [​IMG]
    ете 4 по ред е протеинот и само се споредува бојата со лентата што е потопена со урината ...
    прашање ? зашто е дадено антибиотик? кога симптомите што ги укажуваш се баш последица од анемијата !!?? или нешто не објаснуваш добро или нешто не е добро земена анамнеза т.е линкот доктор и пациент :(
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Абе ако бараме на Гугл симптоми ќе ни излезе дека веќе сме умрени. Во ред е тоа што си се загрижила и сакаш да помогнеш. Само да се направат потребните тестови и тие што ќе покажат тоа е. Следете ги препораките на докторите и се ќе биде во ред. :) Без паники само! :!:
     
  18. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    @bijonse Па не кажа се, ама вели дека е само обична инфекција и може со антибиотик да и помине. Не знам. Единствено немаше пена (или сосема малце) кога кога пиеше увин чај. Дали тоа кажува дека се работи за инфекција? Благодарам инаку.
    Ме насмеа...
     
  19. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... па да ! ако зборуваме за бактериска инфекција антибиотикот би помогнал за остранување на истите , но ако не се знае од што настанала пак ќе се повтори , увиниот чај се користи не повеќе од една недела после тоа повеќе ќе има штетно дејство отколку корисно , има правило кога се пие овој чај не смее да се конзумира газирани напитоци , лимон и др.аргуми или брусница или ВИТ Ц како таблети оти има врска со алкалноста на урината да би делувало увин чај како треба , а тие ја прават кисела и затоа по правило пред пиење на увин чај се пие малку сода бикарбона да се малку неутрализира таа киселина во интерес на алканоста :nod:
    [​IMG]
    и би ти препорачала наместо класично приготвување на увин чај , да се користи увин чај ИНСТАНТ т.е. во гранули ем побрзо се приготвува ем само се раствора со вода , ем некако повкусно од класичниот :talk:
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  20. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    @bijonse Фала богу, да не се плашам дека е нешто сериозно, зашто сепак немаше неколку дена кога пиеше. Фала за советите.