1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од пушење со апчиња на природна база - Табекс

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од 5star, 29 јуни 2011.

  1. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    Ме интересира дали некој некогаш ги пробал овие или слични апчиња кои помагаат при откажување од цигари и дали имаат ефект? Фала
     
  2. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Имам пациенти кои ги купуваат таблетиве, се враќаат по нив, значи ги пијат а сепак пушат. Можеби намален е бројот на цигари дневно , но сепак продолжиле да пушат.
    Најбитно нешто за оставање на цигарите е волјата и цврст став кон тоа дека ќе ги оставеш цигарите. Друго ништо нема да ти помогне па колку и да се труеш со таблети, спрејови и цигари на база на тревки.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Децо,слабо таблетиве а?!
    Дајте некоја друга алтернатива ако некој ја има.
    Немојте воља или не знам што,зошто се работи за стар пасиониран пушач и е невозможно такво нешто,а се мора ради здравје,ама со збор не може да се објасни,да фатам и ќотек да удрам најарно,ама срамота е постар чоек да тепаш макар и од љубов.
    А баш една женичка ми кажуваше за овие скоро,дека ги пиела цел месец по шема и после еден месец запалила цигара за да види како ќе реагира,вели така и изгорела без да добие желба да ја испуши.Мислам стара е женава не ќе лаже (ваљда).
    Колку чинат дали знаете?!
     
  4. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    Da, okolu 1000den denari se, mislam 1100 :)
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    а каде можат да се купат овие апчиња Табекс, и ако има некој друг искуство нека пишува бидејки имам голема желба да ги оставам цигарите :(
     
  6. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    абе што ви е бе луѓе ?
    кај што се труете со катран не ви е доста па и со апчиња сакате . едно е јасно само волја , силна желба треба друго ништо . што уште нема да се измисли за да се заработи се чудам веќе а и со вас се чудам што верувате на се и сешто. пушењето е навика и се е до мозокот
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересираат овие апчиња , се работи за пушач кој пуши 30 и кусур години , па само силна воља е тешко :worried: Ефикасни ли се ?
    А и друг совет ( освен силна воља :D ) за откажување е добродојден :)
     
  8. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Тој шо кажува дека е до волја САМО - не бил пушач, т.е не сфаќа дека физичката зависност вистина постои. Вистина е потешка психичката зависност од цигарите, ама и физичката - тоа што организмот ти ги бара отровите на кои е навикнат (или замена за истите) постои и ќе постои. Вистина е и дека многу луѓе ги откажале без никаква поддршка од апчиња, фластери или слични никотински (или замена на никотински чуда), ама прашајте ги таквите колку кила сончоглед изеле и колку време мислеле на цигара дури дремеле незаспани в кревет и спиеле по 2 сати пред да одат на работа. Значи не е исто. И доколку постои начин да си помогни чоек во одвикнувањето - оти да не?
    Не е тоа труење, веќе си отрујан ако си пушач. Јас моментално сум согласна и да се навлечам цел живот никотински фластери да користам, само да не внесувам катран и јаглерод моноксид со цигарите.

    Никотинските фластери вистина помагаат, само треба да најдеш човек од странство да ти ги донеси, оти кај нас немало легален увоз. Пробав јас со фластери - за една недела имав (Nicotinell) и после ко снемав полека полека почнав пак да пушам. Сега порачав за цел месец доза, па ќе видиме. Се почнува со поголема доза па постепено се намалува.

    Вчера ми дадоа и Табекс, ги имало кај нас, 1900 паковка се, јас имам лента (за 2-3 дена). Првово апче врска нема, цел ден се изнапушив и ништо не ми е. Ама во упатството пишува дека дури на 5от ден треба да прекиниш да пушиш, не знам зошто. Исто читав и по бугарски форуми (пошто бугарски се апчињава и кај нив се околу 30 лева, значи напола цена од кај нас), многу луѓе се фалат од апчињава, а имаат и совет пишано дека треба до 5от ден да пушиш. Малку чудно, ама ваљда си имаат пресметано. Апчињава содржат Cytisine шо е уствари токсичен алкалоид, али јебига, потоксично од цел живот по 2 кутии цигари на ден - нема. Така да ќе видиме шо ќе се случи сега. Ќе ги пијам една доза, па ќе пишам шо бива.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Интересен е начинот на кој што се тешат луѓето, дека обични таблетки ќе им помогнат во борбата против откажување од навика стекната пред дваесет и кусур години. Дур фармацевстката индисутрија се пуни со пари, вие живеете во лажна надеж дека нешто ќе се промени. Ако барате рецепт за откажување, консултирајте се со вашата психа, таму ќе ја најдете универзалната солуција.
     
    На Aleksandar1212 и Marossa им се допаѓа ова.